1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Овошни салати

Дискусија во 'Рецепти' започната од angie, 6 октомври 2010.

  1. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Моите омилени. На лето повеќе експериментирам заради разновидноста на овошјето. Девојки споделете некој рецепт. Еве неколку од мене.
    Овошна салата од ананас
    * 200 грама Сирење
    * 25 грама Ореви
    * 100 грама Киви
    * 400 грама Грозје
    * 100 грама Банана
    * 1 грама Ананас
    * 100 грама Јагоди
    Извадете ја внатрешноста од секоја половина ананас. Извадените парчиња ананас иситнете ги и префрлете ги во поголем сад.

    Додадете го остатокот од овошјето. Овошјето префрлете го во издлабените половини од ананасот.

    Во помал сад измешајте ги сирењето и оревите. Додадете ги на врвот на салатата сервирана во оригиналниот сад направен од кората од ананас.

    Овошна салата
    * 200 грама Шеќер
    * 200 грама Портокал
    * 4 лажица/ци Лимонов сок
    * 100 милилитри Ликер од портокал
    * 1 Кора од лимон
    * 200 грама Киви
    * 100 грама Вишни
    * 150 грама Јагоди
    * 2 Јаболка
    Овошјето се чисти, се сече на коцки, се посипува со шеќер, се ставаат ликерот и лимоновиот сок и се остава 1-2 часа во фрижидер.

    Пред да се послужи се прелеваат со преливот: 150 грама шеќер, сокот од лимон се ставаат на тивок оган и постојано мешајќи се варат додека не се добие густ сируп, па се прелева врз овошната салата.

    Овошна салата со мед и зачини
    * малку Цимет
    * 300 грама Портокал
    * 2 лажица/ци Мед
    * 300 грама Грејпфрут
    * малку Црн пипер
    Излупете ги портокалите и грејпфрутот, отстранете ги и белите кожинки, поделете ги на кришки и исцедете ги со раце. Сокот соберете го во чаша.

    Во еден сад измешајте ги медот и зачините, 200 мл. вода и оставете го сирупот да зоврие. Варете 3-4 минути.

    Овошјето поделете го во 4 чаши, полијте го со оладениот и исфилтриран сируп, декорирајте го со цимет и кора од портокал. Ставете ги калапите во фрижидер најмалку 30 минути пред да ги сервирате.
     
  2. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.328
    Допаѓања:
    5.841
    Мене дома татко ми ми правеше овошна салата. Незнам колку се смета за салата, но сепак ќе ја напишам.
    Прво ќе земеше портокал и ќе го сечеше на половината цик-цак и потоа ќе го отвореше ќе го извадеше од внатре портокалот и ќе го исечкаше на ситни парчиња. Потоа ќе земеше друго што има дома: јаболки, ананас, банана и се друго што е овошје. Се ќе исечкаше на коцкички и ќе го ставеше во кората од портокалот.
    Во голема чаша за Нескафе - силична на оваа
    [​IMG]
    ќе ставеше овошје сечкано на коцки и ќе ја наполнеше чашата до пола и одозгора ќе стави шлаг до пола чаша и чоколаден прелив или многу многу рендано чоколадо.
    Едноставно, но интересно и вкусно. :)
     
    На aNy-to му/ѝ се допаѓа ова.
  3. IviA

    IviA Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    24
    Овошни салати претежно правам во лето , неколку вида на овошја ситно исецкани и ги прелевам со сок од лемон .. :)
     
  4. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Нема никакви додатоци освен овошјето, ама едноставно си го лупам и си го сечкам, го редам и си го јадам со виљушка, во случај ако е некое кисело додавам малку мед
     

    Прикачени фајлови:

    • ss.JPG
      ss.JPG
      Големина на фајлот:
      68,5 KB
      Прегледи:
      2.443
  5. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Татко ми најчесто ни прави вакви салати, на нас другите ни за жива глава нема да ни текне! Нема некој посебен рецепт, користиме се што имаме. врз тоа малку цимет, топено чоколадо и по можност шлагче :inlove:
     
  6. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Обожавам овошни салати и цело време јадам.... :)
     
  7. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Овошна салата од калинка
    Потребни состојки:

    - 2 калинки
    - 1 јаболко
    - 1 морков
    - 1 лимон

    Подготовка
    Калинките изчистете ги и извадете ги зрната во подлабок сад. Потоа на парчиња исецкајте го јаболкото и додадете го во садот. Лимонот исцедете го врз салататата, а потоа добро промешајте. На крајот нарендајте го морковот одозгора врз салатата. Ќе добиете извонредна комбинација и вистинска “витаминска бомба”. Конзумирајте ја салатата што е можно почесто, количините не ви се ограничени, а секој залак од оваа салата е вистински благодет за организамот.
    ____________________________________________________________________________________________
    Овошна салата од јагоди и кајсии
    Потребно:
    1 конзерва компот од кајсии
    350 г јагоди
    250 г киви
    100 мл сируп од компот
    2 ќесички ванилин шеќер
    2 лажици кокосово брашно
    1 лажица сечкано свежо
    нане или сушено
    Подготовка: Кајсиите од компотот исцедете ги и исечете ги на половинки, јагодите измијте ги и исечете на половинки или четвртинки, а кивите излупете ги и исечете ги на тркалца. Кокосовото брашно лесно потпечете го во тефлонска тава, а листовите нане ситно исечете ги. Преку салатата прелијте го сирупот од компотот. Вака подготвената салата послужете ја со изматен шлаг и посипете со шеќер во прав.
    ____________________________________________________________________________________________
    Салата од портокали и ореви
    Потребно:
    2 поголеми портокала
    1 филџанче ореви
    1/2 филџанче бадеми
    шеќер во прав
    2 филџанчиња слатка матена павлака
    Подготовка: Портокалите излупете ги и разделете на кришки, ако кришките се преголеми расечете ги на половина. Ставете ги во поголем сад, додадете ги ги исечканите ореви, бадемите, шеќерот во прав, шлагот и се добро измешајте. Добро разладете и сервирајте украсено со цели парчиња ореви.
    ___________________________________________________________________________________________
    Овошна салата од малини и јагоди
    Потребно:
    1/2 кг малини
    1/2 кг јагоди
    4 - 5 лажици шеќер во прав
    10 дг рибизли
    00,5 коњак ванилин шеќер
    Подготовка: Јагодите и малините добро ичистете ги, па посипете со шеќер во прав и ставете ги во ладилник малку да отстојат. Во меѓувреме сомелете ги рибизлите и измешајте ги со ванилин шеќер и коњак. Оваа маса потоа внимателно измешајте ја со јагодите и малините, па се вратете во фрижидер. Послужете ја салатата ладна.
    ____________________________________________________________________________________________
    Ананас со сладолед и калинки
    Потребно:
    1 калинка
    2 мали ананаси
    20 г путер
    3 кафени лажички кафен шеќер
    1/2 кафени лажички ванилин шеќер
    1 портокал
    2 супени лажици рум
    150 г сладолед од ванила
    10 г сечкани ф'стаци
    Подготовка: Ананасот излупете го, па исечете на малку подебели тркалца и исечете го средниот дел. Растопете го путерот во тава, наредете го ананасот и посипете го со шеќер и ванилин шеќер. Околу 4 минути карамелизирајте и постојано вртете го ананасот. Внимавајте карамелот да не потемни. Портокалот исцедете го, додадете рум и се ставете во тавата да проврие и кратко да се провари. Ставете го ананасот на чинија, ставете го сладолед и посипете со зрнца од калинка и сечкани ф'стаци.
    ____________________________________________________________________________________________
    Овошна салата со прелив од мед и лимон
    Потребно:
    1 конзерва мандарини
    2 чаши јагоди исечени на половина
    2 чаши (парчиња) диња
    2 средно големи банани, исечкани
    За преливот:
    3 јајца добро изматени
    1/2 чаша течен мед
    1/4 чаша сок од лимон
    1 чаша павлака
    Подготовка: Во голем сад измешајте ги мандарините, јагодите, дињата и бананите. Прекријте и оставете да се ладат. Во еден сад измешајте ги јајцата, медот и сокот од лимон. Ставете на оган и гответе додека смесата малку не потемни. Изладете. Измешајте со павлаката. Ставете во фрижидер. Пред служење овошјето прелијте го со подготвениот прелив; треба убаво да биде прелиена целата салата.
     
  8. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Салати не правам по некој специјални рецепти, едноставно си луам тоа што имам дома, сечкам одозгора го преливам со сок од лимон и јадам
     
  9. stefiy

    stefiy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    71
    Овошна салата со сезонскиве овошја

    Во почетокот на ова лето има неколку прекрасни вида на овошје од кои може да се направи вкусна овошна салата. ЗА салатата потребни се:
    -2 Банани
    -Неколку зрели малини
    -2 до 3 Праски
    -1 или 2 круши
    -2 мали лажички шеќер

    Прво се сецкаат сите овошја (освен малините) се мешаат се додава 1 лажичка шеќер и повторно се мешаат.
    Се ставаат во чинија, сад или чаша и одозгора се става друга лажичка шеќер. Потоа тоа се става во фрижитер за замрзнување 30 минути или 1 час и спремноо е заа јадењеее :) Малку време одзема здраво е и вкуснооо.

    Од ова што го прочитавте што мислите вкусна е ??
     
  10. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    кога им е сезоната...си правам овошна салата од малини, јагоди и рибизли..и врз нив шлаг пена или сладолед :D
     
  11. dancing.in.the.rain

    dancing.in.the.rain Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    142
    my favorite :inlove:
    Овошна салата во диња

    Потребно:
    - 2 помали дињи
    - 250 г банани
    - 3 киви
    - 1 ванилин шеќер
    - 1 лажица шеќер во прав
    - сок од лимон

    Начин на приготвување: Најпрво дињите преполовете ги и со посебно ноже извадете ја внатрешноста од дињата, а кората обликувајте ја како голем сад. Месото од дињите исечете го на коцкички. Бананите и кивито исечете ги на тркалца, посипете ги со двата вида шеќер и испрскајте ги со сокот од лимонот. После добро мешање на сите овошја, ставете ги во половинките од дињите, па во фрижидер за добро да се изладат. Пријатен тек!
     
  12. EmGreen

    EmGreen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    189
    Не е некој супер рецепт, ама ми е откритие на летово. Цела лубеница можам да изедам вака :tmi:
    Во супер голема чаша исеков лубеница на мали коцки. Доволно малечки за да ми собере три - четири во лажиче. Врз нив ставив неколку топки сладолед и тоа најважно --> Dolcela од лешник (нека биде и некој друг ама да е од лешник) и врз топките од сладолед ставете цимет (мнооогу цимет ). Кој сака може да си додаде и некое друго овошје, или ливчиња нане.
    Ова е највкусното нешто на цел свет :inlove:

    Одам да си направам [​IMG]