1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Овесна каша

Дискусија во 'Рецепти' започната од Divajn, 2 јули 2013.

  1. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    225
    Број еден појадок на запад , нејзиното височество - Овесна каша
    ( иако кај нас не знам колку е омилена и колку често е застапена меѓу оброците )
    Овесот е познат по повеќе благодети.
    Не содржи холестерол, богат е со протеини ( најбогат со истите меѓу житарици ), витамини од група Б ( особено Б1 - тиамин ) , минерали ( калциум, хлор, фосфор, магнезиум, железо , јод ) , незаситени масни киселини ( олеинска и линоленска ) , антиоксиданси.
    Исто така содржи растворливи растителни влакна кои го регулираат варењето на храната, а бета глукан од истите помага во намалување на " лошиот " холестерол во крвта.
    Влакната исто го забавуваат варењето на јаглехидрати, па тие побавно се ослободуваат и бавно навлегуваат во крвните садови , со што се спречува нагол пораст на шеќер во крвта.
    Има понизок гликемиски индекс од останатите житарици
    ( кој исто така варира во зависност од преработката - најмалку преработените имаат најнизок гликемиски индекс )
    , и дава ситост подолго време.

    На пазарот може да се најде во неколку облици, кои се разликуваат во зависност од тоа колку се преработени. Искрено, освен " овесни снегулки " , друг термин за истите немам сретнато, иако во Америка се познати како steel cut, rolled, quick oats.
    [​IMG]

    Јас ги јадам секојдневно, и постојано пробувам нови комбинации. Меѓу поомилената ми е

    Овесна каша со кокос и бадеми

    Потребно:
    - 40 g овесни снегулки
    - 250 ml вода / млеко ( јас користам пола - пола )
    - прстофат сол
    - 2 супени лажици кокосово брашно
    - 1/2 кафена лажичка екстракт од ванила
    - неколку бадеми
    - малку темно чоколадо

    Се става водата / млекото , со малку сол да зоврие, по што се додаваат овесните снегулки, ванила и се вари на средна температура додека да се постигне посакуваната густина ( што зависи од тип на овесот , од 1 - 5 мин за обичните овесни снегулки )
    Потоа се префрла во чинија, се додава уште малку млеко ( по желба ) , а одозгора се посипува со кокос, сецкани бадеми и сецкано / рендано чоколадо.

    Нешто стил вака

    [​IMG]


    Вие дали и колку често јадете овесна каша ? На кој начин ја подготвувате ?
     
    На Alex.T, simoncelicius, Fatrix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    САКАМ да јадам, но сум пробала и со млеко и со јогурт и ич не ми се свиѓа вкусот, незнам што да искомбинирам за да ми добие некој убав привлечен вкус...еве ке го пробам твојот рецепт ама скептична сум малку и затоа најчесто јадам оние житарици со бадеми и лешници потопени во млеко.
     
  3. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Јас ја јадам на следниот начин.. Топлам млеко, му клавам едно лајче мед, какао, си турам овес и една банана си сечам на крукчиња и убавини .. сита долго време ме држи и мислам нема поубав појадок.
     
  4. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Мусли сум јадела ама овесна каша не сеуште.Знам дека муслите се уставри овес ама овесот се вари а муслите може да се јадат ладни или со топло млеко.
    Баш оние сега што ги јадам се мешавина од овес,јачмен и семиња.
    Ајде препорачете некои да видам баш дали ќе можам да ги најдам во маркет :)
     
  5. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    225

    Јас ги земам овие , ги има секаде по поголемиве маркети, во делот со Виталиа производи .
    [​IMG]

    И да се самоцитирам, заборавив да пишам дека се додава и засладувач по избор ( јас користам Стевиа , меѓутоа може да се додаде и јаворов сируп, мед и сл. ).
     
    На kajl и Cacy им се допаѓа ова.
  6. D1A2N3I4

    D1A2N3I4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    42
    Јас најчесто овесните снегулски ги јадам со млеко, но едно време пробав со пасирана банана и овесни снегулки, што мене многу ми се допадна, исто така можи да се додаде и суво грозје !!!
     
  7. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Јас овесната каша ја правам наједноставно и супер ми е таква.Овесните снегулки ги потопувам во јогурт,и тоа е тоа.
    Њам,њам... :inlove:
     
  8. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    јадете си ја секоја вечер(место вечера-овесна каша) и ќе имате рамен стомак без маки. ;)
     
  9. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    225
    Да ја освежам темава со уште по некој омилен рецепт :)

    Брауни со овесни снегулки

    [​IMG]

    - 80 ml млеко
    - половина добро испасирана банана*
    - 1/4 каф.л. ванила екстракт
    - 3 - 4 каф. л. какао
    - 40 г. овесни снегулки
    - 1/4 каф. л. прашок за пециво
    - засладувач по избор* ( може да се изостави, тука бананата игра улога на засладувач :) )
    - малку сол

    Се загрева рерната на 180 степени.
    Одделно се мешаат течните состојки, а потоа се додаваат сувите.
    Добро се меша се' заедно, и се реди во намачкан сад за печење ( некој помал ).
    Печете точно 18 минути, и имате совршен појадок - десерт :D
    На крај јас нароснувам малку кокос, и преубаво е :)

    * Имам правено и варијанта без банана, со тоа што ја заменив со три пакетчиња Стевиа, но дефинитивно е поубаво со банана, излегува меко и воздушесто :D



    Parfait* од праски

    [​IMG]


    - праска со средна големина ( поситно исецкана , по желба излупена )
    - 40 г. овесни снегулки ( претходно тостирани колку да заруменат )
    - кафеав шеќер ( или било кој засладувач )
    - малку цимет ( опционално )
    - 100 мл. ванила јогурт ( јас користам Баланс, и во него додавам малку екстракт од ванила и Стевиа )

    Во еден сад претходно се мешаат парчињата праска, шеќер и цимет.
    Потоа во голема чаша се става дел од јогуртот , па ред праски, и на крај овесни снегулки. Постапката се повторува додека има залихи :D
    Завршувате со слој од јогурт, а одозгора може да ставите некое јаткасто овошје, јаготки и сл.

    * не можев да најдам точен превод, потекнува од француски збор "parafit" во превод - "перфектно".
    Десертов иако не е " каша " , ради овесниве снегулки решив да го ставам тука :)
     
    На Fatrix, MaxyMax, TheIdealMe и 2 други им се допаѓа ова.
  10. TheIdealMe

    TheIdealMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    88
    Кај нас се води како парфе, инаку тоа е замрзнат десерт. Извинете за офф... еве линк https://en.wikipedia.org/wiki/Parfait_(food) Инаку брунито изгледа одлично а и со одлични здрави состојки на листата ке биде дефинитивно ;)
    http://www.tortijada.mk/mk/mesani-deserti/300-parfe-orevi.html
     
    На Divajn му/ѝ се допаѓа ова.
  11. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Често купувам овесни снегулки.
    Најчесто ги потопувам во млеко, додавам цимет, банана, суво грозје, какао, што имам при рака. :)
    Мене овесот ми е многу вкусен. Пробајте и со несквик. Стоплете млеко, додадете 1 лаж.несквик и потопете ги овесните снегулки. :)
     
  12. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.282
    Ги јадев со јогурт, ама ми се здосадија.
    Почнав да експериментирам со банана, цимет, суво овошје што се има при рака.. ама омилен рецепт деновиве ми е со нескафе. Прајслес појадок за кафеманијаци. Ставам 200мл млеко да да се топли, 3 раце снегулки, мешам и чекам да омекнат. Настрана во една чаша ставам 2 лажици нес (може на некој многу да биде) и сосема малку млеко, колку да се растопи. Откако ќе бидат омекнати житарките ги ставам во чинија, истурам кафенцето et voilà !

    п.с. Не ставам никаков засладувач, бегам од благо.
     
  13. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Секое утро јадам овесна каша и многу брзо и едноставно ја приготвувам, а и ме држи сита 5 саата. Пасирам една банана и откако убаво ќе ја испасирам додавам три супени лажици овесни снегулки и на крајот додавам малку млеко, а некогаш и вода. Мене оваа комбинација ми е преубава.
    Исто така овошните снегулки знам некогаш да ги јадам и со јогурт :)
     
  14. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Еве сега дури појадувам и бидејќи е петок (посно) си правам:
    3-4 лажичиња овесни трици
    1 лажица овесни снегулки
    1 лажиче мелен лен
    1 лажиче чиа
    1 лажиче мед
    пола лажиче цимет
    сето ова го топам во соино млеко и чекам 15 мин. (таман дури го испијам ѓумбирот) :)
     
    На Ana-Marija24 и bubac им се допаѓа ова.
  15. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Овесот дава многу сила.
    Познато е дека коњите ги хранат со овес за да можат да имат повеке енергија.

    Јас преферирам овес во зрно.
    Сметам дека така ја задржува целокупната своја животна енергија.

    Еве како го подготвувам:
    во едно литро вода ставам 1 +1/2 шоља овес, да зоврие 4-5 минути;
    го тргам од оган и го завиткувам во пластична кеса (може овие од Веро, Тинекс,..)
    Ако е летно време за брзо време, за 2 часа може да се отвори;
    зимно време е малку подолго и трреба да се покрие со некое кебе.

    За то време, зрната се распукуваат и нема потреба од дополнително варење.
    На овој начин се заштедува многу енергија.

    Го сервирам со 1 лажица мед. 1/2 лажиче цимет,
    1 лажица мелен интегрален сусам, 1 лажица мелено ленено семе и 2-3 мелени бадеми.

    Овакава комбинација дава многу енергија и држи до ручек.

    Истото тоа го правам и со интегрален ориз
    оризот го спремам на ист начин; за интегралниот ориз се знае дека е многу рамнотежна храна, има идеалн однос на ј.хидрати:протеини, 7:1. После јадење на интегрален ориз не се
    чувствува потреба од некои други дополни на храна. На пример кога јадам компир секогаш чувствувм потреба за протеини, а кога јадам грав потреба за ј.хидрати Но тоа не случај со оризот.Забележете.

    Наздравје
     
    На macunka и sunfemina им се допаѓа ова.
  16. LuxyFeminist

    LuxyFeminist Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    15
    Со овесот почнав да се дружам од пред некое време кога почнав здраво да се исхранувам.Го јадам обично за појадок, но од него правам и овесно брашно што го користам во различни специјалитети.
    На почетокот воопшто а сега не можам без него :D

    Еве еден најобичен појадок сличен како вашите.

    Земам овесни снегулки онолку колку ми собира во двете дланки споени заедно.Додавам 200-250ml нискомаслено млеко или бадемово млеко и ги ставам во микробранова.На тој начин ќе се стопли млекото а и снегулките ќе набабрат.На крај ставам ореви или кругчиња банани и цимет.

    Појадокот може да ме држи дури до 5 часа сита.Ќе постирам во друга тема за еден рецепт со овесни снегулки во микробранова што обично ми е како ужина.
     
    На ma4enceEdno му/ѝ се допаѓа ова.
  17. interistkadva

    interistkadva Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1
    Дали некој ги пробал новите овесни каши што се на виталиа со малина и чоколада ,какви се дали се убави и која им е цената ?
     
  18. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Не сум ги пробала, но сигурно се убави. Цена: 17 денари
    Ама верувам дека се покалорични во споредба со домашната комбинација.
     
  19. interistkadva

    interistkadva Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1
    Сега разгледав тие со чоколада 205 калории а тие со малина 192 не е многу како за појадок е одлично ... поззз
     
  20. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Јас ги имам пробано и искрено многу ми се благи некако, посебно од чоколадо кашата што е. Убави се на вкус не велам не, меѓутоа кога пак би ги јадела, би јадела само од кашата од малина што е :)