Јас многу јадам овесни снегулки. Само што не правам каша. Не ги варам, туку само со ладно млеко ги мешам. Вака ми се поубави.
Јас ги варам во млеко додека зовријат и откако ќе се згусне додавам лажичка мед, понекогаш и кокос кога имам. најдрав и најхранлив појадок според мене
Мојата овесна каша е далеку од диетална Јас снегулките ги варам со млеко, додавам шеќер, ванилин шеќер, какао и така си ги јадам
Од утре почнувам да се хранам здраво (барем за појадок ќе јадам овесна каса или мусли). Сте комбинирале ли овесни снегулки и мусли? Јас летото комбинирав овесни снегулки, мусли, овошен јогурт и замрзнато овошје во блендер,ама ми здосадија. Сега најдов еден интересен рецепт од кој демек се слабее и до 5 кг: 300 г немасен јогурт 2 лажици овес 1 лачицка мелено ленено семе 1 лажичка какао 5-7 суви сливи Појадокот се припрема од вечер на следниов начин:со малку зовриена вода (100мл)ги преливаме сливите.Во тањирче ги мешаме овесот, какаото и лененото семе,и ги преливаме со јогурт.Сливите одкако ке набабрат ситно ги сецкаме (или во блендер) и ги додаваме во јогуртот со овес и какао.Се се меша и се остава да стои во фрижидер до наутро. Демек ако го консумираш истиов оброк во тек на еден месец може да се ослабне и до 5 кг. Јас лично не верувам дека еден месец ке можам да јадам ист појадок, ама ке ги пробам вашите рецепти.Поважно ми е појадокот да ми биде здрав одколку да ослабнам.
Мојата овесна каша денес се состои од соино млеко од ванила, малку ванилин шеќер,овесни снегулки, 1 лажичка мешавина од мелен сусам, ленено семе, семки од тиква и сончоглед,малку сушени брусници и 1 банана. Не е лошо, ама колку ќе ме држи сита ке видиме.
Хммм, овесна каша. Јас пред некој ден направив и не ми беше нешто баш по мој вкус. Овесот го имав купено одамна и така ми стоеше. После долго време решив да го сварам и као да јадам. Убаво се го сварив и му додадов исецкани ореви, суво грозје, цимет и мед. Вкусот беше убав, но некако ми беше прејако за јадење. Малку изедов и заврши во канта. Никој друг не се ни осуди да го проба.
Утрово пак си направив овесна каша: вода 1 лажиче какао 1 лажиче несквик цимет овесни снегулки 1 лажиче мешавина мелени семиња(сончоглед, лен, тиква, сусам) малку чоколадни мусли(од виталија со банана) 1 лажиче мед 4 суви урми 1 банана Вкусно е!
Јас го варам овесот со вода, колку и да му ставам цела ја упива. Потоа додавам цимет, мед, бадеми, некое суво овошје, многу ми е вкусно вака. Може одкако ќе ја сварите кашата да ја ставите во блендер и додадете други состојки па се заендо да се изблендира. Јас кога како сум со време, некогаш се заедно блендирам, некогаш посебно само ќе ги додадам состојкиве, ќе измешам малку и јадам. Поубаво ми е кога не е во блендер, повеќе ги осеќам вкусовите. Ако ставате во блендер може и свежо овошје да додадете, јогурт и семиња плус.
Јас овесните снегулки не ги варам. Најчесто ги јадам потопени во јогурт и им додавам бадеми или лешници зависи што имам дома и некое сушено овошје.
Од кои овесни снегулки најмногу користете и дали прво водата ја зовривате па ги потопувате или истовремено водата со овесот?
Јас снегулките ги јадим и солени. Се става во сад овесни снегулки,малку сол и парченце путер (по желба).Се заедно се промешува и се става во микро печка на 5 минути.Треба да зоврие,односно да се подигне/нарасне,само внимателно да се следи да не претече.Кога ќе биде на 2 мин. да се извади да се промеша и да се врати повторно уште 3 мин. Се остава малку да се олади,јас ја јадам со сирење а убава си е и така без ништо. Кога јадам блага,ја варам со млеко или вода,додавам мед и банана,исто така варам и овесна каша од ванила на Виталија (детските со пингвинчето на кутијата).
Девојки откако малку ке се провари овесот, потоа медот го додавате само одозгора или го мешате додека не се соедни смесата ?
Убава тема но малце заоставена... Јас вака ја правам: Овесните снегулки ги ставам малце да провријат во вода,колку да изврие водата и му ставам малце какао и мешам да добијат така потемна боја. Потоа ги ставам во сад за јадење и му изронувам од оние витанова житарките од јагода или брусница и сето го промешувам, одозгора сечкам банана и јагоди. Преееубаво е.