Објективизација на жените на работното место

Дискусија во 'На работното место' започната од RosettaStone, 25 јануари 2020.

  1. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Се мислев веќе некое време да отворам ваква тема под импресии на работата на стујардесите и следење на искуства на некои од нив за условите на раб.место.
    На интервјуата главно ги проценуваат според изгледот, особено кон ова строго се придржуваат регрутерите на авио компаниите од истокот. Под изглед не мислам само на висината која мора да ја имаат која неминовно се наметнува од обврските кои ги имаат со качување торби во преградите над патниците во авионот. Друга објективизација е што се принудени на секој лет да се нашминкани и тоа имаат прирачник кои бои на шминка смеат да ги нанесуваат да соодветствуваат со бојата на униформа која ја носат и дали се добро нашминкани ги проверуваат вработени за тоа пред секој лет.
    Униформирањето кај нив се сведува на објективизација на женското тело-алатка во нивната професија која ја користат за искачување на повисока скала по хиерархијата.
    Новинарки во одредени телевизиски мрежи ( Фокс, поранешните медиуми на Берлускони) бирани според изглед и принудени да носат здолништа што ги откриваат нозете и принудени да читаат информации над маси од стакло за да се гледа како се облечени, т.е. да им се гледаат нозете.
    Продавачки кај нас во одредени звучни продавници принудени да се облечени како слугинките од старите црно-бели филмови.
    Објективизација и неминовно дискриминација по овој основ во живо ми ја има раскажувано поранешна колешка. За работното место каде што аплицирала морала да прати фотографија и преку контактот за таа работна позиција кој бил нејзин човек била известена дека е одбиена заради изгледот а по едукација беше магистер во одредена област од струката.
    Зошто во огласи со cv бараат задолжително слика, кога читате вакви огласи ова ве поттикнува да аплицирате или ви создава одбивност? Да не коментираме се бара женско лице на возраст до 40години. која дополнителна дискриминација е.
    Што мислите за ова објективизацијата на жените и дискриминација според изглед како тивко наметнати правила во деловниот свет за искачување погоре хиерархиски на раб.место?
    Знаеме дека секаде си има соодветен дрес код но што кога тој наметнува објективизација на жената, дали би ви пречело тоа во изборот на раб.место или го прифаќате како правила на работа на таа фирма?
     
    На Lella, theowndemon, dunika и 4 други им се допаѓа ова.
  2. tina2018

    tina2018 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    1.245
    Пол:
    Женски
    Точно дека има гоолема дискриминација и јас се борам против тоа со оглед на тоа дека сум над 40. На скоро секое интервју ме прашале дали сум мажена и дали имам деца. На последниве барем две работни места работам со деца од 20 год, ама не се давам. Носам здолништа затоа што сакам, ама зависи од атмосферата на работа. Во хотелот носев, сега во кладилница не носам. На такви огласи каде што се бара "млада мотивирана девојка со желба за напредок" не се ни пријавувам. Мислам дека се најмногу дискриминирани трудниците, иако не сум го осетила ова на моја кожа се уште, ама може да ти го прекине договорот чим кажеш, а си на определено. Законот им дозволува. Секоја чест за темава, поз
     
    На RosettaStone и dayla им се допаѓа ова.
  3. asdas

    asdas Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    594
    Слика во биографија е стандард низ Европа и нема никаква врска со сексизам.
     
  4. Mantub

    Mantub Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    4.636
    Допаѓања:
    37.987
    Пол:
    Женски
    За стјуардесите не се слагам. Во случај на несреќа една фит стјуардеса може повеќе да придонесе од некоја со прекумерна тежина. За облеката, си има дрес код но не мора да биде тесна и кратка сукња. И за шминката не мора. И докторите не смеат да имаат тетоважи. Непотребно и заостанато.
     
    На Feminka22 и candy.cane им се допаѓа ова.
  5. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    3.343
    Допаѓања:
    8.913
    Пол:
    Женски
    Слика за инат не сум ставала во апликациите. Ама еве сега кога гледам апликации за работно место кај што работам, и кога ќе видам слика од дискотека исечена за да не се гледа човекот до девојката, го сметам како крајно непрофесионално, па и најдобро образование и искуство да има, на ништо не личи CV-то така. Реално многу кажува сликата за човекот.
    Лично немам искуство за дискриминација заради изглед. Јас не се шминкам, не се дотерувам, но секогаш прикладно се облекувам за приликата. Не сум нешто посебно висока, природно убава или многу слаба. Се сметам за просечна, и не се трудам посебно тоа да го подобрам. Сум работела како келнерка/шанкерка, хостеса за посериозни настани (како за Мерцедес на пример), претставник за фармацевтска компанија и еве сега стоматолог. На ниедно работно место не сум била ограничена во можностите заради физичкиот изглед. Пак ќе речам, секогаш гледам да сум прикладно облечена и средена, и тоа мислам дека многу побитно е отколку физичкиот изглед.
    Логично е и секоја фирма да има соодветен дрес код. Не може во банка да дозволат да се облечеш во фармерки и маица, или во продавница да очекуваат во сако и панталони да работиш. Јас лично немам проблем со тоа.
    Останатите дискриминации со кои жените се среќаваат се посериозни, и со тие имам сериозен проблем. Имам пишувано во друга тема, дека на интервју за работа кога ме прашаа дали сум мажена им реков "не е ваша работа". Тој што така се однесува со мене на интервју, којзнае како ќе ме третира кога ќе треба да ми биде работодавец. Не, фала.
     
    На g8lQQk, GirlRose, RosettaStone и 2 други им се допаѓа ова.
  6. tina2018

    tina2018 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    1.245
    Пол:
    Женски
    И во УСА е исто плус на самата апликација стои прашање за брачен статус, ама тоа кај нас се користи во смисол дека нема да те вработи ако планираш да раѓаш затоа што не може после да најде замена. Не знам само нив кој ги раѓал. А сликата исто се користи во смисла на поставената тема. Дали е убава, згодна, слободна да оди на патувања ( еден ме праша и тоа), млада. И тие прашања се поставуваат уште кога ќе излезеш од факултет, не знам до каде ќе одиме вака. Имам слика на биографија и се гордеам со годините. Баш затоа што сакам да ме елиминира оној што е несериозен.
     
    На Cosmic Girl и RosettaStone им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    4.636
    Допаѓања:
    37.987
    Пол:
    Женски
    А што мислиш во УСА зошто стои прашање за брачен статус?
     
  8. tina2018

    tina2018 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    1.245
    Пол:
    Женски
    https://www.eeoc.gov/laws/practices/inquiries_marital_status.cfm
    Си има некој закон, не знам колку се почитува, ама на работа имав бремена колешка па не ја избркаа као кај нас по дифолт.
     
  9. Mantub

    Mantub Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    4.636
    Допаѓања:
    37.987
    Пол:
    Женски
    Ама јас не ти викам за бремената колешка. Ти го напиша тоа дека и во Америка прашувале ама кај нас се користело во смисол дека нема да те вработи. Јас сакам да ти кажам дека во истиот смисол се користи и во Америка. И секаде. Никаде не смее да те праша работодавец такво прашање и не постои закон кој тоа го оправдува.
     
    На RosettaStone и tina2018 им се допаѓа ова.
  10. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Има врска со дискриминација, барем во случајов на мојата поранешна колешка. Не појаснив поопширно за нејзиниот случај. Девојката е машкоданеста и во изглед и во секоја определба а огласот беше за фирма во која доминантна работна сила се жени и одбивањето било дека можела личност со таков изглед да штети на имиџот на фирмата:puke:
    Изгледот нема да ти ја врши работата, освен на работни места каде што објективизацијата е алатка за работа и работа каде со објективизација рака под рака доаѓа дискриминацијата.
    @tina2018 ти благодарам за поддршката, оддамна се мислам за ваква тема и би сакала повеќе да споделуваме тука ама и пополека да почнуваат промени и надвор од форумов. Не да е само на муабет се ова. А за промени треба свесност и единство меѓу жениве што мислам фали затоа што гледам дека голем дел од нас се свесни за објективизацијата и не им пречи туку гордо парадираат со своите природни и вештачки атрибути неумесно спакувани и користени како алатка за напредок.
     
    На Mrs. Lovett, g8lQQk и tina2018 им се допаѓа ова.
  11. asdas

    asdas Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    594
    Принципот на слика во биографија нема никаква дискриминирачка природа. Истото е и со датумот на раѓање.
    Тоа што има работодавачи што дискриминираат врз основа на тоа не значи дека самото нешто е дискриминирачко по природа.
     
  12. Mantub

    Mantub Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    4.636
    Допаѓања:
    37.987
    Пол:
    Женски
    За каква фирма станува збор?
     
  13. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Во случај на несреќа ќе придонесе таа која е умешна да се справи со ситуацијата нема да се справува со тоа нејзината килажа. Баш во УСА милиони и уплатија како оштета на стујардеса која ја отпуштиле само заради килажата па судот одлучи дека е дискриминација и побара да ја вратат на работа.
    ''At United, several individual flight attendants, joined by their union, have challenged the weight restrictions in a lawsuit filed in Federal District Court in San Francisco.

    And in February, the union said the company's 20,000 flight attendants would not join an employee buyout of the airline unless United eliminated its weight restrictions and met other conditions.
    "Our position is that the weight standards discriminate on the basis of sex, because they are only applied to flight attendants, a job category which is 85 percent female, and not to pilots or customer service agents," Ms. Segal said.

    She also said United's weight standards for flight attendants discriminated against women because they were based on the weights suggested for women with small and medium frames, while the standards for male flight attendants were based on men with large frames.''
    https://www.nytimes.com/1994/04/08/us/usair-agrees-to-lift-rules-on-the-weight-of-attendants.html
     
    Последна измена: 26 јануари 2020
    На Mrs. Lovett, tina2018 и Mantub им се допаѓа ова.
  14. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Но сепак се злоупотребува:!:
    И жените немаат никаква потреба/желба за објективизација(не сите) а сепак се објективизирани за да стигнат повисоко во хиерархијата на раб.позиција(не сите ама повеќето се уценувани)
     
  15. Mantub

    Mantub Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    4.636
    Допаѓања:
    37.987
    Пол:
    Женски
    Ако нема дискриминаторска природа кажи ми причина зошто бараат слика?
    Во држави има фирми што ОДБИВААТ CV со слика. Зошто? Затоа што ако не ги примат кандидатите кои пуштиле CV со слика, кандидатите ги тужат дека не ги примиле врз основа на нивната дискриминација. И за да се заштитат себе си, не ги ни разгледуваат овие CV-a. И ни возраста нема никаква врска. Едно е да те праша за работно искуство, друго е да ти рече
    -Бараме до 30 години
    -Бараме девојка за работа
    -Дали си мажена/имаш деца
    И слично
     
    На RosettaStone му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Па не го оправдува дека е дискриминација.
    Фирмава со случајот на колешкава не е толку звучна.
    Еве мој личен пример во топ фирма, меѓу најпрофитабилните кај нас, одлично интервју и на средина на интервју дали си мажена, што работи мт, дали имате деца, на одговор не, прашање зошто не и кога планирате?:drunk:
    На друго интервју во не толку прочуена фирма прашање дали си мажена и дали на мт би му пречело што 3дена во неделата ќе треба да сме на терен да преспиваме во хотели?
    Имам и едно многу лошо искуство исто така кое не би ни да спомнувам, а најмалку да го памтам:puke:
     
  17. Mantub

    Mantub Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    4.636
    Допаѓања:
    37.987
    Пол:
    Женски
    Зошто си одговорила со "не"? Ти си му дала дозвола да те прашува лични прашања. На такви прашања се одговара со "не е твоја работа".
     
    На RosettaStone му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    И јас се уште се прашувам тоа, ама поука за следен пат.
     
    На Biljarkata и Mantub им се допаѓа ова.
  19. asdas

    asdas Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    594
    Тоа никој не го порекнува.

    Тоа имаш во Британија, Америка и слични, каде што имаш претставници од сите бои на виножитото. Континентална Европа, каде што горе-долу луѓето се хомогени, стандардот е да има слика. Можеш и сама да си изгуглаш и да видиш зошто се бара слика. Еуропас, златен стандард за биографии во Европа, има слика.
     
  20. Mantub

    Mantub Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    4.636
    Допаѓања:
    37.987
    Пол:
    Женски
    Не ми кажувај кај има, јас те прашав зошто а не каде, ако имало во Британија тоа не значи дека автоматски е правилно. Ако незнаеш зошто бараат слика, не го користи ко аргумент дека треба, ако не знаеш зошто треба. Ти си тој што треба да изгугла пошо не знаеш, јас само што напишав зошто.