И двете , зависи што имам во фрижидер сега во период на туршии и зимници , онаа руската туршија највеќе ја сакам цело тегло можам да изедам без око да ми трепне
Не сум голем љубител ни на едното ни на другото, ама во последно време сум заразена со моркови, и свежи и варени
Во денот редовно ги јадам и двете. Овошјето обично на утро пред доручекот, а зеленчук редовно во форма на салата како предјадење за ручек.
И двете обавезно секој ден. Од овошје, јаболка и портокал ми се стандард, од зеленчук најчесто зелка и марула за салата.
И јас и од двете.. Но повеќе овојше.. Но ги консумирам секој ден и двете. Од зеленчук зелка, домати и пиперки почесто, а од овошје банани, цреши, јаболка..
Зеленчук дефинитивно. Сакам и овошје мегутоа го јадам периодично, како ке ми дојде, а инаку ден не ми проага без зеленчук, дали салата,дали потпечен,свеж, сеедно..обожавам
Јадам и овошје и зеленчук секој ден. Овошје тоа што е од тука и што има во таа сезона, најчесто за доручек, а зеленчук најчесто салата, или некоја мешаница со варен зелечук.