Мене овесната каша ми е убава до некаде само со јогурт и малку ленено семе или чиа од страна. Сум пробала да ја спремам со млеко, со банани, со какао, мед, што све не, али веројатно праам нешто што не треба. Ако има некоја добар рецепт, нека пише
@Cka и јас ги сакам на виталија тие за еден оброк, посебно оние со јаткасти плодови. Ама не се исплати за секој ден. И плус се слатки, па се само за понекогаш. Гледам ако јадам блага варијанта да е тоа од природен шеќер - од овошјето што ќе го додадам. @Puellapulchra Знаеш дека ленот подобро се искористува мелен? Целото зрно е декоративно ама во цревата само проаѓа несварен и не можеш да ги искористиш бенефитите од него. Колку потазе мелен, толку подобро. Јас во нутрибулет го мелам по мали количини. Јас често јадам житарки за доручек и сама ги миксам по желба, ги спремам од дома. Си ги носам суви на работа, а после таму им додавам јогурт (поретко млеко). Не сакам да се многу омекнати, ниту топли, затоа не ги мешам претходно со течноста. Ги сакам крцкави. Не ми прават проблем со дигестија ни такви. Користам овес без додатоци, обично го купувам од стокомак (и обично крупниот). Од маркети наоѓам чисти 'рж и јачмен и тие ги додавам со овесот отприлика од сите подеднакво или овес малку повеќе. (вакви на пример од Тинекс ги наоѓам, економични ми се и долго ми траат https://funandfit.rs/funandfit/pahuljice/pahuljice-jecmene/) Додавам непечени бадеми, ореви и лешници (само по неколку зрна) и непечени семки од тиква и сончоглед (некогаш свежо мелени четири семиња - сусам, лен, сончоглед и тиква) и чиа понекогаш. Тоа ми е основата, неутрална е по вкус. Ако сакам отпосле додавам друго зависно што ми се јаде. За благите варијанти: 1. додавам суво овошје - грозје, брусница кајсија или слива сецкани. 2. ставам замрзнати овошки - јагода, малина, боровница, капина, рибизли, вишни (зависно што ќе најдам по маркетиве, обично од стокомак зимам ова). Ова ми е почеста варијанта на зима. 3. кришки свежо овошје - банана, јаболко, круша или некое сезонско овошје (кајсија или праска) 4. Блага варијанта ама без овошје: Ситно сецкано малку темно чоколадо и благо млеко. Оваа варијанта не ми се допаѓа со какао и цимет, ама ми се допаѓа со кокос.