Кога ќеркичката беше бебе, постојано ги дојадував (да не се фрлат) Тие со вкусит на праска ми беа најубави, но имаше и некои што имаа страшно кисел вкус. Не ги обожавам, но не се ни лоши- убаво освежуваат.
Мноооогу сакам овошни јогурти, а посебно колку имам изедено оваа година... не се бројат... Ми беа леста замена за појадок. А за домашен, многу сакам когаси ставам во јогурт замрзнато овошје, најчесто вишни. Прекрасно ми е
Обожааавам дури и сама си правам по дома со обичен јогурт и овошје ццц Сите ги сакам. Најмногу сакам од Данон со житарки и шумско овошје, ама одамна немам видено никаде па изгледа ги повлекле. Сега зимам што ќе стасам. Најбрз и најлесен оброк ми е во секоја смисла на зборот лесен
Обожавам овошни јогурти, ама пре домашни него купечки. Од купечките единствено DUKAT -Ab Kultura(шумско овошје). Инаку дома си правам сама. Малку овес (3-4 лажички) потепени во врела вода, ги додавам парчињата овошје(било што), јогурт и блендам малце во блендер, ставам во фрижидер да се олади и ммм Или пак банана, ананас, кива и јогурт. Најубава комбинација боровинка и јогурт
Ги обожавав се додека не ми ги извадија 8миците со оперејшн. Две недели ми се фатија јадење само пудинзи и овошни јогурти и последниот кога го изедов буквално цревата ми се превртеа. Од тогаш немам ставено во уста
Не сум се обидела да направам нешто такво сепак треба проверен ресцепт а не само да се рече дека јогурт се приготвува
Ги обожавам овошните јогурти посебно оние со вкус на ананас или праска. Имам пробано дома да направам со јогурт и банана во блендер, ама вкусот беше за никаде и затоа... си купувам
Сум пробала и купечки,а некогаш знам и дома да си направам,и од сите највкусен ми е кога во јогуртот ќе си ставам слатко од јагоди или слатко од смокви,многу е калоричен,ама еднаш до два пати во годината си дозволувам
Никогаш немам пробано дома да направам овошен јогурт па затоа често си купувам,а најубави ми се од боровинка,и тие што се од шумско овошје.