Сте спремале ли овес од дома за на работа? За неколку недели ќе почнам со работа и толку се навлеков на овесот та не ќе можам друго да смислам за доручек Имаме кујна на работа и можам таму да правам, ама не би овеси да мешам , па ме интересира , од дома нема да е толку убава а ?
Топол сакаш? Има overnight oats во фрижидер да одстои и сабајлето е спремно за јадење. А топол ако сакаш може се да припремиш и на работа да го полиеш само со топла вода.
Побарај рецепти за overnight oats ама ладно ќе е. @cooll исто сме пишале @eli25 рецептите многу ме бендисаа, ќе го пробам утре со кокос ама каков пудинг ставаш? И не излегува голема количина?
Ставив класичен пудинг , не протеински, оној што го вариме на др.еткер имав дома. Таман ќе се свари со 2,3 минути Јас си ја спремив “смесата” во теглички, сега од двата типа каши си ставам само по 3 и пол големи лажици во млекото и мешам. Ко пудинг да јадеш се , пробај. Купив вчера и засладувач од урми, утрово ферерото така ја правев и не заборавај коцка две темно чоколадо. Кога ќе ја спремиш, количината не е премногу таман си е како на сликата а еве колку отприлика изнесува претходно спреманото. Додади плус 6 големи лажици што ги изедов Инаку , топли ги сакам
@eli25 фала, утре правам обавезно и мене топли ми се повкусни. Освен некој сад што држи топлина на храна да најдеш, како бебешките.
Овесни снегулки (помалите), се полеваат со вода или млеко, топло или ладно, по желба. Се додава какао, урми исецкани (пресувани или свежи) или чоколадо. Ако се со вода се додаваат и парчиња овошје (портокал, мандарини, банана, киви, јаболка...). Свежи или суви ситни ливчиња нане или ментол. Може и комбинација овес и корн флекс. Подобро е ако малку отстои. Јас си припремам од вечер за доручек на работа. Едноставно и брзо.
Јас денес сварив 4 лажици овес во вода, изрендав 1 јаболко го посолив со цимет па го измешав со сварената каша.Одозгора ставив чиа и ореви и 1 лаж.мед.превкусна беше. Јас сум носела и на работа овес,секакви комбинации и топли и ладни.
@eli25 јас исклучиво овес доручкувам на работа.Мојот е overnight,ама ако сакаш топол носи го во стаклена тегличка/сад и загреј во микро,после додади банана или berries и решен проблем.
Да така мислев.Ќе побарам деновиве таков сад Можеш да споделиш и некој рецепт за overnight? ,сепак со бебево може и тоа ќе е подобра опција .
Можеш во обична тегла и јас имам носено, ако е погусто некогаш додавам топла вода само и таман е за јадење.Сите каши ги правам скоро со вода, не сум толерантна на кравјо млеко па избегнувам а со јогурт ми се кисели.Има и посебна тема за носење оброци на работа ѕирни идеи и таму.
Омилена овесна ми е со сува брусница или чизкејк овесни. Правам овернајт оти ги сакам ладни. Јас пак не ја можам блага и топла, сакам да ми е ладна. Ставам 3 лаж овесни, 1 чиа или лен, 1лаж путер кикирики, мед како засладувач, пола бананче и сува брусница рака. Повеќе ги сакам со јпгурт него со млеко, ама експериментирам. Исто топ рецепт од режимите што ги држам ми е 3 лаж овес, млеко по потреба, лажица грчки јогурт, мед и овошен џем. Обично си варам дома со мед.
Jas gi jadam samo obicnite I toa samo so jogurt, stavam 4-5 lazici ovesni snegulki polijam so jogurt I za 2-3 minuti go jadam, nitu baram nisto I na dete taka davam A blagi I so ovosja, med I razni dodatoci ne gi mozam, sum probala no ne mozam da gi jadam
Прашање, крупниот овоес не ми се свига, умав ми е само оној ситниот. Јадам од овој секој ден https://www.vitalia.com.mk/product/ovesna-kasa-bez-sekjer-sumsko/ ама оние глемите пакувања не се ситни, туку големи. Финанаски не е исплатливо од малите да зимам. некоја финта или предлог или од кај да купам голема количина, а да е ситен овес? Едит - дали овие се исто ситни? https://www.vitalia.com.mk/product/sitni-ovesni-snegulki/ пробал некој? Нема смисла 35 денари за 50 грама и 81 денар за 500 грама да е разликата.
Мора да биде ваква што се раствора во вода само или може и обични овесни снегулки? Ако е за обични а ситни ги има секаде. Има и во КАМ и Стокомак дури (има два вида едни крупни едни ситни, на сликата се гледа какви се).
не сакам да ги варам, немам време насабајле, само спремам во тегла ставам вода и шумско овошје замрзнато. Е тоа ако има шанса дали разликата е тоа? Јас купив едни дома и ставив у вода ама крш беа.
Ќе предлагав и јас од Кам/Стокомак. Rolled oats на јадрите пишува. Fine oats на ситните. Евентуално во блендер како брашно да ги направиш скроз мелени. Јас обавезно мелам така за палачинки и оброци за ќерка.
Ич не мора да го вариш. Јас ги потопувам во течност од вечер и ги ставам во фрижидер. До сабајле се направени. Ем се поздрава опција од овие готовиве со милион додатоци во нив. Јас обично ги потопувам во овесно млеко или оризово млеко (ова само од Стокомак тоа од Кам за ништо не го бива) зашто се трудам да намалам на млечни протеини некоја алергија ми се појави. Ама може и со млеко/јогурт да се потопат. Е сега може и сабајле да ги потопиш на кратко во топла течност. На ситните не им треба варење само на крупните или на цело зрно овес. Ако сакаш уште покремасти да бидат тие од вечер додади една лажичка чиа семе.