1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Објективизација на жените на работното место

Дискусија во 'На работното место' започната од RosettaStone, 25 јануари 2020.

  1. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Во Британија нема.

    Јас сум прочитал, сум видел и знам зошто има каде што има, а зошто нема каде што нема. Ниту ме тангира мене тоа дали некој сакал или не сакал слика, ниту пак сум за или против, па да аргументирам со тебе. Едноставно ти кажувам како е реалната ситуација.

    Тој што решил да вработува лепотици - ќе вработува лепотици, без разлика дали ќе ставиш ти слика или не во биографијата. Сигурно нема на интервју да му појдеш со железна маска, па да не може да те види. Решението е едноставно - пријавување и јавно обзнанување на тие што ебиветарски дискриминираат.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    21.136
    Пол:
    Женски
    Уште нешто да се надоврзам, сега низ огласиве, задолжително пишува возачка дозвола, и сопствено возило, а работна позиција продавачка??
    Ако сум продавачка, и мојата рабоѕа е тоа, зошто ми е дозвола???
    Нели треба да стои пример продавач и доставувач.
    И не само за тој оглас...
    Има еден куп каде се бара возачка..
    Па може работното место бара само шетање по продавници без носење товар па ќе решам пешки или со автобус да одам...

    Инаку да, дискриминација е...
    Слика, е глупо...
    Колку години имаш/мажена/деца? Исто...
    Приватниот живот не смее да се меша во деловниот.
    Бев на интервју, сакале да не се носат суќни, фустани вакви такви блузи... викам зошто..
    Па мажи се женети се..
    Абе ај....
    Па нек не ме зјапа како секс фигура, туку како работник..
    Ама, ако треба да си баш таква, со деколте, минич, штикли, шо ако си мажена??? Маж ти не чини тогаш...
    Законски рок има после колку време може да се земе боледување, одмор, итн..
    Ако не па ако останам трудна ќе абортирам, само ради него/неа...
    Нек ме отпушти, суд има...
    Ама од пусто, мора да се работи си патиме...
    Прифаќаме се, а после се жалиме.
    Не е тешко да се најде работа, ќе прифатиш се, ќе се мачиш.. дека мора...
    Но, не е лесно да се задржи истата... решиле да ти дадат отказ, ќе си најдат начин.
     
    На RosettaStone, Mantub и SummerGirl им се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.913
    Допаѓања:
    32.520
    Пол:
    Женски
    Тоа со сликата е стандард ако аплицираш за продавачка. Факт е дека ги бираат заради изгледот. Убава продавачка привлекувала муштерии. Ма немој. Наместо да гледаат да вработат квалитет, они си тераат мајтап.
     
    На Mrs. Lovett, RosettaStone и Цвет88 им се допаѓа ова.
  4. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    21.136
    Пол:
    Женски
    Абе мајка ми се дрзнаа да ја прашаат од што умреле татко ми и брат ми...
    Не битно работна позиција..
     
    На Mrs. Lovett, RosettaStone и SummerGirl им се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Брачен статус и деца прашуваат од аспект на отсуства.Некои професии не трпат остсуства и боледувања и бараат повеќе вложување на работникот во некој процес.
    Ако имаш деца, нормално дека ќе има и сипаници и настинки а со тоа и отсуства.
    Фирмата вложува во тебе како човечки ресурс (семинари, обуки,можеби и дообразување) и очекува да го искористат вложеното.

    За стујардесите не се слагам, погоре некој опиша, на исто мислење сум.
     
    На dunika и SummerGirl им се допаѓа ова.
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.913
    Допаѓања:
    32.520
    Пол:
    Женски
    А зошто е битно што работи маж ми? Врз основа на неговата работа ќе одлучат дали да ме вработат? (facepalm)
     
    На RosettaStone му/ѝ се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    За тоа дека прашуваатшто работи мажот, не сум чула досега.
     
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.913
    Допаѓања:
    32.520
    Пол:
    Женски
    Мене ме прашаа еднаш. Се зачудив. Кога кажав што работи одма превртеа очи. (facepalm)
     
    На RosettaStone му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Ај не заебавај ок?
    По закон следуваат толку одсуства колку што следуваат. Фирмата ќе си вработи повеќе луѓе ако и недостасуваат. А не јас да му кажувам дали има моето дете прележано сипаници.
    Срам треба да ти е што си жена, а вака зборуваш.
     
    На Frosty! и RosettaStone им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Секој има право да си бара работник по негов терк.
    Секој има право да си бара работа каква му одговара;)

    Јас не што сум жена, туку можеби сум во улога на работодавец, па сакам да знам ако те плаќам 1500 евра (карикирам) како вработен во ИТ сектор дали ќе одговориш на моите потреби, зашто работното време е неодредено (како и секаде во светот на ИТ сектор) , можеш и од дома да сработиш, но временски си ограничен, што значи ,,сега и одма,, ми требаш како работник.
    Мене би ми пречело ако отсуствуваш.
    Ако ти одговара прифати, ако не-остави.

    Незнам штошто да сум жена па и да ми е срам ?!

    И мажи одат на интервјуа и ним им го поставуваат истото прашање и од нив се бара фотографија...е единствено не ги прашуваат кога планираат да родат:nod:
     
    На Biljarkata, dunika и Dust им се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Аха сега ми е јасно, македонските работодавци имаат сидром на богови па мислат дека работниците треба да немаат свој живот туку да живеат за бизнисот. Јасно.
    Второ. Нема право работодавецот да бара работник "по негов терк". Правата на работникот се напишани во закон и не ги измислува секој работодавец индивидуално.
    И трето, не ми кажувај сказни како било во ИТ сектор СЕГДЕ ПО СВЕТОТ. Пошо може и ние работиме во ИТ сектор па знаеме дека не е ко што кажуваш СЕГДЕ ПО СВЕТОТ.
     
    На RosettaStone му/ѝ се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Нема право да бара вработен по негов терк ??
    Постои Закон за работни односи за одредувања на правата на секој работник, ама и за ОБВРСКИТЕ.
    А обврските ги дава РАБОТОДАВЕЦОТ.

    Немора да бидеш дрска во речникот за да објасниш нешто МанТјуб;) и немора да навредуваш за да испаднеш во право:).
    Секој си има право на свое мислење и нема да го смениш ако така се обраќаш:nod:

    Затоа постојат ОГЛАСИ за работа каде има услови за вработување.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  13. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Да бидеме реални, физичката лепота привлекува повеќе муштерии колку и да е тоа дискриминирачки,јес да лепота е релативна работа. Не за џабе бараат слика во секое cv.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Фотографии во cv за озбилна работа се едно големо no-no. Секој озбилен работодавец гледа да избегне unconscious bias кога вработува, значи не треба да му дадеш ништо што би го натерало да те прими-отфрли уште пред да ти го погледне CV-то .
    Возраст, слика, па ни пол нема потреба да стојат во озбилно CV.
    Работно искуство врзано со позицијата и детали за контакт. Толку.
     
    На Lella, tina2018, Nigredo Odor и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Ох Господе златен.
    Работодавец има право да бара по негов терк за работникот, а не за работнички права ко што е должина на работно време. Не за работнички права ко што е не смееш да прашаш дали има или планира да раѓа деца. Капираш?
     
    На RosettaStone му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    21.136
    Пол:
    Женски
    Значи ни работникот нема право да се разболи? Пошо мора да е на работа, сега и одма..
    Во ред ли е тоа што на мм газдата му одговара тоа што јас нр работам?? Нели зошто нема потреба мм да зема денови, шо има он за дете да се секира. Не е тој родител, дете си има мајка доста му е.
    А што ако дај боже јас најдам работа и се разболи дете??
    И ќе мора тој??
    Што ако он се разболи??
    До душе кај нас е нормално.
    Плати го минимална плата.. и барај да работи за дупло поголема.
    Истиот тој газда, кога неговото дете е болно, отсуствува во 1 месец повеќе него ли што мм отсуствувал за 5 години вкупно...
    Иако и од неговото присуство зависи работата многу, зошто за некои работи мора да е тој тука.
    Ама јбг, газда...
    Ако работникот бара нешто што е вон закон е едно, ама ако е нешто што му следува законски, како трудничко, боловање за дете е сосем друго, и никој не смее да го оспори тоа.
    Не може да ми каже не може да идеш на погреб, ми требаш... има денови за тоа според закон.
    Али, алиии, денови за тим билдинг оууи јеааа, ние ги сакаме нашите вработени, како фамилија ни се...
     
    На tina2018, RosettaStone и Mantub им се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Остави жити се, што објаснуваш. Они мислат вработените слуги треба да се за да лечат комплекси на нив. Како ќе се осетат моќно ако не изживувајќи се врз друг? Убаво рекол некој, дај му на човек сила и види му го паметот
     
    На RosettaStone и Цвет88 им се допаѓа ова.
  18. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.994
    Пол:
    Женски
    @referentka и мене ме имаат прашано и тоа во многу прочуена фирма(facepalm)
     
  19. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.994
    Пол:
    Женски
    А нели е тоа дискриминаторско?:^)
    Значи според ова на работа се продаваме т.е. изгледот а не знаењата и квалитетот за работење а?
     
  20. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Па е, пишува во постот дека е дискриминирачки. Отвори огласи и читај ги, " се бара млада девојка" " се бараат млади згодни девојки за бла бла"
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.