1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Објаснување на детето за смртен случај

Дискусија во 'Дете' започната од black-angel, 16 февруари 2012.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.981
    Допаѓања:
    261.043
    Таткото на дм почина пред месец дена, исто на внуците така им објаснија, дека дедо им починал и дека е сега како Каспер добриот дух. Со оглед дека го сакаат Каспер, некако појасно им стана и поприфатливо.
     
  2. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    8.356
    Пол:
    Женски
    Темата е навистина жална, а и болна. Знаев дека едноставно на се доаѓа крајот, луѓето умираат никој не е вечен. Меѓутоа смртта се до тогаш беше навистина далеку од нас, сите беа живи од поблиската фамилија буквално сите. Ретко и слушав за некој смртен случај, а камо ли пак да отидам на погреб, немав видено никогаш мртовец во животот.
    Имав 18 години, а брат ми беше многу мал, ја изгубивме мајка ни. Жена која имаше 50 кг а беше како карпа. Не го зборувам ова зошто ми била мајка или е почината туку навистина беше храбра, силна жена поради неа денес сме такви какви што сме. Не покажуваше слабост никогаш, се бореше храбро со се. Права, здрава, никогаш не верував дека нејзе може да и се случи нешто. Не бевме многу блиски како мајка и ќерка ама ја сакав најмногу, а и таа мене. Ниту во најлошиот кошмар не можев во тие денови да замислам што ќе се случи. Имавме недоразбирања, кавги, проблеми меѓутоа тие денови пред да почине бевме навистина во убави односи, во спротивно да бевме искарани немаше да си простам никогаш. Последните нејзини саати од животот ги помина покрај своите деца среќна и насмеана. И немаше потреба никој, ништо да ми кажува едноставно знаев дека ќе умре, колку и да звучи лошо го имав тоа предчуство и се случи. Растрчани доктори, испаничени сестри, колку само молев да ми кажат што и е ама сите молчеа со наведнати глави. Не сакав никакви дизапами, никакви инакции сакав само братот да си го видам и ништо повеќе. Никој немаше храброст и нему да му каже, како издржавме ние си знаеме на крај секој си ја знае сопствената болка. Голем шок и траума беше за нас, не се одделивме од сандакот цело време, не давав да го спуштат во земја едноставно не верував дека внатре е мајка ми, прв пат се соочив со вакво нешто. Стиснав заби, неколку дена подоцна на брат ми му објаснив дека мама веќе ја нема, нема да дојде сега е на подобро и помирно место.
    Знаевме дека умираат братучеди на баба и дедо, животните, гледавме на филмови смрт ама никогаш не мислев дека смртта била толку блиска до нас. Кратко по мајка ми починаа и други луѓе кои не ни беа баш блиски и го прифативме тоа најнормално, ние да сме живи и здрави. Висевме по гробишта, не јадевме, не спиевме но мора да се живее со мртвиот во гроб не се влага.
    Сум против давања дизапами на деца. Зависи и од дете до дете, колкаво е детето. Меѓутоа мислам дека кога ќе се дојде до некоја возраст 5/6 годинки би требало да се објасни што и како значи смртта, зошто и тоа е дел од животот.
     
    На Monella, minne992, lovestoneddd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.751
    Допаѓања:
    72.664
    Пол:
    Женски
    Толку малечок е, а како да сфати нешто. 3ипол има, сега кога ке го прашаме каде е дедо? Горе на небото е вика. (Прадедо му беше инаку и првите пати кога кажавме дека го нема веќе, многу беше тажен и бараше да го однесам кај него доле за да видел, ептен си го сакаше). Од кога кажавме на небото дека е, уште 2,3 пати тажно со солзи викаше ама сакам да дојде да го гушнам... сега 2м поминаа, не прашал за него веќе..
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Имав неполни 5 кога почина брат ми.... тој 11.
    Пробале да сокријат. Ама јас сум знаела веќе да читам, па сум видела некролог и сум и рекла брат ми умрел... вие ме лажетее...
    Сум знаела што значи смрт.
    После 3 години, почина дедо ми, кога ја видов баба ми ноќта дојдена дома, а не кај него, знаев дека нешто се случило.. сабајлеѕо ми кажаа, дедо почина. Летото 6према 7 одд почина татко ми... ама знаев дека ќе се случи тоа, беше болен и мајка ми ме спреми. Ми кажа дека не ја бива работата, дека ќе го загубиме... да бидам храбра.. но колку може да си храбар... дента кога почина во болница, искрено почуствував... знаев дека е тој ден...
    Баба ми почина во 8 одд... 1 април..
    Дојдов дома ама не ме пушти мајка ми во соба..
    Трауми немам од реалноста. Сурова е ама таа е за жал. Со апчиња не ме клукале никогаш.
    Мајка ми ми велела секогаш, да знаеш дека те гледаат, се радуваат на се што се радуваш ти.
    Ама проклето боли... е тоа не знам дали може да се избегне...
    Сметам дека треба искрено да се збори со детето.
    Не само за смрт, туку и што све може да ја предизвика... мораат да знаат за некои опасности.
    Ама да сфатат дека на старост смрт секако е болно, ама дека тоа е циклусот на животот.
     
    На kikikikirika, ЕденЧлен, Feminka22 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.167
    Допаѓања:
    26.232
    Пол:
    Женски
    Јас бев 12г. Кога почина татко ми... Уште пред да почине јас бев свесна дека ќе умре, зашто го гледавме како се топи ;( во моментот кога почина, ние спиевме кај мојата најдобра другарка ... Утрото кога дојде мама да ни соопшти беше, смирена и сталожена, и ни кажа дека дошол крајот, дека сега мора да сме силни и да се бориме заедно, јас, таа и брат ми ;( ;( За мене поголема траума од погребот и соопштението беше и уште е, збогувањето ;( ;( ;( никогаш нема да го заборавам последниот бакнеж за татко ми ;(;(;(
     
    На ЕденЧлен и Feminka22 им се допаѓа ова.
  6. ma4e1311

    ma4e1311 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    2.569
    Пол:
    Женски
    Татко ми почина пред неколку месеци, ќере се сеќава на него, скоро секојдневно го спомнува. Знаеше дека беше болен и во болница. Сега прв пат ме праша ижж зачудено ме праша: а кај е дедо, бидејќи редовно се слушавме на вибер.Молк ??!!? Само реков он има нов дом,тој е на небото и не чува.останав затечени, не спремна ме фати
     
    Последна измена: 9 ноември 2020
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.