1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Овесна каша

Дискусија во 'Рецепти' започната од Divajn, 2 јули 2013.

  1. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Јас овесот го правам, т.е го мешам со малтекс. Ставам неколку лажици малтекс, зависи колку овес имам ставено претходно и го мешам убаво тоа, се додека смесата не се соедини како што треба. Леплива, густа и многу слатка смеса се добива, до пред некое време живеев за комбинацијава, му дава енергија невидена на организмот и најубаво е да се јаде насабајле. Повкусно и поздраво, амин.

    Исто овесот го мешав и со какао.
    Овесните снегулки ги потопував во какао сварено, убаво е али не е нешто воодушевувачки. Просечна овесна кашичка, кога не знаеш што да јадеш.
    :D
     
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.403
    Јас се навлеков на овесни снегулки (а понекогаш и други, што ми дојде :D ), со ленено семе, свежи малини и битолско кисело млеко (од плавото, обичното). Лененото семе го ставам цело, не е мелено. Знам дека подобро е мелено, ама ова ми е мнооогу вкусно!

    Многу ми се допаѓа компинацијава, само имам еден сериозен проблем. Многу е поубава кога ќе отстои 15 минути, а јас... не можам да чекам да отстои :D
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345

    Девојче ,
    лененото семе мора да се меле, организмот не го искористува поинаку.
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  4. iloveugirl

    iloveugirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    217
    Изгледа и јас ќе се навлечам на ова :D ама имам неколку проблеми
    1. колку време треба да се варат во вода овие http://www.jatrgovac.com/usdocs/bruggen-haferflocken-500-g.jpg јас пробав потопени во јогурт но така не ми се допаѓаа
    (со јогурт јадам само тие брекфаст мусли од 1кг на виталија што се)
    па ајде да пробам со вода и ја ставив прво да зоврие водата од око ставив и после ставив 5 големи лажици од овие овесните а на кесата пишуваше нешто на германски (А јас сум тапа со германскиот :D ) и нешто имаше 5-10 минути незнам што значеше то но јас моеве ги варев неполни 5 мин... можеби треба заедно со водата во исто време да ги ставам да се варат
    2. колку калории имаат вака варени бидејки на пакувањето пишува на 100 гр има 372 кцал :o а нна интернет напишам oatmeal calories и едвај во 100 грами има 71 калорија.. тоа е дека нели ова е варено но тие останатите калории што сега ги нема каде се? дали треба кога ке завршам во варењето на кашата водата да ја прецадам а јас мојата денес не ја цадев и ми беше многу многу вкусна кашата со исецкана банана и цимет уф уф но проблем ми се калориите и ова начинот на припрема :^)
    помош :angel:
     
  5. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Овесни снегулки?

    Гледам денес во КАМ маркет 500гр некаде 50-60 денари,
    има и поскапи.(германско производство)
    После тоа одам каде што се продаваат инегрални зрна, сончогледи and such things,
    цената на 1 кг овес во зрна е 160 ден.

    И сега ако се направи калкулација се поставува прашање, како им се исплати
    да ги импрегнираат, значи тоа се плус технолошки операции, па пакување, амбалажа,
    па мора маркетинг, и овесните снегулки поефтини од 1 кг овес во зрно.

    Вие што мислите?
     
  6. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Јас не сум знаела дека треба да се варат :^) , околу 200-250 мл млеко си топлам, го турам во чинијата и си турам од око овесни, и чекам 5 мин тие си набабруват и гнетам.
     
  7. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497

    Леле Ариел, сабајлево ја пробав комбинацијава од овес, малини и кисело млеко, па ова е комбинација снова. :D Само место ленено семе дека немав дома моментално, ставив сончоглед лупен на Виталиа, излезе превкусно!

    И апсолутно е поубаво ако отстои минимум еве десетина минути, ама ни јас не можам да чекам, осеќам дека мора во истиот момент да го смачкам. :D
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nekoja85

    nekoja85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    216
    Мојот рецепт за овесна каша (варена) :) Обично ги купувам оние од Веро пакуваните овесни снегулки (повеќе ми се допаѓаат бидејќи се како кршени, поситни)
    - ставам околу 4-5 лажици овесни снегулки, ги полевам со вода/млеко и ги ставам да се варат.. Откако ќе згуснат, си ги ставам во тањирче, ставам одозгора суво грозје, кокос и сецкам бадеми (непечени) или ореви врз кашата. За да бидат благи ставам одозгора 1-1.5 лажица мед, а доколку немам мед при варење ставам 1 лажица фруктозен шеќер... мх мх мх :smirk: :smirk: препорачувам :)

    вака некако би изгледало :)
     

    Прикачени фајлови:

    • image.php_.jpg
      image.php_.jpg
      Големина на фајлот:
      153,3 KB
      Прегледи:
      962
    На Mayyya му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    На овој рецепт наидов деновиве, колачиња од две состојки - овесни снегулки и банана. Опционално може да се додаде и суво грозје, ленено семе, суво овошје, ореви, лешници, цимет и сл.

    Јас сеуште не сум ги направила, ако некој ги направи нека каже какви се.

    Колачиња од овесни снегулки

    Темата е за овесна каша, ама сметав дека местото на рецептот му е тука, за обожавателите на овес. :)
     
  10. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    225
    За љубителите на вкус на ментол ( како мене :D ) уште еден рецепт .

    - 40 г. овесни снегулки
    - 250 мл. млеко / вода ( јас ставам пола - пола )
    - малку сол
    - половина добро испасирана банана ( можете по брза постапка во блендер, мене ме мрзи да го квасам, па да го мијам за " толку малку " :$ )
    - 2 - 3 кафени лажички какао
    - 1/2 кафена лажичка екстракт од ванила
    - 1/4 к.л екстракт од ментол ( ако сакате појак вкус може повеќе )
    - неколку коцки темно чоколадо ( или Афтер Ејт - уште поубаво :) )


    На најсилна температура се става млекото со прстофат сол да зоврие.
    Потоа се намалува на средна температура, се додаваат овесните снегулки и бананата.
    Откако ќе се апсорбира дел од течноста , се додава какао , екстракт од ментол и ванила и се вари додека да ја добиете посакуваната густина.
    Се сервира со парчиња сецкано чоколадо .

    Bon Appétit :)
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Вие со овесната каша + малини ... Да сте ми живи и здрави ! Превкусно !
    Јас си изнакупив од на Виталиа, овесна каша и малини, додавам банана претходно изладена во фриждер и ставам овошен јогурт (таков ептен течен е , од малини, јагоди и слични berries) и тоа ми е задолжително за појадок секое утро :)
     
    На minika му/ѝ се допаѓа ова.
  12. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.087
    Пол:
    Женски
    Како што веќе напоменаа неколку феминки, овесните снегулки се најубави кога се варат или готват во микро. Вкусот е незаменлив. Јас млеко не им ставам секогаш, затоа што и кога се сварени само во вода се преубави. Да зајдеш :D . Јас за побрзо ги готвам во микробранова. Еве го мојот рецепт.
    Ставам овесни снегулки во длабоко тањирче, и ги полевам со ладна вода. Ставам доста вода затоа што ќе упијат повеќе, ќе бидат помеки, и ќе станат баш КАША како што кажува и самото име. Значи вода да ги покрие убаво. Во микро ги ставам на најјако на една минута. После ги мешам, и пак ги враќам уште минута од прилика. Откако малку ќе оладат, им ставам малку цимет, сецкана банана и мед. Вкусот е оргазам, хаха.
    Вереникот прво беше скептик (доста е пребирлив во јадењето) и не сакаше, и еднаш му дадов да проба од моето. Од тогаш секогаш бара овесна каша за појадок, хехе.
    Прекрасен појадок, ниско калоричен, здрав и екстремно ефтин. 30тина денари и цело пакетче во Кам. :D
     
    На Divajn му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LuxyFeminist

    LuxyFeminist Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    15
    Јас ги правам овие секогаш!Значи во длабок сад ставам една/една и пол банана и околу една шолја овесни снегулки.Го соединувам цело тоа и правам облици на колачиња.И не,не користам рерна туку дирекно ги ставам во микро на околу минута-минута и пол,до душа вие сами ќе осетите миризба на колачиња.Дефинитивно се најдобри , му ставам мед и нешто овошје што имам и спремни се за јадење.Обавезно да ги пробате !
     
  14. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.865
    Пол:
    Женски
    Темава убава, но подзаборавена.
    Ајде ќе споделам и јас некои комбинации кои си ги јадам, како доручек.

    Компот од тропски овошја, пасирана банана, слатко од цреши, мешам со овес, и додавам 1 лажица мелени 4семиња (сончоглед, тиква, лен, сусам) + чиа

    Топло какао истурам врз овесните снегулки , а внатре ставам понекогаш гоџи бобинки, брусница и бадеми, може да ставам и чоколино некоја лажичка.... превкусно!
     
    На Divajn му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Јас најчесто ја правам така што ќе ги проварам овесните во млеко додека не стане густа каша, додавам лажица мед, банана сечкана, уште млеко по потреба ако треба да ја разредам и посипувам со цимет.

    Исто така и наместо банана, исто ставам мед, рендам свежо јаболко, цимет и превкусно!

    Се почесто практикуваме да јадеме овесни за појадок. Се што ти е потребно на организмот содржи, и плус убаво заситуваат.
     
    На Divajn му/ѝ се допаѓа ова.
  16. pretendmemories

    pretendmemories Активен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2014
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Омилена храна, моментално опсесија ми се Overnight Oats (овесни снегулки преку ноќ).

    Во тегла (или длабоко тањирче) се ставаат околу 1/3 овесни снегулки, 2/3 млеко и малку јогурт. Јас додавам и половина сецкана банана (од позрелите), замрзнати малини и цимет. Се покрива со фолија и се остава преку ноќ во фрижидер.

    Така сабајле си имам веќе спремен појадок, само додавам малку свежи банани и јаболка и преубаво е, овесните ги впиваат сите вкусови. Ем брзо ем вкусно :D
     
    На Divajn му/ѝ се допаѓа ова.
  17. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.282
    Моите омилени се со замрзнати јагоди.
    Со врело млеко ги попарувам житарките, да омекнат, после тоа додавам малку ладно за да ми се разреди, па ги оставам 10 минути да ми стојат во фрижидер и потоа додавам замрзнати јагоди. Имам пробано и со малинки, прекраснотии!

    Многу често, ако немам замрзнато овошје или банана, ставам јаткасти производи: толчени (по можност и печени да се) лешници, бадеми или оревчиња.
     
  18. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Jaс утре за појадок ќе ги пробам :)
     
  19. minika

    minika Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    104
    јас ретко јадам овесни снегулки но кога ги јадам ги јадам со јогурт или пак со кисело млеко :)
     
  20. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Мојот рецепт е најлесен.Во пајнца ставам неколку лажици овсени снегулки ,додавам обична вода и чекам 5 мин и после ги јадам :) .Понекогаш и со сок ги јадам,со какао,капулино итн.
    Патем видов интересни рецепти,ќе ги пробам ;)