Објаснување на детето за смртен случај

Дискусија во 'Дете' започната од black-angel, 16 февруари 2012.

  1. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    337
    Пол:
    Женски
    На 19 април 2007 година почина дедо ми со кого бев јас поврзана но моите ништо не ми кажаа само во 4 часот сабајле ме однесо кај тетка ми мислејки дека јас незнам ништто дури не ми дозволија ни за последен патт да го видам.
     
  2. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    ...јас имав 10 години кога умре баба ми.Јас неа многу ја сакав и бев многу поврзана со неа.Уште од бебе сум седела кај неа со месеци,баба ми ме чувала.Баба ми ја сакав како мајка ми,и сеуште ја сакам.Денот кога умре баба ми мајка ми и татко ми одма ми кажаа и јас не можев да верувам.........
    Според мое мислење на детето одма треба да му се каже.
     
  3. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.796
    Допаѓања:
    18.594
    Пол:
    Женски
    14 годишно дете?Па и не би рекла.Јас татко ми го изгубив на 11 и одма мајка ми ми соопшти,јас се осеќав како возрасна,се што е над 10 јас мислам воопшто не е дете.А најлошо што имам слушнато е што им кријат дека им умрел некој.Мене да не ми кажеле и да не сум го видела татко ми за последен пат никогаш немаше да им простам.Ќе се седне и ќе се соопшти мирно,сега стрес е нормално,ама па исто така треба да им се објасни дека е нормално да починат баба или дедо.
     
    На kikikikirika и sanjalica им се допаѓа ова.
  4. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.451
    Допаѓања:
    5.414
    како да се објасни. Нема лек кој ќе ја спречи таа болка кога ќе почине некој близок во фамилијата, Нема апче кое ќе ги избрише спомените и нема да дозволи ако не денес утре да не се пролеат солзи. Секој треба да е спремен на такви ситуации а соопштувањето треба да биде мирно и без тресење и паѓање во транс, родителите или повозрасните треба да се сталожени во тие мигови доколку е детето помало да му објаснат со попрости и лесни зборови а доколку е поголемо веќе треба да знае што е смрт а што живот и се знае плачење вриштење но никако апчиња, солзите се лек за прочистување на душата и кога му е најтешко на човек треба да се исплаче.
     
  5. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.555
    Непосредно, без премногу кружење одоколу, дур го држите цврсто во прегратки. Имаат некоја чудна топлина, прегратките, даваат утеха и кога ја нема. Подобар лек од секакво апче за смирување. И возраста не е до толку важна, шокот, чувството на бес, лутина, неизмерна тага се неизбежна реакција.

    Мене за дедо ми ми беше соопштено преку телефон. На мои 12 години го изгубив човекот кој го сакав повеќе од сопствениот татко. Наеднаш, без никакво предупредување. Се сеќавам ко да беше вчера и никогаш нема да заборавам. Никогаш нема да им простам на моите што кога ми беше најтешко ме оставија сама дома. Мислам дека два дена бев сама. Доаѓаше некој чат-пат, ама од шокот не ми беше ни важно. Фазата на одрекување ми траеше долго, одбивав да се помирам. Па боже мили, само пред неколку часа правев муабет со човекот! Не е дедо тоа, дедо секогаш ќе биде жив. Не ме земаа на погреб. Се сеќавам дека упорно вртев кај него дома дур беа на гробишта, можеби 100 пати свртев. Се надевав дека сум сонувала и дека ќе ми крене. Кога конечно се вратија сфатив. Дедо нема да ја крене слушалката. Оттогаш срце ми затреперува секогаш кога ќе заѕвони телефонот малку подоцна од вообичаено.
     
  6. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    337
    Пол:
    Женски
    На денешен ден пред 5 години почина дедо ми не знам што е денес со мене не можам дури од кревет да станам и само плачам ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( . Во 4 часот се разбуив целата слика ми беше пред очи како вчера да беше се секавам. ;( ;( ;(.
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.688
    Допаѓања:
    109.274
    Пол:
    Женски
    Во деновиве кога се соочив со премногу болни информации се присетив на мојот Ангел чувар, и додека беше жив ја имаше истата карактеристика, беше мој Ангел чувар, ми рече еднаш : Дедо ти да станеш инжинерка, архитектка, те личи! Станав дедичко мој, сега сум Дипломиран инжинер Архитект, како што ти сакаше ;(
    Имав 14-15 години, потопол Фебруарски ден во животот не сум видела, толку сонце во Фебруари нема никогаш да има. Неколку дена седев кај нив со мајка ми и тетка ми, беше многу болен, започна да умира ама знаеше да ми се насмевне додека со лажицата полна со неговото омилено јадење пријдував кон неговата уста. Останав со него и до него до последниот миг, кога го вратија од болница да умре дома, неговата душа која излегуваше од него сакав да ја примам јас, да ја носам секогаш до мене. Неколку дена тивко плачев, но тогаш бев силна, да не пропуштам ниеден момент од се што се случуваше. И се случи, баба ми ми рече излези, да го оставиме сам, но јас ја прегрнав касата од вратата и го гледав, тивко и болно замина, мајка ми му ги затвори очињата а јас бев тука, за тоа сум им бескрајно благодарна. Постојано бев со него, со неговата омилена пепељара во рацете и погледот закован за неговиот лик, како да ми велеше да бидам храбра. На мене падна најтешката работа, да и кажам на сестра ми, мислам дека потешка работа во животот не ми дале, иако 5 години постара од мене таа доживеа нервен слом. Двете се прегрнавме и плачевме, додека одевме кон село си замислував како ли ќе изгледа сега дедо, дали му недостигам. Бев присутна на секој момент, од смртта до погребот, постојат дупки во мојата меморија, но сето тоа бидејќи плачев премногу, мислам дека никој не ми даде лек, само се сеќавам дека кога пристигнавме дома ја осетив најголемата празнина во животот. Ја загубив мојата животна потпора, најхрабриот човек, најпаметниот човек за мене, мојот идол.
    Дедичко мој, за тебе станав Инжинер, учев и кога ми беше најтешко се потсетував насите твои приказни од војната Одамна го немам сонувано, порано постојано ми доаѓаше на сон да ме охрабри, посети ме повторно за да те израдувам со мојата титула во твое име. Ми недостигаш како воздухот во најголемите длабочини на најтемното море, како сонцето додека трае поларна ноќ, како што најдобриот дедичко и недостига на неговата омилена внука. Те сака твојата внука инжинерка, најучената во фамилијата, твојата гордост и твојата душа.
     
    На girl-miri, donna.17, babyane18 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Пред се детето е големо и ако они не можат да му кажат има доктори ке го однесат и тие на соодветен начин ке кажат.Затоа што детето е големо.
    Кога почина дедо ми ;( ;( ;( јас бев дома и бев преврзана со него.Кога на телефонот ми стигаат пораки со сочуство се јавувам на баба ми а таа насмеана ми кажува дека не е ништо и дека дедо е во болница.Се јавувам на татко ми и тој исто,на мајака ми и таа.А на телефонот не престанува да стигааат пораки.Јас сама дома.И моите ен знааеле како ке реагирам и татко ми има пријател психијатар и он доајга и ми вика смири се ке разговараме нешто.И почнува да ми објаснува за животот каков е и дека за жал има и смрт која никој не ја сака.И на крајо ми вика Очила дедоти вејке го нема моето сочуство.Јас почнав да плачам и околу мене на масата што имаше на поличите си избуткав нешто скршив почнав силно да плачам.Ми дадоа апче сум спиела некаде 6 часа.Кога се разбудив почнав пак на плачам и докторот кажа она не е добро ке мора ад е под постојан надѕор пратија сестра некое време ме успиваа ме однесоа на погребот таму се онесвестив почнав да плачам пресилно кога почнаа да го копаат.Со помош на лекарства околу 1 недела ме успиваа.Потоа почнав да се лечам затоа што мислев дека светот застанав по месец-два се излечив,и сега татко ми вика како да ти кажев кога виде што направи. ;( ;( ;(
    Најбезбеден начин е тоа доктор да го каже.
     
  9. makgirl

    makgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    2.107
    Пол:
    Женски
    Tebe ti bilo ubavo objasnetoo mislam deka taka treba da se postapii kako sto ima svadbi veselbi i doaganje na ovoj svet taka ima i zaminuvanje
     
  10. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    Se cudam so denovi, kako li ke im objasnam na decata zosto imaat eden dedo? Kako ke im objasnam, deka iako ne gi zapoznal dedo im gi saka najmnogu? Posledniot muabet ni bese- Ako be, ako! Vleckajte se vie uste 10 godini, ke setam jas kucinja namesto vnucinja! :) Ne doceka da me vidi nevesta, ni majka, ni domakinka. Vide samo edno tvrdoglavo ambiciozno detiste. Nikoj ne mi kaza, jas go najdov. Proklet petok bese koga pocina. Crn petok! I non stop toa zvorev kako petok e crn, za na kraj kerka mi da ja rodam na Petok 13-ti. Znam tato, tvoe maslo e! :)

    Pominaa 6 godini, za edna nedela ke rodam uste edno dete, isto vo petok. Znam, znam, i toa e tvoe delo! :) Jas pominav nekako, placam koga moram. Ama kako ke im objasnam na moite deca deka iako ne gi znae, dedo gi saka! Boli.... :'(
     
    На girl-miri му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kvkviki

    kvkviki Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Во моето семејство сме три деца јас (најстара) па братми па сестрами...Пред две недели почина братми јас како најголема некако ми објаснија моите секако со тага ( неможам да зборувам колку болело и колку сеуште боли) додека пак сестрами е само 13 години и како на нејзе ке и се објаснеше...таткоми беше тој што имаше храброст да и објасни незнам ни јас како,но откако и се објасни сестрами престана со комуникација затворена во соба и со солзи. Неможев да го гледам тоа моите премногу скршени и мојата сестра. (секако и јас но како господ да ми даде сила и се правев за сестрами да се смири). Идеме редовно на логопед,психијатар но таа повторно и повторно уста не отвара и повторно со сликата заспива и се буди.Знам дека нема да бидеме тоа среќно семејство што некогаш бевме.
    Батичко почивај во мир.

    Премногу боли....;(;(;(;(
     
  12. SWagger274

    SWagger274 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    510
    Пол:
    Женски
    Девојки..ме расплачивте со темава
    И јас да го кажам мојот случај
    Имав неполни 4 години кога умре дедо ми по мајка (од мама татко и) бев толку поврзана со него, извинете на изразов,но како газ и гаки.. Тој за мене крал,јас за него слуга...ме скршија солзите на мајка ми .... За 5 минути со татко ми стигнале во болницата во која се оди за 30 минути.на мајка ми и соопштила нејзината мајка (сеуште жива). Како низ магла ми текнува на ова...Јас седев со сестра ми на балконот(таа имаше 10 години)...плачев и јас..дојде сестрата од тато (тетка ми) таа ме смири и ми го објасна животот од рагање до умирање. Неможам да го заборавам денот.немаше многу должење и апчиња
    :^)Апчиња за смирување на 14 годишно дете ?
    Ако точно разбрав,дај не ме зафркавај !
    Почивај во мир дедичко мој мил.Ако го слушаш на ова што го кажувам тогаш знај,секогаш ке останеш во моето срце;(;(
     
  13. Loretta

    Loretta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    639
    Мои пријатели беа во ситуација да мора да му го оправдаат отсуството на дедо на 4 годишно детенце. Нормално дека не го носеа по погреби, и воопшто не му ни кажаа дека дедо починал (не живееа во иста куќа), се надеваа дека детето едноставно ќе заборави на дедо. Сепак, детето упорно ги прашувало каде е дедо, па бидејќи порано не разговарале со него на тема смрт, решија објаснувањето да биде во етапи. Најпрво му кажаа дека дедо е во болница затоа што бил болен, па подоцна и дека починал. Нормално, детето не разбра што е тоа, прашуваше кога ќе се врател од таму. Пријателката ми спомна дека по некој месец го однесле малото кај гробот и му кажале дека тоа е новата куќа на дедо. Неколку недели подоцна патував заедно со мајката на детето и малечкото, и кога поминувавме со автомобилот покрај гробишта, малото и рече на мајка му: "Види мама, и овде има град како оној на дедо..."
    Темата е чувствителна за секоја возраст, сепак, многу сум против клукање со лекови, а за кај деца не сакам ни да коментирам...
     
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.972
    Јас не сум била ниту на еден погреб до сега.
    Починати имам во семејство, ама на погреб не можам да одам.
    Не ми е страв, не ми е шубе, ама не можам да гледам како живи луѓе вриштат.
    Човечката болка ми е неподнослива, не знам како да се носам со неа, инстиктивно бегам.

    Моите до сега дирекно ми кажувале и мислам дека е така исправно.
    Не ме терале да одам по погреби и сум им преблагодарна.
    Не гледам поента во сето тоа, едноставно. Човекот е умрен, не знае дали сум таму или не сум.
    Додека бил жив ме имало до него, тоа е важно.

    Посебно не гледам смисла во носење на мали деца на погреби, макар родител да е во прашање.
    Дете од 5 години нема потреба тоа да го преживува.
    Сум за дирекно кажување, но не и за терање адети со децата, последни поздрави, помени, свеќи, слики... нема потреба сето тоа да го преживуваат.
     
    На eloves и Waka-waka им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    141.381
    Понекогаш викам, да умреа во еден ден сите мои баби и дедовци, или родителите, немаше да боли толку. Ама животот не прашува како сакаш, прави како што е пишано.
    Никој немаше сила да каже, дојде брза помош дома, со доктор, со милион лекови за смирување, оти во еден ден, неочекувано, ни се урна светот, животот, куќата, иднината, љубовта, надежта, мирот и среќата. Нема начин како на дете да му кажеш, и да е стар човек боли, ама па дете кога дознава таква несреќа, кога му се откинува дел од срцето, од душата, кога парче месо откинато од живо тело помалце боли, нема како да му кажеш да му олесни. Не сакавме лекови и двајцата, стиснавме заби, издржавме 24 саати и боледувавме со денови, месеци, години. Не се излегуваше од дома, освен до гробишта, скоро 2 недели ништо не јадевме, никој не не ни виде. После 2 недели првото залче молено од роднини, болеше страшно во грлото отечено, гребеше и не отиде надоле.

    Не верувам дека кој и да кажеше, ќе беше полесно, како и да кажеше, како и да не подготвеше. Едноставно нема начин. Да беше дедо, баба, спремни бевме, знаевме, имавме кучиња, мачки, животни кои умираа и ни беше кажано дека сите умираат, одат на поубаво место, дека така треба и дека е нормално. Дека комшиката умрела, дека некој брат на дедо ни умрел, знаевме се. И очекувавме некој дедо или баба да умре. Вакво нешто не.
    И по толку години, не знам дали правилен начин беше брзата помош. Од медицински апект, да, оти можеше многу повеќе смрт да има во тој момент поради страшниот момент. Од психолошки, никој на светов нема да знае.

    После, кога ни умираа баби, дедовци, ни беше нормално, неболно, очекувано. Жал ни беше, ама немаше ни солзи, ни мавање од земја. Дури и родителите наши не плачеа за нивните родители. Едноставно бевме на погреб, си дојдовме дома, јадевме. Крај. И кога ни кажуваа, бевме со реакција, толку било пишано.

    Нема начин како да кажеш болна работа, во моментот ситацијата ќе каже. А во никој случај, на ти дете дијазепамче. Кога е тешко, апчиња пиеш. НЕ, кога е тешко трпиш, стискаш заби и стануваш посилен за следниот удар. Не плачло, не трауматизирано дете, не затворено дете кое го испуштило животот. По некое време, стануваш, се тресеш од прашината и креваш глава и живееш за двајца. Оти поинаку, и самиот си умрел, не само дел од тебе. А родителите не секогаш можат да направат се.Некогаш е Господова работа.
     
    На malerozna, forumka, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  16. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.956
    Допаѓања:
    29.146
    Пол:
    Женски
    те означувам како поддршка... И сосема си во право.. Господова работа...
     
  17. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.073
    Допаѓања:
    43.174
    Пол:
    Женски
    Пред 6 години почина таткоми. Почина додека бев сама дома со него , го слушнав неговиот последен здив . не сакав да поверувам дека е вистина .
    Ни мајками ни братми не беа дома. Мислев дека нема пострашно нешто од тоа.
    Мајками не беше во градот . И се јавив и кажам , дојди на тато не му е арно..... не сакав да и кажам дека е готово ;(
    Братми го чекав да дојде од работа. Се плашев од неговата реакција. Останав силна до последено пошто морав за мене , за братми за мајками.....;(;(

    И после толку години болката е иста . Толку млад , не дочека да си ги види внучињата :u:
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Те гушкам силно!:hug:
     
    На girl-miri и MacenceEna им се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.706
    Допаѓања:
    38.387
    Пол:
    Женски
    Кога имав 4 години почина прабаба ми, баба на татко ми (мајка на дедо ми). Се сеќавам дека беше зима, пред Нова година. Имаше снег. Еден период татко ми не ме носеше кај неа и цело време го прашував - кај е баба, а тој ми одговараше - спие. На мене ми беше чудно што спие толку време. Еден ден моите ме однесоа на нејзиниот гроб и ми кажаа дека е таму. Мала бев за да разберам. Кога имав 11 и пол години почина тетин ми, зет на татко ми. Неговата смрт беше ненадејна. Човекот отиде на операција во странство. Операцијата беше успешна, ама после 2-3 дена следуваше шок. По телефон не известија. Се јави едната братучетка, неговата помала ќерка. Не плачев, ама ми беше многу тешко. Плачењето следуваше отпосле, кога видов негова слика во весник. После точно месец следуваше уште еден шок - почина мајка ми. Се знаеше дека ќе умре. Имаше рак кој веќе беше во крајна фаза. А многу сакаше да живее. За нејзината смрт дознав после 2 дена. Татко ми прво ни рече дека е добра, ама после тоа ни кажа дека починала. Почнавме да плачеме со сестра ми. Таа имаше тогаш 8 и пол години. Тој ден дојдоа двајцата вујковци и вујните. Едната вујна ни рече дека мајка ни е ангел на небото и дека ќе не чува. Татко ми не не однесе на погребот затоа што роднините го убедувале дека не е убаво мали деца да се притресуваат. Прв пат отидовме на гробот на мајка ми за нејзиниот 7-дневен помен. Не плачев, затоа што веќе ми беше јасно што значи смрт. Знаев дека мајка ми веќе нема да се мачи. Наредната година почина баба ми, мајка на мајка ми. Нејзината смрт не ми падна премнгоу тешко, затоа што ретко ја гледав. После 3 години од нејзината смрт почина другата баба со која што бев многу блиска. Кога татко ми ни ја соопшти тажната вест, со сестра ми почнавме да плачеме. Бевме и на нејзиниот погреб, ама само до капела. На сестра ми и се слоши и после тоа двете не изнесоа надвор. Оттогаш не сум отишла на ниту еден погреб. Пред 6 години почина прв братучед на татко ми. Тој и татко ми беа како браќа. Неговата смрт беше ненадејна. Загина на работното место. Дознавме преку телевизија, па после тоа му се јавија на татко ми. Голем шок за сите во фамилијата. Не плачев тогаш, ама ми беше премногу тешко. Последниот мсртен случај беше пред 5 месеци. Почина еден од моите дедовци, чичко на татко ми (татко на починатиот братучед на татко ми). Имаше рак. И неговата смрт ми падна тешко. Може да се рече дека со него израснав. Беше замена за мојот дедо (татко на татко ми), кој не заслужува ни името да му го спомнам. Со тек на време научив какоо да се справувам со смрта на моите блиски луѓе.

    Поголемиот син има 4 години и мислам дека е време да му кажам дека другата баба (мајка ми) е на друго место. Планирам некој ден да го однесам на гробишта.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    5.373
    Пол:
    Женски
    Tatko mi pocina pred 2 meseci.Otvoreno mu kazav na golemoto dete deka tatko mi pocina deka dedo e na neboto.Prethodno pocina i baba mi.Mnogu boli premnogu no samo taa e vistinata i taka mu ja objasniv na deteto.
     
    На CameliaMiller, girl-miri, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.