1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ова не е американски филм

Дискусија во 'Филмови' започната од bitter-girl, 25 февруари 2011.

  1. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    „Ова не е американски филм“

    [​IMG]

    Дебитантското долгометражно остварување на режисерот Сашо Павловски, премиерно ќе се прикаже вечерва во киното „Милениум“

    Режија: Сашо Павловски

    Актери: Сенко Велинов, Тања Мицков, Славиша Каевски, Тони Наумовски, Кај Еванс

    По свечената премиера, филмот ќе продолжи да се прикажува на редовниот репертоар на киното „Милениум“.

    „Ова не е американски филм“ е работен според истоимениот драмски текст на Сашо Миленковски. Продуцент е Дејан Илиев, директор на фотографијата Дејан Димески, а арт-директор е Игор Тошевски. Во филмот играат Сенко Велинов, Игор Ангелов, Славиша Каевски, Ѓорѓи Јолевски, Златко Митревски, Кај Еванс, Тони Наумовски и Никола Ристановски.

    Ова е еден од „оние“ филмови чиишто реплики остануваат долго и се дел од секој разговор. Убаво е да се види како најдобрите македонски актери собрани на едно место успеваат да направат нешто забавно, авантуристично, урбано, а сепак светско.

    Еве за што одприлика станува збор:
    Големиот шеф е средовечен човек, водач на банда ситни криминалци, коишто живеат од ситен криминал. Додека тој и неговата банда сонуваат за гламур, нивниот живот е исполнет со беда, пиење бесконечно многу кафиња и приказни за американските филмови. Шефот како и останатите членови на бандата имаат посебни филмски моќи, со кои можат да влијаат на филмот.

    Но шефот е на умирање. Сепак спасителот наскоро пристигнува од Америка: една млада жена, Маја, која се враќа во својата татковина. Подготвена и школувана за правење филмови во Америка, таа им ги нуди своите услуги на шефот и неговата скептична банда заедно со план за голем грабеж. Нивниот план е да се преправаат дека се снима филм со цел да се добие пристап до Америкаската Амбасада во Скопје. И конечно, кога стигнуваат до тајната просторија во Амбасадата, која е седум спрата под земја, ги чека непријатно изненадување...

    Барав, но не најдов ваква тема. Ако се повторувам се извинувам, слободно бришете ја темата! :)
    Јас нема да имам прилика да го гледам филмов многу скоро, можеби ако го има на репертоар во нашите кина и по 1 недела. Би сакала сите критики без разлика дали позитивни или негативни за филмот да ги споделиме тука. :)
     
    На leticijaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Да ми речат - раскажи за што се работи филмот, нема да знам да бекнам.
    :x

    Мислев Мајки на Манчевски го удри дното, сум погрешила.

    Ова е дното.
    |(

    Ужасен.

    Неинвентивен, глупав, напати досаден.
    Од целиот филм, ова ќе ви остане во глава... Фејд аут. Kат.
    Tолку.

    Сенко Велинов... Мајчице, зошто?
    Абре греотка е такви македонски актери како него и Никола Ристановски да се врзуваат со вакви бесмислени проектчиња.

    За другите актери, Тања Мицков од Бугарија и тој американецот. . . |(
    Боже помогни.
    Имам едно прашање - кој дозволил финансии за филмов?

    До кога на Македонија ќе и се случува вакво фијаско?
    Ужасно.

    Тоа е мојот последен суд.

    пишува Марина Костова

    (Божица благодарам на коментарот кој ми го прати, го опишува филмов подобро од мене)

    Да беше американски филм, дебито на Сашо Павловски немаше ни да има кинодистрибуција туку ќе беше издаден директно на ДВД. Но "Ова не е американски филм" е македонски филм, и затоа, како таков, во најголемото кино во земјата се прикажува од ДВД.
    Снимен по сценарио на Чехот Павеј Јех, според истоимениот драмски текст на Сашо Миленковски, филмот е бескрајно наивен обид да се деконструира холивудскиот филм, со дискурс кој бил застарен уште пред еден век.
    Приказната за еден скопски бандит кој е смртно болен, па за да направи еден голем потег пред смртта, решава да ја ограби американската амбасада, е толку тенка што дури и обидот да се изведе како игра во стилот филм-во филм-во филм не ја спасува. Изгледа дека ниту сценаристот немал што да каже ниту режисерот знаел како.
    Ако замислата била да се направи гангстерска комедија во стилот на Тарантино, како што изјавуваше авторот, тогаш има сериозно недоразбирање. Поигрувањето со жанровите кај Тарантино е безобразно и авторски силно, пред сè, оти тој го прави тоа во функција на откривање и истражување на нова идеја. Цитирањето филмови во едно дело, само по себе, не значи ништо ако делото само не открива нова суштина. Затоа и кај Тарантино цитирањето вреди, а кај Павловски не. Затоа и најкомичниот елемент во филмот на Павловски е фактот што еден лик цело време говори во реплики од филмови, ама по секоја реплика кажува од кој филм е - за секој случај, да не не го разбереме.
    "Ова не е американски филм" не може да се квалификува ни за култниот статус на најлош македонски филм (а конкуренцијата е силна). Од проста причина што не е филм. Туку е еден долг збир на бајати ТВ-скечеви кои дури не се ни смешни. Но дури и за ТВ-производ, има недозволиви грешки во тонската синхронизација (освен таму каде што е намерно асинхрон, демек како стилска вежба), и е толку бавен што, чиниш, стои во место.
    Сенко Велинов, инаку актер од кариера, игра спин-оф од своите ликови во последниве македонски ТВ-комедии. А за перформансот на Кај Еванс од САД и на Тања Мицков од Бугарија нема што да се каже. Тоа не може ни да се пародира.
    Министерството за култура и Филмскиот фонд во два наврата го финансираа ова сценарио. Легитимно прашање е: кој и зошто ја донел таа одлука?
     
    На KuklickaSk и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  3. leticijaa

    leticijaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Еве една информација за филмот (Рецензија од вестник „Дневник„02.03.2011)

    Ова не е македонски театар

    Fade in (појавување слика-филмски жаргон). Во домашните киносали пред неколку години со голем успех се прикажа урбаниот „Балканкан“ на Дарко Митрески, кој ја потврди жедта на македонската публика за таков филмски приод. Fade out (затемнување, исчезнување слика-филмски жаргон). Појавување. На нашата аматерска и професионална театарска сцена на неколку пати е поставен драмскиот текст на Сашо Миленковски „Ова не е американски филм“ со интересната и динамична „филм во филм“ идеја. (затемнување)

    (појавување). Во киното „Милениум“ во Скопје започнува проекцијата на најсвежиот македонски филм со истиот наслов, режисерски првенец на Сашо Павловски. (затемнување) (појавување „Саундтракот“ на најавната шпица го има адутот во „траката“ на бендот „Фолтин“. (акција) Почнува приказната за типично мафијашко битисување на овие простори преку карикирани ликови и искршено дејство на филмско исликување. Во соработка со режисерот, сценаристот Павел Јех (кој во родната Чешка веќе има претходно искуство со сценаријата за два целовечерни и едно краткометражно остварување) е автор на филмската предлошка што се обидува на за-публиката-приемчив-начин да ја преточи идејата за функционално течење на 24-те слики во секунда. Во тие рамки се и „поклонувањата“ кон вонвременските филмски мајстории во ремек-делата на седмата уметност до ниво кое, сепак, не може, а да не предизвика спротивен ефект од посакуваниот. (затемнување) (појавување). Филмот е снимен на локации во Македонија (Музејот на современата уметност „ја глуми“ американската амбасада што во текот на филмот треба да е предмет на грабеж). Умешно е водена камерата во рацете на Дејан Димески. Сосема соодветни се костимите на Раде Василев. Радуваат ефектите на тандемот Кристијан Даниловски и Марко Чулев. (сечи!)(појавување) Со неколкумина како исклучок, поголемиот дел од улогите ги толкуваат артисти од неколку наши театарски ансамбли. И тука, се чини, е најголемиот проблем: малкумина од нив успеале заминувајќи на филмскиот сет да го остават дома театарскиот багаж. Со оглед на големиот дел од шармот на филмот што треба „да го носат“ досетливите реплики, претераното карикирање (на моменти, ќе простите, и пренемагање) до таа мера „го убива“ посакуваното што не може да не се чудите за пропуштената пригода. Дури и врз режисерските недоследности во динамиката на водењето на дејството може да гледате со симпатија низ призмата на филмско првороденче. Но кај дел од артистичката понуда, црвената линија на преглумување, едноставно е помината.

    Како најдобар пример за тоа како може и како треба да се подготви особено еден млад актер за филмска (наспроти театарската) игра е носителката на главната женска улога Тања Мицков, над чиј однос кон камерата донесен од бугарската филмска школа, може да се замисли нашата млада актерска „елита“. Нејзината леснотија во креирањето на ликот на Маја е подоброто што го видовме во 86-те филмски минути (заедно со коректноста на Велинов, Ристановски, Јовановски, Јолевски, Арсовски, Чеврески).(затемнување) ;)

    (појавување) „Ова не е американски филм“ ќе има публика. Повеќе или помалку задоволна, но тоа и не е толку важно. Неговата мисија во ослободувањето на нашата кинематографија од клаустрофобичноста во изборот на темите што ќе се филмуваат е исполнета. За среќа. И со надеж. (затемнување. крај). :emo: :)
     
  4. leticijaa

    leticijaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Така да, јас не се согласувам со Трендафилка и сметам дека Тања Мицков направи одлична улога,
    не очекувана за македонската публика во нај хуманата смисла на зборот,и би сакала да ја гледам во повеке наши остварувања :)
     
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.185
    Допаѓања:
    23.873
    Катастрофа и најлошо потрошени 150 денари во мојот живот!
     
  6. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Хаха, уште една смешка од "филм". Го имам гледано и заборавив на него после пет минути, единствено се сеќавам дека беше многу досаден. Ова не е американски филм, ова е срање. Ова не може ни филм да се нарече.