1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Овесна каша

Дискусија во 'Рецепти' започната од Divajn, 2 јули 2013.

  1. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    5.849

    Сегa прoбaв вaкa.. ми се дoпaднaa :)
    Не знaм дa ги пригoтвувaм бaш..вaкa ми се дoпaднaa:)
     
  2. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.536
    Допаѓања:
    7.800
    Пол:
    Женски
    Морам да потврдам, само што го изедов, превкусно е.

    Никогаш не ги сакав со млеко и додатоци, го имам пробно и со банана и со цимет и чоколадо и ништо не ми се допаѓаше.
    Имав обичај само наутро да ги јадам потопени во јогур без ниаккви додатоци, евентуално некогаш некое семе, ама најчесто ги земм оние со јаткасти плодови и семиња на виталија така да не ставав ништо друго.

    Ова што го правев, го правев само со млеко, без вода, ама додадов и какао и излезе како чоколадно, а одозгоа ставив лешници и ореви, иако внатре самите содржеа бадеми, лешници и кикиритки.

    Плус чоколадото го додаов дека беше сеуште топла, и почна да се подзатопува па како крем дојде од горе :mm:

    Повеќе ми дојде како десерт, нешто слично на пудинг, штета што немам доволно време наутро пред да одам на факултет да си го приготвувам, превкусно е.
     
  3. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Често јадам овесна каша за појадок. Вкусно и корисно. Ама јас и додавам свашта, си ја правам ептен богата. :D
    5-6 супени лажици овес ги варам во млеко, чекам да зоврие сето тоа и убаво да се згусне. Потоа додавам банана, лажица путер од кикиритки, и декорирам со ореви или бадеми.
    Ова ми е типична калориска бомба, идеална за пред тренинг, пред факултет па и за било кога.
     
  4. kajl

    kajl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2015
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Обожувам :inlove::inlove::inlove:
     
  5. ana992

    ana992 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    5.992
    Сите предлози и комбинации се одлични,сум ги пробала сите и во блага исолена верзија превкусни се и хранливи,сакам да САКАМ ДА ВИ ПРЕДЛОЖАМ да НЕ ги варите подолго од 5 минути,значи во зовриена вода до 5 минути ако ги држите подолго овесот ги губи хранливите состојки,и од пракса соодносот на течности е доколку ставам едно финџалче овесни снегулки додавам вода две такви финџалчиња за да добијам каша :mm:
     
    На Снегулк@23 и Alex.T им се допаѓа ова.
  6. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Овесот дури и така неварен, потопен само со топло млеко и малку банана е прекрасен, а да не зборувам за овесна каша. Утре за појадок, а верувам и 3-4 пати во неделата прва смена пред школо.
     
    На tina2018 и eli25 им се допаѓа ова.
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    122.047
    3лаж. овесни снегулки, млако млеко едно шолја, банана, какао, лешничиња, чоколадо за готвење, мед , во блендер одвечер изблендирано па утре наутро го јадам(стои во фрижидер).
    Млако млеко ставам бидејќи ми се крупно овесните па со блендирањето да се омекнат убаво.
    Варени , јас не ги можам:(
    Вака ја спремам кашата.
     
    На Eli23, Bozica1980, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Јас веќе скоро 2 месеци јадам еден ист доручек, во 99,9% случаеви.
    Овесна каша, ама без млеко, бидејќи млекото ме дуе.

    Ставам 3 лажици овесни во чинијата,
    лажица семиња (ленено, сончоглед, тиква),
    неколку урми,
    малку бадеми или ореви,
    мала лажичка какао во прав.
    Поливам со провриена вода од бокалот, оставам пет минути, се стега и готово.
    Поекспресно па и поздраво нема

    Некогаш ставам коцка -две темно чоколадо. Во почетокот ставав мед.
    Ама се научив овака не многу благо и ми прија.
     
    На Bozica1980, azelea, tina2018 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    122.047
    Пробај со млеко без лактоза.
    Или бадемово пример.
     
    На tina2018 и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    165.901
    Си пробала да ги сомелиш во мелница за ореви, или во блендер се доволно ситни?8-|
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.704
    Допаѓања:
    72.598
    Пол:
    Женски
    Ги обожавам. Ја сакам и направена од вечер и стои во фрижидер, само ставам млеко (без лактоза или растително некое), мед лажичка, путер од кикирики, црвено овошје, банана чат пат. Некогаш и во комбинација со чиа, исто од вечер, најубаво ми набабрува чиата така. Ставам некогаш и кокос, бадемчиња, какао..

    А ја сакам и варена, ја варам во истото млеко, ја тргам, кога ке олади додавам мед и 4,5 бадемчиња на крупно сечени, коцка чоколадо (таа ке се растопи) Њам :)

    Ја сакам и со јогурт и ленено, без лактоза и јогуртот.. :)
     
    На azelea, tina2018 и eli25 им се допаѓа ова.
  12. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    122.047
    Не сум пробала , немам ни намера:D
    Затоа ставам потопло млеко, убаво омекнуваат, подолго време ги вртиш во блендер и тоа е тоа :)
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    165.901
    Си реков да заштедам едно миење мелница ако ти е пробано:D
    Ај ќе пробам, ќе кажам:)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    фала на предлозите, имам пробано со млеко без лактоза, кога имам ставам, ама немам навика да го купувам некако а и не ми фали ништо различно во кашава.
    Жешка вода експресно го набубри овесот и омекне урмите.

    Кога ќе се заситам од вкусот ќе зачестам со млекото, во секој случај овесна каша остава многу простор за експериментирање, додади едно, одземи друго:) Ми стана рутина веќе, мислам не можам да функционирам веќе убаво ако нешто друго појадувам. :)
     
    На tina2018 и eli25 им се допаѓа ова.
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    122.047
    Ако имаш вишок време:)
    Има едни ситни овесни , на натура. Чисто да не се мачиш. Маж ми ги утна и последен пат земал залихи од крупните :)
     
    На Alex.T, tina2018 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    165.901
    Нема ситни кај мене. Башка наводно без глутен:?:
     
  17. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.291
    Допаѓања:
    20.748
    Пол:
    Женски
    Скоро секогаш кога доручкувам овесна каша го правам истиот "рецепт".
    Од око ставам овес и млеко, потоа пола банана додавам додека се вари овесот, цимет, какао. Во тањирчето после ја сецкам останатата половина од бананата, путер од кикирики, чиа, лен и ким. И ако имам некое друго овошје додавам: малини, јагоди, вишни..
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lija.ska

    Lija.ska Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2022
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    184
    Пол:
    Женски
    Здраво,

    Темава е за рецепти за овесни каши, сакам да експериментирам. А и во последно време се многу популарни.

    Повелете, која рецепта ви се погодила, а воедно е вкусна?
     
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    122.047
    Рафаело овесна каша (за љубителите на ванила и кокос како мене :))

    Во блендер ставам 1 шолја од 250 мл овесни+пудинг од ванила+кокос , во рецептот нема но додавам лешници околу 100,150гр. печени и блендирам.
    Во 300мл зовриено млеко (на тивко) ставам 3,3 и пол големи лажици од смесата и со маталка на шпорет околу 2-3 мин…дури не стане густо како пудинг :)
    Топинзи не се потребни освен екстра кокос како мене :) , во случајов ставив банана и мед , но превкусно е и со малини :)
    57B13AF6-3357-457D-8122-124AA15604A1.jpeg
     
    На eliesaab, simoncelicius, teressa и 6 други им се допаѓа ова.
  20. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    122.047
    Повелете уште една убавина:inlove:
    Како ја открив на крај на породилно (facepalm):D
    Не е моја, ми излегоа на инста

    Фереро
    -150 гр овесни
    -50 гр какао
    -150 гр печен лешник , ја ставив 100
    Се се блендира во блендер и на крај се меша 100 гр чиа

    Во 300 мл млеко пред зовривање додавам 3,3 ипол гол . лаж од смесата, мешам со маталка мала 2,3 мин.
    Деф. со печен лешник е подобра.
    Топинг обавезно коцка чоколадо дури е топло одозгора и друг засладувач не ви треба. Инаку во оригиналниот рецепт се додава мед. Малините одозгора и немора, преубав е вкусот секако (fingers)

    4FDD92A1-D765-408A-9912-D610921984C0.jpeg
    09850A41-A126-43D1-870E-400D0F6B0091.jpeg
     
    На eliesaab, andrejko82, simoncelicius и 9 други им се допаѓа ова.