1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Објективизација на жените на работното место

Дискусија во 'На работното место' започната од RosettaStone, 25 јануари 2020.

  1. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.994
    Пол:
    Женски
    Ама кон тоа целиме дека не треба така, дискриминаторска политика е тоа.
     
    На John Snow му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.919
    Допаѓања:
    32.538
    Пол:
    Женски
    Се бараат девојчиња за работа не постари од 35 години. А тие што се постари не ги бива? И задолжително св со слика. Да не се исплашат случајно кога ќе те видат. Кретени.
     
    На dayla и RosettaStone им се допаѓа ова.
  3. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.994
    Пол:
    Женски
    Или да не им го рушиш јакиот имиџ на пресветите фирми(facepalm)
     
    На Mantub и SummerGirl им се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.919
    Допаѓања:
    32.538
    Пол:
    Женски
    Па уште и кодекс на облекување бараат. А тоа подразбира минич до пич, маичка со деколте, тенка чарапа и нормално штикла. Треба муштерии да привлекуваш. Што ќе им е бабетина.
     
    На RosettaStone му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.994
    Пол:
    Женски
    Тешка дискриминација(facepalm)
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Еднаш на интервју додека уште живеевме во Македонија покрај прашањата дали сум мажена и дали имам деца (не бев и немав), се осуди тој да прокоментира “тогаш мора да имаш сериозна врска..... заедно живеете, долго сте заедно? Ау па ти допрва ќе се уозбилуваш, ќе бидеш зафатена со организирање свадба, па после трудна ќе бидеш, па пак.....” Типичен муабет на газда |( Тоа ми беше второ интервју во живот, па ко теле одговарав на прашањата (facepalm) :wasntme:

    Инаку, сопругот не доби одлична работа зашто е женет и има дете, работата беше за претставништво што сакаа да го отвараат на другиот крај на светот, па решиле да не му ја понудат. Па работата му ја понудиле на другиот кандидат кој не бил во врска и немал деца. Додуше и на интервјуто мм си кажал дека фамилијата му е на прво место па сериозно го сфатиле :) Ова пред година дена се случи, веќе после скоро 4 години живеење и работно искуство во Шведска.

    Има и по запад исти огласи и исти прашања на интервју, нема бегање од тоа. Мене лично ми беа поставени на интервју во фирмата кај што работам, така плашливо прашаа, демек за да знаат како да планираат, не било проблем ако одма сум сакала второ дете да имам :^) Замижав на ова зашто очајно сакав да работам, инаку ќе си станев и ќе си излезев.
     
    Последна измена: 27 јануари 2020
    На Biljarkata, duffi, dunika и 3 други им се допаѓа ова.
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.919
    Допаѓања:
    32.538
    Пол:
    Женски
    @green.eyes а тој што ја добил работата им гарантирал дека нема да се ожени? (facepalm) Уште да го прашале маж ти дали се секса со тебе? (facepalm)
     
  8. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Којзнае, може и му побарале на среќникот да потпише такво нешто :D За среќа мм немал некое такво понезгодно прашање, како што има отровен јазик и екстра краток фитиљ..... опасна ситуација :rofl:
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.523
    Да не се лажеме...
    На интервјуто може да поминеш со најобјективните, каде нема да добиеш ни едно лошо прашање и ќе поминеш се како што треба според законот, но кога ќе започнеш ќе искочи се на површина.
    Луѓето се површни и гледаат пред да слушнат.
    Сум била жртва на објективизација во обете насоки.
    Колешките ти викаат - де бе се заебава, колегите си го чуваат газот.
    И зборовите ми биле мерени по тој кантар.
    Сум се осеќала највидена и најчуена и кога баш ништо паметно не сум кажувала, но и обратното кога сум имала некој кг повеќе и косава не ми била исфенирана.

    Како да ви кажам... и жените се комплетно исти. Отворете неколку теми по форумов каде се пишува за надворешноста, козметика, шминка и облека... ќе сфатите дека телото и облеката не се само амбалажа, туку за жал мнооогу повеќе.

    И не е тоа дека во Македонија, ми се случило и во странство.
    Генерално, светот е таков, луѓето се такви, површни и не препознава пол таа површност.
     
    На Stressed Out, Lella, g8lQQk и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.579
    Допаѓања:
    171.540
    Пол:
    Женски
    Дај бе не се зезајте, ОК?
    Нема потреба ни од дрскиот коментар на @Mantub упатен кон @referentka ..
    Сериозни сте?!

    Работев како асистент во сектор ЧР во една од поголемите компании пред многу време. Сликата е чисто про форма за техничките позиции. Сигурно нема да вработам жена програмер само затоа што е нашминкана со сите тракатанци по неа, како да излегла од модна писта а CVто да и е сиромашно и празно како мешето на гладно дете од Судан..
    Ама ако барам да вработам продавач/ка и те како ќе сакам да видам дали има некаква харизма. Па не зезајте, во Спорт вижн, во Ваикики и на милион други места има и мажи продавачи. Покрај тоа што се бара претходно искуство во продажба, односи со муштерии, се бара и харизма. Не може некој намќор што зјапа во земја и гледа да се сокрие во некој ќош да е погоден за работа каде ќе биде окружен 2000 души денес..

    Или пак ве погодува фактот што за кафичи бараат девојчиња.. и тоа харизматични. Епа дојдете во Берово и седнете во Пабот, ќе ве пречека еден намќор со тапија што не вика ни добар ден, ни повелете.. само изникнува пред тебе и ти вика - Шо ќе пиеш и зјапа во земја цело време? Сериозно? Таков сакате да ви ги служи муштериите?
    Девојчиња или дечки (млади) се бараат затоа што тие можат да трчкаат и да не се жалат на 10 чинии наредени на рака. И тоа сум работела и еве од искуство сега на 29год со повредена кичма јас не сум способна за таква работа. Исто би било и јас на 35год без да ја имав повредата.

    Стјуардесите и покрај тоа што се убави, поминуваат ригорозни обуки и тестови пред да почнат да летаат. Таа убава фасада од надвор е само тоа - фасада.

    Не се криви фирмите кај нас, туку културата што ја немаме. Може и најсекси девојка да ми дојде на интервју ама да не ја вработам затоа што нема квалификации. И никогаш нема да ја прашам дали е мажена, дали има деца..
    На интервју се прашуваат сосема други прашања, а не лични
    Од поличните прашања единствено сакам да прашувам каде се гледа за 2-3 или 5 години, за да можам да проценам за каков работник станува збор.

    Апсолутно никој не ви ставил нож под грло да одговорите дали сте мажени и дали ќе раѓате за 2год..
    Кажете им дека не ги засега и е ваша приватност. Можеби после многу такви одговори ќе се освестат.

    Патем, сметам дека такви прашања поставуваат оние од микро и малите претпријатија, кои што немаат прилика да вработат професионалец во областа на ЧР па како знаат и умеат си работат.

    А посебен круг во пеколот треба за оние што прашуваат дали можеш да одиш на патувања со нив. И оние што прашуваат дали ќе раѓаш.. ќе раѓам, 20 деца ми се на список|(


    И уште нешто, од оваа позиција на менаџер и сопственик на претпријатие можам да кажам дека сум добила CV со фотки за запрепастување а никогаш не сум пишала CV со слика на мејл..... Само затоа што сум барала лице од женски пол за работа, не значи дека треба да ми прати слика од плажа, кропната само фацата ама малку се гледа и морето во позадина(facepalm)
    Извини ама не влегуваш ни во потесен круг, а не па да те вработам. Па ако сакаш имај квалификации за 20 души.
    Подобро прати го без слика, немав и онака наведено CV со слика..

    И да барам одржувач на мојата веб страна која патем е и онлајн продавница, секако дека ќе те прашам дали си слободна 24/7.. затоа што ако не си слободна кога мене ми треба, ако има проблем со сервери и чуда..тогаш не ми требаш воопшто.
     
    На asdas, referentka, RosettaStone и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Прво велиш мојот коментар бил нападен, а велиш дека посебно место има во пеколот за работодавци што прашуваат дали ќе раѓаш? Па јас истото го зборам цело време.
    Второ, споредуваш неспоредливи работи. Не значи дека ако ми пречи што на огласот напишале дека бараат девојче за келнерка, не значи дека ако ми пречи тоа, сакам да ме служи некој намќор што гледа цело време во земја. Немаше огласот да ми пречи доколку бараат работници без разлика на пол. А на интервју да посочат дека е потребна љубезност. Бидејќи и јас сакам келнерите да се љубезни со мене.
    И трето, не се слагам воопшто дека треба вработениот да е онлајн увек кога ќе ти притреба. Нема никаква логика, смисла нема, на стоматолог забот го поправа, ти ѕвониш за страната? Ако сакаш толку удобно да живееш и да имаш човек кој е тука на повик, ќе си вработиш 3ца луѓе, сите по 8 сати во денот различна смена, 24 часа ти се покриени.
     
    На Bezimenka90, dayla, Lella и 3 други им се допаѓа ова.
  12. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    3.629
    Пол:
    Женски
    Апсолутно сите ти ставаат нож под грло да кажеш дали си мажена, дали планираш да раѓаш и колку бараш. Ако не кажеш, нема работа. Против тоа се бориме.
     
    На RosettaStone и Mantub им се допаѓа ова.
  13. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.994
    Пол:
    Женски
    Прашањето ми го постави раководител на ЧР во една од топ фирми кај нас кој бтв е добитник на награда за најспособен од таа област од МАЧР(facepalm)
    А оние другите поглупи прашања ми ги поставија газди токму на вакви фирми кои ги опиша погоре.

    Не мора да им кажуваме. Јас кај овој најпрофесионалниов најискрено се збунив затоа одговорив, во иднина би рекла само да не го одолвлекуваме интервјуто со споделување лични податоци и да се фокусираме на професијата. Колку сакаат нека се мрштат и сметаат за непогодна. Последниве неколку години ми се имаат отворено очите за цел живот претходно и за сметка на сите грешки направени досега на интервјуа од неискуство и непознавање на законодавството, ама веќе не е таква состојбата кај мене:D 8)

    Или робот:lol:
     
    На Biljarkata, Cosmic Girl, Mantub и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    3.629
    Пол:
    Женски
    Фактот дека со одговорила апропо кажува дека можно е да те примиле поради тоа што точно си одговорила на прашањето. Иначе се слагам со тебе, не мора да се одговори, поготово што луѓево се иселија па и нема кој да работи. Ваљда ќе се свестат да не поставуваат дискриминаторски прашања бидејќи ќе нема кој да работи.
     
    На RosettaStone му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Прво да се научат како оглас се пишува, кои работи смеат а кои не смеат да стојат внатре, па после да менуваме менталитет и да отфрламе предрасуди кога ќе дојде ред интервју со личноста.
    И не, не продаваат убави девојки, продаваат шармантни, весели, природни, продава и тетка од 50 години која знае како, а не продава нашминкана кукла која мисли дека на г'з паѓаат муштериите од нејзината лепота.
    Мене на интервју и да не ме прашаат дали сум мажена и колку деца имам, сама си кажувам каква ми е состојбата дома, колку и како можам да отсуствувам, дали можам прекувремено и колку, дека немам баби, дедовци, тетки да ми чуваат дете...ако им одговара арно, ако не, ќе си барам друго. Не сакам да ветувам се' и сешто само да ја добијам работата па после да се расправам и на работа и дома како ќе стигнам се да направам. Затоа и не ми сметаат некои прашања од тој тип, сакам да знам се' за работата пред да прифатам за да знам што ме чека.
    Инаку, објективизација е темата, сум забегала.
     
    На MeowMeow, Biljarkata, tina2018 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    7.711
    Пол:
    Женски
    Како жена сум била и дискриминирана кога сум барала работа, а сум видела како и други дискриминираат кога бираат работнички. Најчесто „менаџерите“ дискриминираат од финансиски причини - пр. млада и згодна девојка повеќе привлекува муштерии или работничка ако планира мајчинсто и раѓање ќе е лош работник зашто често ќе отсуствува. Ама тоа е толку ограничено и еднострано според мене. Пр. има луѓе што се на работа секој ден, без ден отсуство, па се помалку продуктивни од младите мајки кои земаат боледување по потреба. ... Ама таквите менаџери и треба да се остават да си го најдат нивниот „идеален“ работник, па да си се помачат убаво со него, па тогаш можеби ќе научат... хехехе. Инаку, муабетот за сликата во CV - таа му користи на оној што го чита CV-то - за да го поврзе со лик она што е напишано во него. Оној што интервјуира веднаш има претстава кого очекува на разговор, а ако има многу кандидати му помага и да ги запомни подобро. Од сликата и воопшто од CV-то гледаш прво колку е компјутерски писмен кандидатот. Некои верувале или не, не знаат ни да ја прикачат сликата или ставаат несоодветни слики од кафеана или слики со смешен наслов на фајлот. Тоа што се злоупотребува сликата за некој да гледа сеир мене ми е во најмала рака крајно непрофесионално.
     
    На RosettaStone, SummerGirl, asdas и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.582
    Допаѓања:
    155.746
    Пол:
    Женски
    1) Се сеќавам кога почнав да работам и дур учев уште седев со шефицата и си учев онака зад шалтер кога немаше луѓе. И мене оти помлада не ме праша дали ќе раѓам ама таа шо идеше после мене за обука, не само шо ја праша дали ќе раѓа (свежо верена), туку ѝ рече дека ако сака да гледа иднина тука не смеј да раѓа во наредни две години оти ќе добие отказ. Нормално, ова не е евидентирано во договорот. И нормално, барем према мене е крајно грешно, и дрско. Или како шо споменавте погоре, посебен круг во пекол за работодавци кои го прашуваат ова.

    Од една страна сфаќам, земаат работник и очекуваат да биди таму. Ама можи секаква болест да се најди или несреќа и пак на боловање да оди вработениот. Ова не се работи шо се предвидуваат и е апсурдно да се дискриминираат жените на основа пород. Па уште полошо, да имаат помалку работни шанси и шанси за напредвање само зошто се жени и потенцијални мајки. Накратко јас сум од оние шо сфаќам зошто нешто постои, ама према мене е грешно. :D

    2) Исто и за слики во цв. Да, цела Европа, Америките и светот генерално ставаат слика во цв и до негде ја сфаќам потребата од то, за идентификација пред се. Ама, то не го менва фактот дека многу работодавци бираат кандидатки по изглед, и од тука одам на мојата следна поента:

    3) Сексуализирање на жени од страна на работодавци и очекување услуги за возврат. Макар и да не очекуваат ништо, доволно е да се стари мањачишта. Грешно е, незагонско е. За жал, често е.
     
    На tina2018, RosettaStone, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Очекува работодавецот да си тука да, но јас не зборам за отсуства кои не следуваат по закон, па ајде сега од милостина да им дадеме слободни дена.
    Нашиве жални газди, сакаат да глумат газди као ти плаќам мораш да си тука, а фирма што е разработена ќе си дозволи 3ца работници по 8 часа секој за 24 часа да има некој достапен, ама уствари овие газди за кои зборам немаат пари да вработат толку луѓе па изживувај се врз тие што се тука. Епа ако си газда, плати, а ако немаш да платиш повеќе луѓе тогаш не си газда само искомплексирана особа. Особено прежално кога доаѓа од жена кон жена
     
    На Цвет88, RosettaStone и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  19. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    3.629
    Пол:
    Женски
    Ти кажуваш дека немаш баби за да си го испланираш своето време, и тоа е нормално. Ама работните саати си стојат во огласот, и немаш зашто да се правдаш или расправаш кога ќе те примат. Тоа е тоа што не штима, од кога ќе влезеш на работа ја гледаш вистинската приказна. Немаат луѓе па те ставаат и ден и ноќ на распоред или платата не е таа што ја кажале.
     
    На RosettaStone, Цвет88 и Mantub им се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.230
    Допаѓања:
    165.901
    Од објектификација , врти сучи на дискриминација...
    И едното и другото го прават ригидни, традиционални, да не речам патријархални општества, балкански, азиски (за афрички не знам:)).
    Имам видено и дебела стјуардеса, и смешно ми дојде, веројатно оти асоцира на тешко подвижна особа. Реално, на нејзино место не би била стјуардеса, нозете би ме болеле. Имам видено и стари стјуардеси, кога велам стари значи преку 50 години. Ама тешка работа е тоа, си бара психофизичка спремност и откажување од стандарден животен стил.
    Во Европа главно нит старост, нит изглед се битни за било која професија. И интересно, кариерата е за цел живот, оти и келнерката старее и сеуште е келнерка, оти тоа и е професија. Да, по големите молови што работат и делник и празник, претежно работат млади, оти старите не си го даваат комодитетот и викендот за ниедни пари. И така треба да биде.

    Ништо битно не кажав, ама морав да ја испоштовам темава. Добра тема, слабо дискусија а и јас слаб фокус деновиве:wasntme:
     
    На tina2018 и RosettaStone им се допаѓа ова.