Овошје сакам многу, посебно летно време дека во двор имаме речиси се мх, мх. Јадам и зеленчук, но ако некој ми направи салата, мене ме мрзи
Овошје значи обожавам...сакам праски, љубеница и сакам многу сливи (посебно во овој период од годината!) а од зеленчук јадам најмногу краставици и посебно сакам шопска салата со доматче може и пиперки малце
Овошјее...јагоди, цреши, лубеница, праски, грозје.... И зеленчук јадам но само кога со дечко ми јадеме...а он обожава салата па морам и тоа да правам
Обожавам овошје на лето- цреши, јагоди, праски, кајсии.... А, од зеленчук сакам само краставици и домати.
Овошје сакам повеќе - цреши, јагоди, праски, лимони... од зеленчук само краставицата ми е вкусна и морковот чат пат
Зависи..конзумирам и зеленчук и овошје! Зеленчукот ми доаѓа како главно јадење (зготвено) и салата, а овошјето нешто како после јадење..
Двете ги консумирам секојдневно и ги сакам.Ама повеќе љубам овошје,сите овошја! Зеленчукот го јадам во оброците,приготвен,како салата и сл.Од зеленчук најмногу сакам цвекло,краставици,брокули,пиперки,зелка,домати.. Све,све!
Мм, баш прееска јадев свежо морковче, така си го грицкав. Јадам и овошје и зеленчук, со разлика што овошјето повеќе го сакам свежо, а зеленчуков во салати и може да се каже дека во текот на денот повеќе конзумирам овошје, еден период не можеше денот да ми помине без да изедам едно зелено јаболко, а порано неможев да ги јадам јаболката. Цитрон, грејпфрут, портокал и јаболко од овошје обожавам, а од зеленчук, зелка, морков, брокула и зелена салата .