1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Објаснување на детето за смртен случај

Дискусија во 'Дете' започната од black-angel, 16 февруари 2012.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Смртта е составен дел од животот,смртта е силен момент кој е добра поука,болна поука. Не треба да се лишува ни најмалото дете од таа вистина,особено кога почнува да разбира. Тензијата која настанува во домот потоа не е незабележана.
    Ако јас се прашувам,нема потреба од седативи за затапување на емоциите моментално. Загубата мора да се одболува,да се надмине, да се соочи. Моменталниот шок е тежок,но мора да се надживее,секако дека седативот нема да го лиши од патење или пак траума потоа,кога ќе помине неговото дејство. Дури и возрасни во такви моменти треба силно да застанат и да го надминат моментот, да ја рационализираат ситуацијата, да ја сфатат загубата, да ја почувствуваат болката, да ја канализираат соодветно. Не е ладно,не е бесчувствително,туку напротив. Бегање од реалноста,не е соодветна во тој момент.
    Нема да зборувам премногу за такви лични настани,ќе издвојам еден. Се случуваа и кога бев мала,имав и поболни работи кои ме обележаа доживотно и се дел од мене. Поболно од смртта нема,но моментот кој ќе го донесе и го носи,веќе ја прифаќаш конечноста, имаше моменти на тивко умирање и запрашување,исчекување и борби кои беа приказни сами за себе и неумолливо ме погодуваа.
    Нејсе,првата сериозно голема загуба ја доживеав прилично порасната. Впрочем...јас ја примив веста,па им олеснав на моите. Имаме исти гласови со мајка ми по телефон,па ете...Можеби ќе сметаа дека нема да можам да поднесам (а и не можев,кој пак може,но сум човек кој тивко пати). Самото тоа дека е се ситни часови,од тој телефонски број веќе беше јасно. Моментот на соочување со безживотното тело беше големо исчекување на моите дома и татко ми ме придржуваше кога влегов,но не сакав да се однесува така со мене,па се измолкнав,дури и дрско му реков,ај те молам пушти ме,освен ладни дланки,друг знак на значително вознемирување на покажав,ниту дозволив,заради нив,но веќе во нареден момент се претвори во долго тагување кое ден-денес ми остави огромна празнина. Можеби бев и единствена од цело поблиско семејство кое солидно се држеше,можеби затоа што најмногу го познавав и знаев кои ни се договорите. Има други поболни работи кои претходеа,ова беше само врвот кој морам да признаам дека беше успокојување,зошто претерано многу беше болна неговата болка и плач за сето тоа долго време,неопсиливо тешко.Се работеше за личност од која добивав безрезервна љубов и разбирање,ги добивав најдобрите совети, ги имам најубавите спомени, најмилозливи прекари, најубави зборови, несовршено избрани,сурови и вистинити, со благост потоа. Се плашам да го спомнам гласно...
    Да заокружам. Не ги лишувајте децата од вистината,ниту пак да се служите со седативи. Научете ги дека животот задава удари,но не значи дека не е убав,научете ги дека боли,но не секогаш. Оставете да одболуваат,не ги плашете со сериозноста на смртта (да,навистина е,но ... научете ги да не се плашат од истата,само да внимаваат и да се чуваат,да се сакаат. Човек што не се плаши од смртта живее квалитетно,не е на памет кажано.). Поголемиот дел од децата во прв момент не се шокираат,ако убаво им се објасни,особено ако се малечки за да го доживеат комплексно. Некои се повлекуваат, некои бурно реагираат,но одложување или седатив,нема да го промени крајот. Мислам дека потешкиот момент е кога родителите поминуваат низ периодот на болка. Децата се несреќни кога нивните блиски се несреќни. Потешко го прифаќаат и се соочуваат некои возрасни,отколку малите деца. Само треба соодветно да се објасни,во зависност од карактерот на детето. Оние потпораснатите кои повеќе разбираат секако дека потешко ќе прифатат...
    Работите никогаш не се полесни,но сигурно се значително потешки кога се работи за родител,значајна фигура...Но ниту тогаш не треба да се бега. Нека се плаче,нека се крши ако треба,другиот родител мора да е столбот кој тогаш ќе мора да ја стави својата болна на второ место и да му даде предност на детето.Во крајна инстанца,психолог е добредојден...
    На никого да не ми се случи вакво нешто,но ... живот...поинаку има ли?! Ако има,бирам за сите ако може!
     
    На sesilija, Mishela, A-j-a и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    И јас бев во пубертет кога почина татко ми, имав 16 години, а сестра ми 14. Бевме во чувствителни години, уште деца што се вели, присуствувавме и на погребот, и дома бевме цело време покрај него додека тој лежеше во ковчегот, видовме и кога го ставаа в земја и се’ и секогаш одиме на неговиот гроб и дали тоа нас, а и сите останати кои за жал ја имаат оваа судбина не’ прави психички нестабилни личности? Дали ние што сме присуствувале на погреби сме ненормални? Навистина е стрес и шок, но тоа не значи дека личноста станува психички нестабилна.
    Не знам ти што мислеше кога го напиша ова, но за нас е навреда.

    Инаку, јас мислам дека децата уште од мали треба да се запознаат со животниот процес и да знаат дека и смртта е составен дел на тоа, исто како и убавите работи. Ако се мали треба да им се објасни тоа на соодветен начин и да знаат дека тоа кога-тогаш се случува и да не се плашат, а и поголеми да се пак треба да им се соопшти смирено, зашто тие потешко прифаќаат, иако и сами сфаќаат дека смртта е неизбежна. Во секој случај, треба да соочат со реалноста, дали мали/големи, деца или возрасни и да ја прифатат и секој на свој начин да помине низ тој процес на прифаќање, жалење/тажење, справување и надминување на болката.
    За давање апчиња на деца, па и на возрасни, сум против.
    Иако тоа се тешки мигови, особено кога починатата личност е блиска - особено родител, сопружник, баба/дедо, поблиска роднина, треба да се издржи и да се справиме со болката. Нормално, секој различно ги доживува ваквите мигови, некој е поцврст, некој поемотивен, но сепак треба да се биде силен трезвен во вакви моменти зашто кога-тогаш мораме да се соочиме со тоа.
    За мене, смртта на татко ми беше нешто најлошо што може да ни се случи. Никогаш не ни помислував дека ќе замине толку млад. Но кога се случи, веста ми ја соопшти сестра ми - помала од мене, смирено и директно. Беше тешко да се поверува, но тоа беше вистината. Се’ што ни остануваше беше да бидеме силни и поддршка една на друга, а особено на мајка ми. Сите се држевме заедно (и тогаш и сега) и ниту една од нас не зеде никакво средство за смирување, ниту пак нешто друго се случи, се’ издржавме на нозе.
     
    На hunny-bunny, bittersweet и maca99 им се допаѓа ова.
  3. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Темава ме потсети на најболниот ден кој го имам преживеано во мојов живот, денот на погребот на татко ми.
    Иако имав неполни 9 години присуствував на целиот чин, присуствував и на закопот.
    А како ми соопштија? -Никако, сама сфатив.
    Беше тоа ладно февруарско утро, брат ми и татко излегоа да завршат некои обврски. По кусо време заѕвоне телефонот, мајка ми со трчање отиде кај чичко ми кој живее до нас. Мене ме ставија во кола и ме однесоа кај блиски роднини кои живеат малку подалеку. Останав таму да преноќам, додека тие се организираат окулу погребот.
    Татко ми почина ненадејно, не очекувано па неговата смрт не фати тотално не спремни. Знаев дека луѓето умираат, знаев се, ама никогаш не помислив дека може да го изгубам зошто тој ми беше се, тој беше мојот херој а јас неговата принцеза.
    Секоја и чест на мајка ми, како успеала да издржи во тие моменти, и да не ги испие седативите и анти депресивите кои тетките и ги подметнувале во сокот и водата. Вечно сум и благодарна што не ги послушала кога и викале да ме носат на погребот, дека сум била многу мала и демек ќе ми останеле доживотни трауми.
    Очите полни солзи и ожалостениот поглед на баба ми, кај која бев ми кажуваа дека нешто лошо се случило, или на брат ми или на татко ми. Но сите се плашеа да ми соопштат, не знаеа како ќе прифатам, како ќе издржам.
    Дојде братучед ми рано сабајле, ме стави во кола, и плачеше цел пат. Јас не кажав ни збор, јасно ми беше. Кога влеговме во дворот, нозете ми се пресекоа, кога го видов крстот со неговото име, почнав да вриштам од болка. Неможев да стојам на нозе, паднав, притрчаа мајка ми и чичко ми да ме смируваат. Ги избркав, не сакав никој покрај себе, бев ужасно многу лута, на него зошто ме оставил и на Бог и на животот зошто ми го земале. Се собрав и влегов во собата каде беше ковчегот, влегов и легнав покрај него, го гушнав за последен пат, срцето ми се кинеше од болка ама молчев, само крокодилски солзи ми течеа.
    Целиот погреб не се одвоив од ковчегот, си зборував со него, го гледав во ликот, за никогаш да не го заборавам. Моментот кога го спуштаа ковчегот ми беше најтежок ама издржав.
    Барем се збогувавме.

    Во деновите потоа ми беше потешко, паднав во тешка депресија, цела недела збор не изустев, молчев и патев, тивко, без солзи и зборови.
    Најблиските сакаа да ме носат не психолог, ги плашев, незнаеа до кога ќе трае тој мој депресивен период.

    Собрав сила од пети и продолжив понатака. Веќе не бев истото дете, ама знаев дека морам да продолжам, колку и да плачам тој нема да се врати. Си ветив себе дека ќе бидам среќна, зошто тој само тоа го сакаше, дека ќе бидам умна и паметна, зошто сакаше да се гордее со мене.
    Животот продолжи, продолжив и јас да живеам со една голема рана, која вечно ќе боли.


    И токму поради ова сметам дека не треба децата да се ускратуваат од дознавањето на вакви вести. Сепак се е живот, живот кој не учи да бидеме силни и дека не е се совршено.
    Клукањето со таблети не го оправдувам, дејството некогаш ќе помине, и повторно човек сакал или не мора да соочи очи в очи со суровата реалност. Но со последното гледање ако ништо повеќе имаме можност да се збогуваме од таа особа, колку и да боли, ако ништо повеќе барем ќе ни остане во сеќавање последното гледање, барем ќе постои спомен од таа сурова и болна страна на животот.
     
    На kikikikirika, Belgin1, Winter Lady и 28 други им се допаѓа ова.
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Најубава, плачев додека ти го читав постот.

    Имав само четири години кога почина дедо ми. Татко на татко ми, живеевме заедно, во една куќа.
    Бев многу приврзана за него. Во градинка не одев, па секој слободен миг го користев да се мушнам во собата каде што шиеше и да му крадам ментол бонбони. И секогаш кога ќе ме „фатеше на дело“ ме седнуваше до него, врз масата каде што работеше, ќе ми дадеше некое парталче и неговата мала Манде беше мирна како јагне. Никој не знаеше да ме смири, како што тој човек умееше. Бев доста хиперактивно дете, но сето тоа го оставав пред врата кога влегував во таа негова соба.
    Пред да почине беше во болница неколку дена. Сите знаеја што следи, свесни беа дека му се ближи крајот. Ме однесоа и да го видам, ме побарал. Дури е жив да ме гушне. Сум го прашала кога ќе си дојде дома, бидејќи не ми се вкусни крадените бонбони кога не е тој тука. Се расплакал... За жал, на ништо од ова не се сеќавам. Нормално, имав само четири години.
    На денот кога починал ме оставиле да ме чуваат комшиите. Ништо не знаев. Не ни прашав. Извесен период ме лажеле дека е уште во болница, а јас упорно сум прашувала кога ќе си дојде. И секогаш сум се задоволувала со За брзо. По некое време почнаа да ме носат на гробишта. Чудно ми беше да ја гледам сликата негова таму. Сум прашала, ако е веќе дедо таму долу, кога ќе излезе и ќе си дојде дома. Одговорот беше - Никогаш. Сега тој таму си живее, а ние ќе доаѓаме тука одвреме-навреме да го посетуваме. Од грижа дека во земјата ќе му биде темно, секогаш прва палев свеќа.
    По неколку месеци веќе сфатив што всушност му се случило, сфатив што значи смртта и дека тоа е нешто нормално, нешто што не‘ чека на сите. Како сум сфатила - не знам. Битно знаев. Знам, беше септември, лупевме во дворот пиперки. Еден човек дојде да го бара дедо ми да му сошиел нешто. Сите околу мене молчеа, а јас Ама дедо не е тука. Дедо почина.
    И ден денес редовно одам на неговиот гроб. Ја бакнувам сликата, палам свеќа и седнувам на клупа. Му кажувам што се‘ ми се случило во изминатиот период. Го посетувам на датуми кои МЕНЕ ми се важни, одам и за неговиот роденден. Сето тоа за да не ми недостига.
    Собата во која работеше не е веќе иста. Остана само машината за шиење и купот Бурди, како и кутијата со конци.

    Кога денес гледам на работите, сфаќам дека моите завршиле добра работа во врска со целата ситуација. Не треба детето да се лишува од такви работи, иако не се ни малку пријатни. Уште од мало мора да се учи дека тоа е природно, а не да го клукаат со дијазепами и во тинејџерските години да не знаат да му објаснат дека некој близок му починал.

    Кога почина нашиот ни Тоше, братучеда ми имаше 3 години. Бидејќи медиумите не‘ бомбардираа со веста, неизбежно беше детето да го види тоа. И, како и секое 3-годишно дете, почна да прашува. Ете тоа е одлична прилика како да му се објаснат сите работи, а притоа да не биде стресно. И‘ кажавме дека луѓе умираат секој ден затоа што Господ така одлучил и затоа што сметал дека тоа е правилно. И‘ кажавме дека (во случајот) Тоше е сега ангел на небото и дека сите откако ќе починат одат таму. И‘ кажавме дека иако не е тука, тој не‘ гледа од горе и се радува кога некој ја пее неговата песна (тој период малечкава многу ја сакаше Мајка на Марика думаше)...

    И уште нешто: тотално сум ПРОТИВ децата да не се носат на гробот на свој близок. Не зборувам за погреб. Ете, ако се мали како што бев јас кога дедо ми почина, нормално дека нема да го однесете. Но не гледам никаква пречка да не се носат децата подоцна, да се научат да запалат свеќа...
    Децата на комшиите, кои се отприлика на моја возраст, НЕМААТ ПОЈМА каде се наоѓаат вечните живеалишта на нивните дедовци. Зошто никогаш не ги однесле и ден-денес не ми е јасно. Па еден ден сите ќе станеме возрасни, ќе треба да се соочуваме со смрт на родител, свекор, свекрва, брачен партнер.... Како тогаш ќе знаеме да се справиме со ситуацијата, ако не не‘ научат од мали?!
     
    На Monna.Monna, kate-the-great, A-j-a и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Смртта е една од најболните работи, но сепак мораме преку се да поминеме, и се да искусиме. Дете од 14 годишна возраст сигурно веќе знае што е смрт и би требало да му се соопшти, без никакво давање на лекови и такви работи. Можеби ќе боли премногу кога ќе се соочиш со тоа, но само без лекови ќе можеш да оминеш низ сето тоа, и на крај да излезиш силен и со јасна претстава за тоа дека боле, многу дела боле, но дека ти секогаш треба да останеш силен за да бидиш со тие шо останале на овој свет.
    Мене многу ми е жал шо во една таква ситуација, вечерта пред погребот без да знам ми дале апциња. Верувајте ми, од кога сум ги испила па се до утре дента додека да си дојдам дома од погребот не памтам баш шо се дешавало. Имам како дупка. И не е убаво да се даваат таблето, пошо да, можеби ја намалуваа болката тогаш, ама од кога ке им мине дејството, врувајте болката останува и расте многу повеќе. Јас бев многу лута кога ми помина дејството и кога сфатив дека не се ни секавам дали се збогував со мојот најдобар другар, а толку многу сакав. Можеби и сум го направила тоа, не памтам. А за носење на погреби, потполно се сложувам дека не треба децата да се оставаат кај блиски роднини и пријатели, и да не се носат на погребите на своите најблиски, затоа шо само така ќе се соочат со тоа дека смртта е дел од животниот процес, а верувајте колку порано го сфатат и сознаат тоа, толку подобро
     
  6. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    И мене Најубава ме расплаче рано насабајле....јас не бев мала кога го изгубив ,бев 22,меѓутоа ме потсети на сликата кога го видов како спие,насмеан,кога го гушнав и бакнав.....За последен пат

    Не претерувајте,еден дизапам не е ништо да се даде на 14г дете,сигурно не го наклукале со 10 диазепами.И јас не сум за да се лаже па да му се каже вистината подоцна .Колку и да е големо,мало треба да му се објасни.Ako се работи за постар член дедо,баба или подалечен роднина,може да му се каже но не мора да се однесе на погребот.А за родител сум.Зошто тоа е последното збогување со него.Јас не да бев наклукана,на саат време инекции,и сеуште се сеќавам на моменти ,не на се,стоев до дупката и ги пружав рацете накај него,се влечев надолу за да се врати....кога почнаа да ја фрлат земјата не издржавме со сестра ми,таа се онесвести ,јас паднав.......Да,викавме плачевме,молевме може како што го опиша АИТ плачот на вдовиците,се надевам ова не е во иронична смисла инаку ќе помислам дека нешто не е во ред со тебе!
    Иако сум била поголема ми беше прва смрт во животот и тоа на мојот херој.Навистина ми падна тешко и не можам повеќе да пишувам,само да додадам дека родителот треба да си најде начин како најбезболно да му ја соопшти веста
     
    На MSkorpionka, bittersweet и eli25 им се допаѓа ова.
  7. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Дедо ми почина пред две години, кога братучетка ми имаше само 6 годинки. Беше многу приврзана за него заедно јадеа, спиеја, буквално тој ја израсна, и незнаеше што се случува. Гледа дома луѓе доаѓаат, свеќи се палат итн а малава збунета скроз. Никој ништо не и кажуваше, само ја лажеа дека дедо е во болница. Еден ден после 3 месеци се спремаше баба ми да оди на гробишта, а јас отидов да ја чувам и баба ми замина, останавме сами двете. Малава како да го чекаше моментот да ме праша се. Прво прашање беше дедо не е во болница нели?
    Можеби не сум јас таа што требаше да и каже ама мислам дека правилно постапив. Седнавме и почнав да и објаснувам, како дедо беше многу стар и мораше да отиде на небото за да му биде подобро. Дека дедо е сега ангел кој ја гледа секогаш од небото и каде и да оди она дедо е со нејзе. Малата само пушти солзи, ме гушна силно и ми рече знае дедо дека јас најмногу го сакав нели? И јас и кажав дека и дедо ја сакаше нејзе најмногу и сигурно знае дека и она го сака него. И објаснив дека на дедо сме му направиле споменик (гробот) и дека оди баба таму за да запали свеќа. Изрази желба да оди и она да му запали свеќа на дедо бидејќи многу го сака. Следното одење на гробишта ја земавме со нас и малце се збуни. Ја земав со мене и седнавме на една клупа, и објаснував дека тука се споменици на сите дедовци и баби кои починале и станале ангели и дека им изградиле споменици бидејќи биле многу сакани. Малата само ме гушна силно и ништо не кажа, ја сфати целата ситуација. Запали свеќа кај дедо и после се гушкавме цело време.
    Нејзините се чудеа како она го прифати се тоа и како го разбра, искрено не се способни да и објаснат, ке ја лажеа и ден денес да не дојдеше до моментот јас и малата да останеме сами.
     
    На A-j-a, eli25, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.074
    Јас ,на 23 години го изгубив,сестра ми 18.Кога ги видов роднините како влегуваат,ми стана јасно.Не знам ,се претчувствуваат тие работи....Само мислев дека е жив,дека се спасил,дека е во болница.Ги молев само тоа да ми го кажат,ако е повреден,само да е жив.Но кога само ја анведнаа главата и заплакаа се беше јасно.Јас не можев да се помирам.Мајка ми се онесвести,сестра ми почна да се гуши викнаа брза помош.Јас истрчав надвор и го зедов телефонот,му звонев и викав на цел глас дека мора да се јави,не смее да не ми се јави.....Звонев и звонев ;( Матичниот доктор,кој му беше најдобар другар,ми рече да ми удри инекција.Реков дека не сакам сакам само да го видам....Но,мајка ми плачеше и ме молеше да ми стават инекција за да го видиме,не сакав,се согласив заради нејзе.Не ми се веруваше дека е во ковчегот,се молев да е грешка,да е некој негов брат близнак за кој не знаеме дека постои,до таму отидов,не сакав да прифатам.Му напишав писмо ,го ставив во неговиот џеб.Го држев за ладните раце,и најтешко ми падна кога попт ми рече да се збогуваме за последен пат.Го бакнав...Уф претешко ми е што пишувам.......На погребот бев до крај,потешко нешто нема и не се издржува,тоа е веќе праг на најголемата болка.....Но наредните денови не можев без инекции,помислата дека го нема,тешка е и денес....Не јадев,не пиев,само плачев.....Бев на инфузии и инекции 10тина дена,потоа бев на и на психијатар......
    Дали да му се каже на мало дете-ДА! Дали ќе се напие апче немам против,ако детето е осетливо и родителот знае дека нема да издржи.Ако е многу малечко само да му се објасни,ќе сфати.Сепак,за најблизок болката е преголема кога веќе детето е поголемко,нека се напие нешто за да се смири,верувајте не се издржува,претешко е.
     
    На MSkorpionka и MacenceEna им се допаѓа ова.
  9. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Девојки жалам доколку ве растажив, но сакав само да покажам дека и мало дете од 9 години може да се соочи со таа болка.
    Дека мене ми е полесно и поспокојна сум што присуствував, тешко беше да, но никогаш немаше да и простам на мајка ми доколку ме лишеше од тоа за последен пат да го видам, допрам, гушнам. Јас бев многу блиска со татко ми, а веќе разбирав доволно за да сфатам што се случува. Да беше поинаку, и да ми кажеа подоцна ќе ми беше многу потешко, вака се соочив очи во очи со судбината и преживеав, ме направи посилна, и ме научи дека среќата и љубота треба секојдневно да се даруваат да не се штеди на нив, зошто утрешниот ден никој незнае што може да донесе.
    Навистина е голема болка, и тежок товар, но сепак тие ни остануваат на плеќи за цел живот.
     
    На Hopeful, eli25, bittersweet и 2 други им се допаѓа ова.
  10. bal0n43

    bal0n43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    81
    Го прочитав постот на најубава и понатаму не можев да читам. Со што сте се соочиле сите вие кои прерано сте изгубиле некој од родителите. Жалам...

    Првото соочување со смрт на блиска личност го имав на 9 години. Почина дедо ми, татко на мама. Беше лето, 4 часот на утро. Дедо ми беше тешко болен веќе неколку месеци и неговата смрт се очекуваше. Заѕвони телефонот, јас се разбудив и истрчав да се јавам. Тоа беше тетка ми и ми рече да го разбудам татко ми и да му го однесам телефонот. Му кажа да одат со мајка ми најбрзо што можат, затоа што дедо ги живее последните часови. Тие отидоа, мене ме оставија дома со баба ми и другиот дедо, за да не гледам што се случува таму. Беше околу 6 часот, кога татко ми се врати дома и ми ја кажа веста. Ми беше тешко затоа што сите распусти ги минував таму, со нив. Тивко заплакав само, бидејќи знаев дека дедо беше болен и многу му било тешко и се тешев со тоа дека сега му олеснало. Не сакаше да ме однесе таму, па кога ја запали колата и отиде, јас ги излажав баба ми и дедо ми дека ми рекол да отидам со такси, повикав такси и отидов. Кога ме видоа таму се запрепастија, но јас знаев дека нема да си простам ако не го видам за последен пат и не се простам од него.

    Другиот дедо и баба ми, родители на татко ми, починаа двајцата во 18 дена. Имав околу 13 години. Прво дедо ми, потоа баба ми. Ме разбудија и ми соопштија дека дедо ми починал. Слегов на долниот спрат со неверување, но за жал се соочив со болната вистина. За баба ми сонив сон дека починала и го разбудив татко ми да оди да види како е баба ми. Тој отиде и кога се врати ја разбуди мајка ми и и’ кажа дека баба ми починала. Е тоа беше шок за мене, затоа што пред две недели го загубив дедо ми нели. Почнав да мислам дека некоја лоша магија е фрлена на нас и дека како што сум ги изгубила баба ми и дедо ми ќе ги загубам мајка ми и татко ми. Не сакав да излегувам од дома, се плашев дека кога ќе излезам некој од нив ќе умре. Помина време додека моите ми објаснија и се средив.

    Баба ми, на мајка ми мајка, беше месец и пол во болница. Една вечер, кога бевме во посета беше подобра. Но, само што дојдовме дома заѕвони телефонот. Јас се јавив и ми кажаа дека се јавуваат од болницата и побараа некој возрасен. Им го дадов татко ми, но насетував дека нешто лошо е чим бараат возрасен. Кога татко ми праша Кога да дојдеме по телото, ми беше веќе јасно. Не можев да поверувам затоа што до пред малце ја гледав добра. Но ете...

    Сметам дека е најдобро да му се каже вистината на детето. Лагата може да биде многу поболна. А за апчиња, не знам. Јас сум против колкање со апчиња и би ги употребила доколку друго ништо не помага. Подобро би било кога ќе му се соопшти веста на детето, да се изнесе надвор доколку смртниот случај е дома и да му се објасни дека тоа е законот на природата, дека ништо не трае вечно.

    Болна тема..
     
  11. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Немав ни 4 години а умре баба ми со која бев многу поврзана. Памтам дека имаше еден куп луѓе што плачеа во дворот. Нас не однесоа кај другата баба. Кога се вратив дома сум прашувала каде е баба ми и памтам што ми рече татко ми ,,Кога ке остарат лугето, веке не им е убаво тука да живеат бидејки се виделе на овој свет па затоа умираат. Телата им ги закопуваме во земјата и од таму тие летат кон небото. Таму високо има друг свет во кој одат само старите луге, и многу им е убаво, има јадење пиење се што ке посакаш. Таму остануваат вечно, се срекаваат со други умрени луге и животни,,

    Бидејки имав само три години доволна ми беше приказнава, ама на некое поголемо дете сигурно нема да му е доволна. Како мала знам дека си замислував оти лугето под гробовите си се дружат. Баба ми и дедо ми дека си играат шах под земјата. Дете, што нема да ти текне.

    А за ова со Дијазепамот знам дека на ептен мали деца не даваат бидејки тие и не разбираат. Ама ако почине не дај боже родител на некое поголемо дете знам дека самите доктори му давале на детето нешто за смирување. Дали е тоа правилно или не, не знам да кажам.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Ха, чудна работа, баш размислував за ова пред некој ден.
    Кога ќе имам дете, никогаш, ама никогаш не би го лажела и не би го ублажувала настанот, едноставно, тоа е што е.

    За жал, до овој заклучок дојдов на потешкиот начин.

    Прво, кога почина баба ми од страната на татко ми, никој не ми кажа. Дека моите разведени, татко ми троа несалам, бла бла, ја знаете приказната. Бевме испаднати со мајка ми и таа застана да прочита плаката. Јас имав 10 години, и до ден денес имам глупава навика да читам се на улица, од плакати, до реклами и знаци, па ми се пресекоа ножињата кога го прочитав името на баба ми на плаката. Мајка ми ме повлече и не ми рече ништо. Ми купи едно црвено ташниче од ТОЗ, со комплет фломастери, дрвени бои и слично... Мислам дека никогаш не разбра оти јас од таму прочитав. Искрено, не знам дали да се лутам, можеби сакала да ме заштити од прерано соочување со болка и созревање (не успеала во секој случај), ама нема да и простам што за смртта на сопствената баба прочитав од проклета плаката. А татко ми, не се ни потруди да се јави, камоли да ме однесе на погреб, како да му умре најголемиот непријател а не мајка му, па ми спомна за тоа така кежуал по една година. За тоа нема да му простам, никогаш. Заслужував да отидам и да се поздравам за последен пат.

    Кога почина дедо ми минатата година, повторно од таткова страна, два дена после мојот 18ти роденден (по тоа го памтам мојот 18ти роденден, не беше луда журка, ха!), ми кажа тетка ми. Јас искрено бев во шок, се знаеше дека тоа ќе се случи, беше болен и имаше рак. Сакал да ме види, многу ме сакаше и последните зборови му биле за мене, прашал како сум и ја потсетил тета да ми го даде поклонот за матура. Не живееше во мојот град, јас полагав до самиот роденден, потоа гужвите за роденденот, сакав да го паметам 18тиот.... и ете, почина баш вечерта кога јас имав дома ,,прослава,, за роденденот. Срцето ме боли за тоа и нема јас самата себе да си простам. ;( Сакав роденден за паметење - си добив. Другата работа заради која ова беше толку болно, иако не бев дете, е што не можев да отидам на погреб и да го испратам, да се поздравам, тука цел ден го преплакав дома. Татко ми повторно почна со неговите закани, не сум смеела да одам на погреб кај него, и не сакајќи да правам проблеми на тетка ми и останатите роднини, или пак на моите дома, преседов дома цел ден и плачев.

    Затоа, кажете им на децата и дозволете им да се поздрават за последен пат. Да, ќе ги боли, да, ќе им биде тешко, ама ќе го завршат тој процес со самото одење на погреб и потоа преболот ќе биде полесен. Јас се уште не знам каде се погребани баба ми и дедо ми, им немам отидено ниеднаш, и мислам дека затоа чувствувам некоја тежина во мене. Немојте да криете мислејќи дека ништо не знаат - се знаев и се знам, само наместо да чувствувам мир дека ете, биле болни и стари, им олеснило, јас имам горчина, па дури и некоја болка во мене. Којзнае дали ќе ја снема.... самтајмс, мејби. Морам да се заангажирам околу тоа, чисто за мој мир. А верувам и нивни.
    :(
     
    На eli25, hunny-bunny и danichap им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Баш ми остави впечаток темава,па ми се врти низ глава. Си викам кој е начинот...?! Мислам дека Кралот лав (Симба) е прекрасен цртан филм кој треба секој родител да го изгледа со своето дете уште пред да се случи такво нешто во семејството и потоа да поразговараат како го разбираат,што се случува со саканите,каков е животот...
     
    На sanjaeva, Annath и Hipica им се допаѓа ова.
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    дедо ми кога почина, на мајка ми таткото, имав едвај 12 години, и знаев што е смрт.
    Tоа беше огромен удар за мене... Jас бев многу приврзана со него.
    Tака да мислам дека децата на таа возраст веќе знаат што е смрт...
     
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Кога почина баба ми, братучетка ми имаше едвај 6 години.
    Беше многу приврзана за неа, таа ја исчува, заедно живееа и дури на ист кревет спиеја.
    Дента кога беше погребот, братучетка ми ја виде баба во ковчег и почна да вика и да плаче. Обидувајќи се да ја смират, вујко ми и вујна ми и рекоа дека „баба спие“, ама таа сфати што се случува и не можеше да се соземе од плачење.
    Безболен начин некому да се каже такво нешто - нема. Единствено може да му се објасни на детето дека еден ден и тоа ќе се случи. Колку и да звучи заштитнички тој став да не му се кажува на детето или да се клука со дијазепами - проблемот нема да се реши. Еден ден мора да се соочи со смртта на некој свој близок.
     
  16. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Еве јас ќе кажам за себе

    Таткоми почина кога јас имав 17 години, и знаев уште во моментот кога заѕвони телефонот на мајками,ја видов дека плаче и ми беше јасно....Отидов во соба кај братми и само му кажав тато умрел.....ми беше тешко,не можев да плачам,само со трчање отидов до кај другарками.Кога дојдов дома имаше луѓе , ја се повлеков во друга соба со вујна ми и братучед ми.Дента на погребот многу плачев,ама кога додјов дома не.Не плачев долг период,го сватив тоа како што беше и знаев дека морам да бидам силна за мајками и братми.Не се мавав од земја,не паѓа во депресии , не пиев лекови , ништо.Си жалев во себе,си плачев во себе,никој не ни можеше да примети колку ми е тешко.

    Така беше за бабите и дедовците, сите се починати.Едноставно колку и да ми е тешко не дозволувам другите да го видат тоа.Затоа што само јас си знам во себе како ми е, и така треба да остане , само јас да знам!
     
    На Tomcia му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Кога почина мојот прв браучед јас имав 15 години, а сестра ми полнеше 12 за една недела. Јас дознав во школо, од другарки. Секако, моите не планирале да кријат од мене ама не сакале да ми кажат по телефон, па чекале да си идам дома. Ама ете, јас дознав пред тоа. Беше многу неочекувано, се стресов целата, почнав да се тресам и не можев да се соземам. Веднаш фативме такси со 2 другарки и отидов кај едната од нив дома. Кога му се јавив на татко ми, се правев дека не знам ништо. Ми беше тешко да го прашам дали е вистина. Го прашав само како е братучед ми, a тој ми одговори да си дојдам дома. Сестра ми дозна кога се врати. И двете бевме на погребот. Не влеговме да го видиме телото, не ни дадоа, (сакале да го зачуваме споменот за него како што го знаевме), ама битно бевме на погребот, цело време,. Баба ни, која дома си има сопствена аптека, ни даде по пола дијазепам пред да отидеме на погребот. Јас не сакав да го земам, ама немав ни сила да се противам, расправија со баба ми не се добива лесно. Штом стигнавме, докторките ни дадоа и шише вода и лимон. Оваа смрт лично на мене ми падна многу тешко. Некако имав чувство дека иако сестра ми беше помала, некако полесно ја поднесе загубата. Тоа само навидум беше така. Таа стануваше раздразлива, ама затоа лесно можеше да се примети кога нешто не е во ред, па моите секогаш за се разговараа со неа, и таа успеа да ја преброди кризата. Јас паѓав во депресија, се повлеков целосно, постојано мислев колку е животот неправеден, ама се доверував на погрешните личности. На другарки кои мислеа дека моите проблеми се љубовни, дека јас страдам по невозвратената љубов на некои беззначајни симпатии. Тоа траеше повеќе од една година, се додека мајка ми не најде некои шкртаници мои на една тетратка и не ме седна на разговор со неа. Ми понуди ако сакам да одиме и на психолог, ама не ми требаше ништо од тоа. Само што си излезе таа од собата јас ја запалив тетратката и некако се чувствував подобро.
    Сепак подрѓката од родителите и најважна. Лагите нема да помогнат многу. Уште потешко ќе му биде на детето кога ќе дознае дека го лажеле од дома. Ама со сигурност не треба да му се соопшти тоа на детето така наеднаш.
    Пред неколку недели баба ми ме шокираше така. ќе паднев во несвест истата секунда. Ми се јави жената на мобиле, плачеше, викаше и само ми рече да си идеме веднаш дома. Јас се стресов целата и иако имам цели 20 години, ја изгубив силата. Не можев да издржам да стигнеме до дома, срцето ми беше во петици. Дедо ми имаше правено операција малку пред тоа, и иако рутиска, за човек како него, што никогаш не бил на лекар, тоа беше огромен стрес. Јас само смислував сценарија во кола. Кога стигнавме дома дознав дека починал еден нејзин братучед. Замислете таков стрес да му приредите на малечко дете. Тоа ќе го прогонува цел живот. Два пати во животот имам пиено дијазепам. Тоа беше вториот пат.
    Најлошо од се може да влијае околината. Кога почина братучед ми, во декември, сите мои другарки не можеа да се изначудат како тоа јас не сакам да славам Нова година. Не било голема работа, не ми починал брат. Да, ама јас немам брат. На мене тој ми беше како брат. Тој ме водеше секаде со него. Со него бев на моето прво излегување надвор од градот, со него го испив моето прво кафе. Тој ми беше брат. Ама тоа другарка не може да го сфати. Истите тие се ослободија од часови под оправдување дека ќе дојдат на погреб на братучед ми само за да идат да пијат кафе во некој кафич. Истите тие не можеа да сфатат зошто некогаш и месеци подоцна, и години, на мене не ми беше секогаш до играње и до пеење. На истите тие име беше чудно зошто јас не плачев за Тоше и не си го искорнав и последното влакно за косата. Се чудеа како можам да бидат толку безчувствителна. Бесчувствителна? Замо затоа што на моја кожа сум го почувствувала истото тоа што го почувствувале најблиските на Тоше. Да изгубиш некој што навистина ти е драг, да изгубиш некој што бил дел од твојот живот. Бесчувствителна затоа што солзите си ги оставив на друг гроб... Во такви момети не ти требаат другарките, во такви моменти ти треба родител.
    Извинете за долгиот пост. Еве го ставив во спојлер за да не зафаќа толку место
     
    На sanjaeva, Hopeful и marama им се допаѓа ова.
  18. Spring17

    Spring17 Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    6
    До сега 4 членови ми имаат починато од мојата фамилија. Татко ми кога имав 4 години ненадејно инфаркт,не знаев што е конкретно,ама не знам некое чудно чувство имав на кое не ни се сеќавам,само знам дека еднп чупенце од градинка ме сретнала и ми рекла...татко ти умрел.... Не ни памтам,ама мајка ми ми има кажувано за ова.

    Потоа пред 3 години почина дедо ми (по мајка) беше болен од рак....... Сите знаеа дека ќе умре,а јас не... не ни сакав да помислам...
    Пред 1,5 година почина вујко ми(исто рак)... не ни се знаше дека е болен,само во рок од 1 месец се дозна и толку,,,....За тоа време јас бев во Крушево 1 месец,па не ни знаев каква е состојбата,ама кога си дојдов... Само што кога почина,најпрвин ме викна другата баба,ама јас знаев што е работата....и тоа е тоа

    А пред неполни 2 недели ми почина и дедото по татко.... Беше болен и тој од рак,ама беше толку витален што не ни се познаваше дека е болен... И него го во рок од 1 месец.и толку.... Од кога му се влоши состојкаба цело време плачев,неможев да се соземам........

    Не знам што немам пропатено низ животов со неполни 17 години ...... ;(
     
  19. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Ми се побрка се во мозоков од прочитаните постови.
    Нема лесен начин да се соопшти лоша вест, ниту пак формула како да се прифати.

    Имав 6 години кога почина дедо ми. Памтам дека мајка ми ни рече на мене и на сестра ми - сега ќе ве носам да се поздравите со дедо ви. Сите осум внуци, тивко и поредени по старост влегувавме во собата каде беше сандакот на дедо. Еден по еден не креваа да го бакнеме. На погребот не присуствувавме.
    Колку само од денешна дистанца и се восхитувам на мојата мајка. Имаше 27 год. тогаш. Јас тогаш ја гледав како многу голема, но кога дојдов на нејзини години (тогашни) сватив колку не сум била во право.
    Во деновите, месеците, годините потоа често одевме на неговиот гроб. Ќе запалевме свеќа, ќе ја бакневме неговата слика. Како мала машинерија раздававме за душа на дедо...
    Но, незнам колку на тие години ја сватив суштината на животот - се раѓаме, живееме, умираме. Мислам дека не сватив ништо.

    Вистинскиот шок следеше години потоа. Имав 14.
    Зазвоне телефонот. Се јави татко ми. Кога слушнав како прашува - како? кога? нозете ми се здрвија. Го отворив плахарот и буквално загњурив во него. Плачев и се молев - Господе те молам само немој мама и сестра ми ги зимаш. Те молам, те молам...
    Тогаш влезе во мојата соба татко ми. “Санче, вујко ти починал“. Знаеше дека се кријам за да не ме види дека плачам. Кој вујко? Боже те молам да не е .... Оф, како божем другиот вујко да не го сакав. Боже немој ни едниот , ни другиот. „Да, сине, вујо ти ....“
    Се сруши светот. Како е возможно? Зарем тој човек кој никогаш дури ни по име не немаше наречено. Тој за кој бевме сонце, мило, злато. Тој кој имаше само 39 години.
    И одденаш како да се разбуди некоја друга во мене. Таа која даваше отпор и дрско се спротиставуваше на вистината. „Како да не, глупости. Ај безвезе, ќе видат дека не е така.“
    Срам ми е дури и да напишам, но не бев тоа јас, помислив - еј нема да одам во школо денес.
    Татко ми излезе. Баба ми и дедо ми, на татко ми мајка и татко, дотрчаа да бидат со мене. Беа со мене ама незнаеа што да прават со мене. Влагав од филм во филм. Те бев јас, те онаа другата.
    Попладнето баба и дедо ми рекоа дека ќе одат кај вујна ми. Каква драма направив дека јакната ми е кремаста ... сакав да одам ама не со таа јакна, барав црна, најцрна. Баба велеше - ама ти си дете, ама не е важно што носиш .... Не!
    Незнам како ме убедија, всушност и неважно, но по долго молење отидовме.
    Кога влегов во неговиот стан прво погледот ми се сретна со очите на мајка ми ... Душичка. Стуткана клечеше покрај радијаторот. Ме погледна и ми рече - го нема веќе вујче.
    Повторно се разбуди онаа другата. ГО ИМА, СЕКОГАШ ЌЕ ГО ИМА. ШТО ИМ Е НА СИТЕ ???
    Вечерта, мене, сестра ми и братучетките, неговите ќерки не однесоа кај децата на колега на вујко ми. Тие беа постари 10-тина години од нас. Таму беа и нивните девојки, Сите се трудеа да ни олеснат, да не заштитат, да не не боли .
    Како изгубен случај се чудев што им е.
    Што глумат лудило.
    Зошто прават нереални работи.
    Зошто веруваат во глупости.
    Кој знае што се сум зборела. Не прифајќи ја ситуацијата сигурно сум трескала глупости.
    Само јас неможев да прифатам... или тоа не го гледав.
    Сабајлето станав, како крадец се измолкнав од станот и излегов надвор.
    Сеуште го чуствувам мирисот на градот.
    Налудничаво, ми мирисаше на море.
    Отидов на Водно. Одев, одев колку што ме држеа нозете.
    Застанав на еден рид, се гледаше цело Скопје.
    Тогаш јас како да и врзав шамар на таа другата во мене и гласно реков - Ех Сања Сања, ондека негде вујко ти го закопуваат, ти акај по планиниве.
    Ама таа другата ме нокаутираше - ај не зборувај глупости!
    Не се сеќавам кога и како се вратив дома. Незнам ништо.

    Дури и на гробишта кога одам,до ден денешен, на дедо свеќа ќе му запалам, сликата ќе ја бакнам... а вујче до него лежи и се што треба да направам ми е тешко, неприфатливо.
    Сеуште мислам дека е некаде на пат. Дека ќе се врати.

    Мајка ми никогаш нема да ми прости што не го испратив вујко ми. Неколку пати ме има и прекорено за тоа. Незнам дали некогаш ќе може да ме разбере ... или барем да ме сослуша. Нека не ми простува, понекогаш кога јас сум појака од другата, ни јас не си простувам.

    СДК дека во мојот случај, на 6 се однесував како да имам 66 , но на 14 .... камо некој да ми дадеше дијазепам.

    За прв пат во животов сето ова го кажав “гласно“.
     
    На Izaabella, Hopeful и marama им се допаѓа ова.
  20. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Ноември, фактички минатата година (2011), од рак за многу брзо време почина дедо ми.
    Јас имав 16 години, а брат ми имаше 5 години.
    Сабајлето кога се разбудив, знаев дека нешто не е во ред. Моите сите беа станати, растрчани...Беше 6 часот наутро.
    И морам да го кажам ова, иако малце ќе забегам од темава.
    Вечерта во 11 саатот во болница кога дедо ми починал, мене нешто ме тераше да плачам дома. Појма си немав дека дедо е починат, ама плачев. Многу плачев, многу. Со дедо ми бев премногу поврзана.
    Многу го сакав. Со него научив многу работи. Постојано бевме заедно. Многу ме сакаше.

    Да продолжам. Сабајлето кога станавме сите, мајка ми благо ми соопшти дека дедо умрел во болница вечерта во 11 саатот и дека мене и брат ми ќе не остават кај другите баба и дедо(по мајка) и на брат ми да не му кажувам. Ќе звучи премногу сурово ама мене ми беше сеедно кога ми кажа дека дедо починал. Сеедно можеби не е вистинскиот збор, ама.... Информацијата не ја прифатив ниту со негодување, ниту со плачење. Како и секој ден станав се облеков, стана и брат ми и незнаеше што се случува. Мислеше дека моите ќе одат некаде и дека мора да не остават кај другата баба.
    Сеуште ми се чинеше како дедо да е во болница, а не дека е умрен и дека никогаш повеќе нема да го видам :( Брат ми по некое време почна да прашува каде се да дојдат да не земат и јас го седнав и му кажав дека дедо умрел, и дека повеќе нема да биде со нас. Не покажа никакви знаци, само замислен остана. Мислам дека не ја сфати баш смислата на реченицата дека нема повеќе да биде со нас. Ненад (брат ми) беше најмногу поврзан со дедо. Дете како дете, постојано беа заедно, (тој и баба живееја во куќата карши нас) и брат ми постојано идеше таму. Цело време. Играа карти, цртаа, жмурка ова она. И сеуште не ми изгледа како дедо да е умрен, ми се чини како некаде да е отиден и дека треба да се врати во наскоро време. Брат ми досега беше неколку пати кај него на гроб, а јас сеуште немам отидено. Неможам, кога и да помислам да ме однесат, ме враќа нешто.. Незнам можеби неможам да се помирам дека не е веќе меѓу нас...

    Сума сумарум, на брат ми јас му кажав дека дедо починал на смирен начин, без никакви емоции.
    Така се чувствував.