1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Објаснување на детето за смртен случај

Дискусија во 'Дете' започната од black-angel, 16 февруари 2012.

  1. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден имав смртен случај,е сега родителите се чудеа како да му објаснат на 14 годишно дете дека дедото е починат, тоа било блиско со него ќе западнело во депресија.Воедно му кажаа , ама го наклукаа со диазепами да се смири.

    Вие како родители како би постапиле?

    Како би ја објасниле оваа природна појава?

    Постои ли побезболен начин на соопштување?
     
  2. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Јас ќе раскажам како јас на моие 11години бев припремена за вакво нешто од страна на моите родители.

    Јас бев на роденден кај моја другарка кога вечерта ми се јави татко ми да ми каже дека починала прабабами, со која бев многу многу блиска(во таа куќа израснав, дење ноќе, сум била таму и до неа).
    Нормално бев замислена, потресена, на сред роденде, односно кога дознав се повлеков, всушност мислам дека незнаев како да реагирам, но брзо ми се чини дека се вратив пак со децата.
    По роденденот отидов кај баба ми да спијам, а утре дента ме земаа моите, и ме однесоа на погреб.
    Во тој период имавме многу новородени бебиња во домот, многу свадби, само убави работи се случуваа.
    Јас за цело време, уште додека бевме дома, па се до крајот на погребот плачев, на самиот погреб еден од роднините сакаше да ме однесе дома(да не гледам), на тоа татко ми кажа, “треба да знае дека како што има свадби, раѓања, така има и умирање, да го сфати процесот на животот“. Незнам можеби изгледа малку сурови, себично .. но НЕ , јас сум среќна што тој ме научи на таков начин и ми покажа дека сите се раѓаме-живееме-умираме.

    А во врска со соопштувањето, па тоа ми го кажа многу ладно и само ми кажа не се секирај, знаеш беше болна сега е добра....
    Додека за баба ми која премногу ја сакам, кога почина мајка ми прво ми даде апчиња , а потоа ми кажа. Нормална беше реакцијата, ми беше криво, плачев но се поминува...

    ЈАс сметам дека не е важен начинот на кој ќе му се соопшти на детето колку што е важно да се научи детето дека сите сме тука до одреден период. Треба детето да сфати од мало дека еден ден сите ќе умреме. Тоа е нешто што треба да му се објасни додека е мало. А не децата секоја недела се носат во игротеки, се веселат, а никој не ги носи на гробишта да им објасне што е тоа...
     
    На eloves, Monna.Monna, A-j-a и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека секој родител си го познава своето дете и индивидуално знае како да постапи во одреден момент со него, тоа е дел и од самото воспитување на детето, ако го учите за животот и неговите вредности и за љубовта кон луѓето, ќе има соодветна подготовка за реакција во вакви моменти од животот. Не може никој овде да каже така и така треба да му кажеш, секое дете е различно и различно реагира, ама кај децата мислам дека побргу поминува, бидејќи животот им е исполнет со безгрижни мигови, дружење, радување, учење.
    На детето треба да му се објасни само со зборови, никако труење со таблети од типот на диазепам, лексилиум и сл. како само се осмелуваат таков јак лек да му дадат на дете, се надевам дека black-angel погреши во пишувањето и дека не се работи за наклукување со диазепам, во спротивно ќе си речам-кај отиде веков :o
     
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Постои. Но, тoa e процес, а не ситуација. Од мали нозе, на детето треба да му се укаже на разликата меѓу животот и смртта и му се даде до знаење дека во животот секогаш ќе треба да биде подготвен/a и за такви мигови. Барем според мене. Затоа што ако гледаме така, никогаш не е добро време, или се мали, или се во пубертет...нема трето...
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Кога ја видов темата помислив дека станува збор за дете ама стварно дете од некаде 6,7 години, а на 14 години па и веќе не си дете туку тинејџер и незнам зошто би било проблем да му се објасни дека дедо му починал кога веруваме дека за жал многу од неговите другари или соученици одамна се биле во ваква ситуација.
    Јас имав само 4 години кога почина едниот дедо и јас со него бев многу приврзана и фино лепо моите ми кажаа дедоти почина, не е повеќе меѓу нас и ми кажаа да не се плашам, без такви глупости тој е сега ангел на небото и такви работи.
    Другиот дедо ми почина кога бев второ одделение и исто така дирекно ми кажаа и ме одведоа да го видам за последен пат, бев и на погреб. Дедо ми многу често одеше за Турција и на почетокот не ми се верување дека не е меѓу нас туку си мислев дека е на пат и после со тек на време се навикнав.
    Нема поболен и помалку болен начин на соопштување туку има само одложување на болката и кога ќе биде кажано на помалку болен т.е. заобиколен и нецелосен начин и тоа боли!
    Никој не останува вечно со нас, на децата уште од мали мора да им се објасни дека на овој свет доаѓаме и си одиме без да знаеме кога и како.
     
  6. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски


    Слободно кажи кај отиде веков,и јас би сакала да грешам ама не е така,токму со дијазепами го клукаат
     
  7. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Кога јас бев 6 години еден од моите дедовци си помина. Ми кажаа да влезам во собата и да му запалам свеќичка. Не плачев тој ден. Знаев веќе што е смрт, ама прв пат во животот видов мртовец, и чудно ми беше дека тоа е дедо што лежи таму ама ко да не е дедо ми. Шок. Ама сум благодарна што ме носиле да го видам за последен пат.

    Но сепак, имам малку резервираност за носењето на многу мали деца(под десет години) додека всушност го погребуваат човекот. Од тој чин кај нас во Македонија, со виењето и лелекањето на еден куп возрасни жени, од тоа и денес како возрасна жена се потресувам кога видам, а не да станува збор за дете да го види сето тоа на рани годинки. Да се прости со баба или дедо да, ама таму кај дупката - никако не би одвела мало дете.

    За тие родители што даваат дијазепам на своите деца за да не плачат по дедо или баба, не знам стварно како да ги наречам. Си ги троват децата! :x
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Според мене на детето некаде кај 5 годишна возраст треба постепено да му се објасни дека како што постои раѓање постои и умирање. Е сега кога веќе ќе има некоја ваква ситуација сметам дека е многу важно тоа да му се соопшти на мирен начин(па колку и да е тешко) со што и му покажуваме дека е нешто што е нормално и се разбира нема да му направиме шок. Сите оние соопштувања со лелекање и кукање и со придружни вокали од вечно уплакани вдовици не !!! Што се однесува до носење деца (до 12-13години) по погреби мислам дека е непотребно,особено што кај нас ги оставаат ковчезите отворени (чест на исклучоци) и плус таму владее една траорна и морничава атмосфера , за која на детето ќе му треба долго време да ја заборави.Детето може да се однесе друг ден ,ете да запали свеќа и тоа кога нема многу луѓе затоа што нема потреба да слуша се и сешто.
    едит малку сме се поклопиле со Имелда :)
     
    На kikikikirika и Annath им се допаѓа ова.
  9. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Ќе кажам една случка што ми се случи мене.Имав околу 5-6 годинки ако не и 7.Почина мојот прв братучед,кој ми беше како брат во исти двор живеевме.Тој беше најголемиот јас најмалата ептен си го сакав секогаш ме штитеше и секогаш велеше дека јас најубаво му мирисам.Кога едно утро дојде дедо ми и кога им соопшти на мама и мојата прва братучедка(неговата сестра) тие сосема шизнаа и ко луди почнаа да викаат да се дерат да плачат да трчаат низ куќата.Сосема ги разбирам и јас не би се воздржала,но кога се соопштуват ваквите вести да се внимава,јас до ден денес имам трауми и кога ќе се сетам знам неколку дена по ред секоја вечер да плачам.Одтогаш поминаа 7 години ,но сеуште ми фали ;(
    И најмака ми е тоа што воопшто не ме однесоа во болницата додека беше жив да го видам,да не сум се потресувала и сеуште ми е жал а тој постојано ме барал... ;( ;( ;(
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  10. marmalat4ence

    marmalat4ence Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Имав 6 и пол годинки кога за прв пат во својот живот видов мртовец, а тоа беше мојата баба со која израстнав, која беше секој ден од мојот живот. Ненадејно почина, непосредно пред да оди во болинца добиле два срцеви удари. Јас, спиев и се разбудив од гласовите на моите роднини. ПОгледнав од прозорецот и ги гледам сите собрани, се шетаат низ дворот. Не знаев што се случува, го прашувам брат ми . . . но и тој незнае. Не се сеќавам што се случуваше, само знам дека се качив горе во станот каде што живееше. Памтам дека ја погледнав како мирно лежи на креветот, небаре спие. Ја погледнав мајка ми и со поглед сфатив дека таа починала. Сите плачеа, беше веќе јасно. Не требаше никој да ми каже, јас самата тоа го согледав иако бев само дете.

    Мислам дека на 11 години е доволно зрело детето да се соочи и да сфати дека тоа е природна и нормална работа, без при тоа да се труе со лекови како што е дијазепамот ! Сите сфаќаме дека болна е загубата на некој наш близок човек, а камоли едно дете. Но со добар разговор сето тоа може постепено да го прифати.
     
  11. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    145
    На 14 годишно дете го наклукаа со дијазепам??? Извини ама тоа воопшто не е во ред!! Уште тоа му фали да се навикнува после и за секоја малце стресна ситуација да трча по апчиња... Не е мало, соодветно возрасно објаснување многу подобро би ја решило ситуацијата. Никој не е вечен и тоа треба да го научи секое дете уште од мали нозе. Нема безболен или побезболен начин, каков и да е боли и поубаво човек да го оставиш да се изнаплаче да му олесни него ли да не знае каде е од разни лекови... И кога ќе се освести што? Пак ќе го поминува тоа што веќе би го поминал кога би му кажале... Позз
     
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.404
    Јас имав 13 години кога почина дедо ми, кој многу го сакав. Беше болен неколку месеци, па се очекуваше неговата смрт, сите беа подготвени.
    Моите не ми кажаа. Организираа погреб и се, а јас сфатив по потечените очи на мајка ми. И ден денес не знам зошто не ми кажаа, затоа што бев сосема подготвена. На гробишта прв пат бев на 40 дена, веројатно не сакаа да ме носат.

    Кога се работи за некој што не живее во иста куќа, е малку полесно. Не мора датето да се носи на погреб, јас во никој не би ги нослеа, ама никако. Не мора ни веднаш да се соопшти, додека уште на родителите им е свежо, може да се почека неколку дена.

    Е кога некој живее во истата куќа е веќе покомплицирано, особено ако возрасните изреагираат премногу емотивно.

    Моите деца знаат дека луѓето умираат. Имаме изгубено блиски личности, и сум им кажала дека веќе не се живи. Малиот дури и премногу прашува за смртта, сега во таква фаза е, и скоро секој ден за тоа зборуваме.

    Инаку и јас сум против лекови, особено не за смирување, ама дијазепам и не е толку страшна работа, особено ако се дава во помали дози (2мг). Всушност, се дава на деца кога имаат температура над 39.
     
  13. guitar

    guitar Нов член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    18
    Јас минатото лето во јули со мои 14 години наполнети 14 дена пред случката не знам како успеав да издржам, јас знаев се за смртта бидејки и претходно мајка ми многу ни има зборувано за тоа, дедо многу беше болен и тоа беше мојата прва загуба на блиска личност која ја знам и со која живеам во иста куќа. За мене беше многу тешко ама дедо од карцином беше болен. Моногу ми беше тешко бидејки се очекуваше тоа, дедо месец дена не јадеше воопшто но одеше до псоледен миг, си чистеше во двор за што тато многу се нервираше и на сите ни беше шок иако се очекуваше, на тато првин му кажаа дека може д аживее дури 3-4 години бидејки имаше многу јак организам верувале или не дедо еднаш во животот немаше испиено ни таблетка за глава, без претерување, многу беше здрав се си јадеше си работеше, одсекогаш беше со нас... Мојот брат имаше тогаш 11 години ама тој знаеше се. Бевме спремни.. Откако дедо 20 дена пред смртта беше само на течности иако одеше и беше надвор моите знаеа што не очекува а на тато докторот му кажа дека друи од 4 години 4 дена му останале.. Тато западна во депресија но се држеше поради нас, баба ми викаше вие да се чувате ние сме стари нема да се нервирате и да плачете, тато викаше тоа е природен процес, дедо ке заспика и толку, тетка ми ме седна , бидејки и таа беше тука постојано, и рече Замсили ако сите луѓе живеат, ако никој не умира би ни било од толку страшни стари и изнемоштени лица на улица да излеземе, тоа беше пресудно да сфатам дека навистина смртта ке се случи и кај нас зашто знаев се за тоа но секогаш кога ке помислев дек аи од кај анс некој ке умре верував дек ана мене никогаш нема да ми се деси ни на моите најблсики.. и моите почна да пеглаат да се спремаат. Многу беше тешко за мене зашто дедо постојано офкаше и не спиев, остојано се слушаше, стана изнемоштен јас како ПРЕМНОГУ емотивна личност плачев ппостојано, и еден ден му се слоша го одведоа во Скопје и докторот рече водете го, може тука да почине па ке бидат долги процедурите, побрзо може и на пат да почине тој не сакал душичката да појде додека не го излечеле и им рекол така, и кога дојде дома никому недаде да го држи се кажи сам по скалите и како легна така си заспа и јас и мама бевме надвор додје тета и рече ГОТОВО. Сите беа прибрани, тетин ми силно ме гушна јас се прибирав некако но солзите ме надвладуваа и сами ми течеа.. Утредента на погребот само на инсерти се сеќавам, како дасум спиела и само на инсерти како филм од минатото.. Знаев дека нема да издржам да го видам дедо така, ке паднам во несвес, и на брат ми не му дадовме иако можеше тој јас не му дадов, тој беше најсмирен а не знам како му кажале стварно.. Веројатно слушнал тој беше дома.. И така утредента да појдеме да купиме цвеќе со братучед ми јас го видов дедо бидејки скалите ни се високи а тој беше ниско во соба , ковчегот отворен бееш, дедо си беше ист ама јас не го гледав така и само се свртев не можам на сликата убаво да се сетам, ама ми се слоша и бргу истрчав.. НЕ знам што се случувало.. Ама не ми даваа апчиња и такви ствари.. Братучед ти има права возраст да сфати дека никој не е вечен и сите еден денке отидеме таму не знаејќи кога и зошто, тука сме гости- СИТЕ!
    Прв пат кога отидов на гробишта беше утредента воедно и саботнина. Ми беше тешко но еве успеав. Верувам дека и тој има машко срце и ке успее да го преброди ова, нема потреба од лекови.
    И ден денес кога одиме на гробишта тато вели дедо спика, вашиот дедичко, и ние не се плашиме, и сме среќни што воопшто го запознавме и имавме дедо како нашиот тој беше прекрасна личност која ме подржуваше во се. А сега од вашите коментари уште повеке ај успокоив душичката, мислев прерано го загубив но еве имало и дечиња кои биле по 4-5 годинки..
    Таков е животот. Доаѓаме и си одиме, процес кој создава болка но во исто време и среќа бидејки еден ден на тоа место доаѓаат нови мали човечиња и како што викаше дедо ми СЕ РАЃАМЕ МАЛИ, РАСТЕМЕ И СЕ СМАЛУВАМЕ ЕДЕН ДЕН КЕ СЕ СТОПИМЕ ИСТО КАКО МАРГАРИНЧЕ. Ах колку ми фали тоа човече.. ;( ;( ;(
     
    На eloves, CrazyStupidLove и bal0n43 им се допаѓа ова.
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.138
    Допаѓања:
    88.595
    Пол:
    Женски
    Искрено дете на 14 години веќе треба да знае дека природен процес е умирањето.
    Баш кога ја прочитав темава, ја прашав мајка ми како ни објаснила дека татко ми е умрен. Со оглед на тоа дека ние сме биле и премногу мали, нели логички е како сме растеле да сме се интересирале зошто го нема. Ми рече- не прашувавте, едноставно сфативте дека го нема, дека е умрен. Разговаравме за смртта, ме прашувавте зошто баш тој, но сфативте дека тоа се случува.
    Помнам еднаш кога ја прашав зошто умираат луѓето, ми рече- Треба да се раѓаат нови деца, а ако старите не умираат ќе нема место за сите. Потоа ја прашав зошто тогаш умираат и млади. Одговорот беше- На старите треба некој и горе да им помага. А и Господ не сака само стари покрај себе.

    Родителите треба да разговараат со децата уште кога се мали, да им објаснат дека умирањето е природен процес, боли кога ќе умре оној што го сакаш и ти е тешко. Но, секојдневно се случува. Дете на 14 години треба тоа да го сфаќа.
     
    На kikikikirika, Unfaithful18, AIT и 7 други им се допаѓа ова.
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    се секавам кога умре баба ми на мајка ми мајка мала бев-точно колку години не се секавам
    мајка ми само ми кажа дека баба ја нема, умре и толку. Никогаш до сега немало носење по гробови ниту мене ниту на брат ми, кај ниту еден баба, дедо или кој и да е тој/таа што починала тоа е и те како стрес и шок за едно дете - имав прилика да запознаам момче што присуствувало на закопот на својот татко(бил во пубертет) и имав можност да видам како тоа влијаело врз неговиот живот(бил или станал психички настабилна личност) навистина жалосно
     
  16. Macufkata

    Macufkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    83
    според мене не е во ред дијазапам да се дава на деца би требало со убаво и со најпрости зборови да се објасни смрта.
    И јас како ден се сеќавам на смрта на мојот дедо со кој живеевме во иста куќа и нонстоп бевме заедно
    тој боледуваше од срце, а спротивно умре од мозочен удар :(
    многу си го сакав и ден и денес ми недостига понекогаш кога ке си легнам ми текнува на неговиот глас.

    Дедичко почивај во мир
    Те сакам најмногу и многу ми фалиш ;(
     
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.906
    Допаѓања:
    103.069
    Пол:
    Женски
    Не е убаво да се клукаат децата со апчиња. Па и тоа не е толку мало дете за да не свати што е смрт.
    Јас имав 12 години кога почина дедо ми и мајка ми ни кажа и ние со брат ми плачевме јас бев премногу приврзана со дедо ми ,но едноставно сватив стар беше и болен и еден ден мораше да се случи ова.
    Треба да се објасни на детето , на било каков начин , а не да се труе со апчиња!
     
  18. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    3.291
    Пол:
    Женски
    Имав само 6 години кога го изгубив мојот дедо кој што го сакав најмногу, бидејќи е од страна на мајка ми јас цело време спиев кај него, постојано спиев со него. Мн ми фали, и ден денеска кога и да ми текне на него, кога и да видам некој дедо на улица јас плачам, плачам зошто го изгубив него. Понекогаш и не можам да му простам затоа што не отиде порано на доктор, од понеделник ќе идам и тој во неделата почина.

    Иначе знам дека ми кажа баба ми (од кај татко ми) и ми рекоа не кажувај на мајка ти ние ќе и кажеме зошто бевме на гости и требаше да идеме дома и дома да и кажеме, прво влегување дома "мамо, мамо дедо починал". Не плачев, не ме однесоа на погреб, само запалив свеќа и ден денеска ми е таа слика како лежи во ковчегот а и мислам дека и од таму најмногу му ја памтам физономијата.

    Не ми е јасно како може децата уште така мали да ги трујат со така тешки лекови, мислам дека уште од мали треба да се научат дека тоа е природна работа, така налага природата.
     
  19. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    :x :headbang:

    И јас бев 15 години кога почина мајка ми и бидејќи присуствував на погребот тоа ме прави психички нестабилна личност, или внуците и син ми што ги носиме на гробот на баба им ќе пораснат да бидат психички нестабилни личности ?????

    И за појаснување сите ние што сме останале без родител имаме како и сите други двајца родители, едниот е жив, другиот на жалост е починат.

    Инаку се сложувам со сите останати дека дете на 14 години треба да знае за смртта, не е нормално да се клука со лекови на таа возраст.
     
    На Tomcia, A-j-a, maca99 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.450
    Допаѓања:
    34.384
    Пол:
    Женски
    Останав без еден родител без Татко. ПоЧина во мое присуство . Кога сите не беа дома , јас сама.
    Како и да е не бев многу мала ама сепак ... Трезвено ги поминав најтешките Часови . Не се напив никако апЧе за смирување или било што друго

    како и да е
    Мислам дека на 14 годишно дете ( тинејџер) ке свати сепак . не е многу мал
    А за лекови сум против :!: