Овесни снегулки+јагоди/вишни/малини+јогурт/кисело млеко = одличен домашен овошен јогурт... малиов мој ги обожава, а богами и јас. Ако има вишни, наместо шеќер додавам банана за да не е кисело. Се прави за минутка.
До пред извесно време ги јадев. Ама повеќе не. Мислам дека не се компатибилни млекото/јогуртот со овошјето. А, купечките се преполни со шекери и додатоци.
Денес си направив со миксер, па колку е само бљантав, божем му ставив и шеќер ама не е убав, така да само купечки.
Кога ќе ми текне колку многу ми се гадеше од овошните јогурти порано, а од пред година време ги обожавам. Посебно ги сакам оние со цели парчиња овошје и оние од оровинка, малина, вишна(по киселките)
Памелче и јас како тебе со кисело млеко или јогурт ми беше многу невкусен. Пробај вака, земи од онаа моја кравица павлаката, таа е онака малце поблага и измешај ја убаво со неколку капки вода. Значи земаш еден филџан за кафе павлака и неколку капки вода, колку да добиеш кашеста смеса, да не биде ептен тврда и густа. Потоа можеш да си земеш било какво слаткоод кајсии малини, сливи, било што. Кога ќе ставиш слатко не ти треба мед или шеќер. Ама кога ќе ставиш овошје ако го сакаш поблачко, зависи од количината стави си мед, поуаво и поздраво е ( само немој многу мед да ставаш, јас така се зезнав пред некој ден). Еве само што си направив и сега уживам со полна чинија домашен овошен јогурт. Еве како го направив. Ставив еден филџан за кафе павлака и ја измешав да стане кашеста ставив пола дробена банана( може и со миксер ама ме мрзеше да го барам) една лажичка џем од кајсии малце и ореви ставив и го избркав убаво сето тоа и одозгора ставив малце цимет во прав и така си направив некои фигури со мед. Абе прсти да излижеш. Од како го пронајдов оваа со павлаката мисалм дека само тоа ќе си јадам додека не ми здосади
Јас кога си правам дома правам со замрзнато овошје и јогурт или кисело млеко и маааалку шеќер. Таман овошјето е помеко кога се одмрзнува и пушта сок. Измешаш малку и уживаш Прекрасно освежување за во лето
Не правам дома, само купувам Овие Jogobella ми се омилени Спојлер Спојлер Спојлер Спојлер А јогобела од јагода
Ги обожавам многу вкусни се само купечки јадам и тоа само Jogobella на ден по 1-2 морам да изедам со парчиња овошје мммм
Едно време бев следбеник на Јогобела манијата. Имаат прекрасни јогурти, а пред некоја зима се појави еден со јаболка и цимет. Умирав за овој. После другарка ми ми ги откри Фреска, и се префрлив на нив. Некако поголеми ми се парчињата овошје и се побогати од Јогобела кои почнаа да штедат на овошје.
Ејј обожавам овошен јогурт. Дури и житариците си ги јадам со овошен јогурт. Пред некој ден првпат видов од фстаци на Фреска и го купив ама не ми е нешто нај нај мада не е лош.
Ме интересира, дали има вакво кај нас. Немам видено низ маркетите, а интересно ми изгледа. Дали е овошен јогурт или нешто како пудинг...
Го обожавам од боровинки. А од јагода зависи, некои фирми не го прават убав. Дури и грозен ми е на моменти. Сум јадела и од банана. Фини вкусови.
Сите од Активиа! Ги јадев и Јогобела ама Активиа ми е поекономична, структурата повеќе ми се допаѓа а и поголем избор на вкусови. Последниот најнов (од оние со полнозрнести мусли) со цимет, јаболко и мед, мф! Да се нурнеш во него. Плус оние полнозрнестите еден оброк заменуваат без проблем. Ги сакам круша и мусли, праска, шумски овошја, цреша, сите бе! * Активиа Данон е француска фирма, па може не е откупена франшизата па престанале со производство/увоз/што и да е во Македонија.