Дефинитивно, најсигурно, безконкурентно...зеленчук. Јас сум анти овошојадач. Мислам не дека не консумирам овошје, ама искрено ретки се приликите кога пројавувам вистинска желба да џвакам нешто овоштарско. Лубеница не спаѓа тука, молим лепо
Па... ваљда зеленчук. Секој ден за ручек обавезно имаме салата, а и зеленчук нели во секоја манџа се додава. А овошје... за жал немам навика да јадам. Дома секогаш има разновидно овошје, ама ако случајно баба ми или мајка ми не излупат и не го стават во чинија на масичката, не би ми текнало да каснам. Обично ми се пријадува од некое овошје тогаш кога го нема. Еве сега на пример како би каснала јаготки
Па може да се каже дека и двете еднакво ги конзумирам . Овошје јадам секој ден ама само еднаш на ден а истото е и со зеленчукот пошо го јадам најчесто на ручек во салата.
И тоа и тоа. Значи не можам да одлучам. Зависи кога им е сезоната и кое годишно време е. Подеднакво го сакам и овошјето, и зеленчукот.
Овошје,не дека не јадам зеленчук но овошјето ми е на прво место едноставноо го обожавам и секакво овошје јадам што не е случај со зеленчукот
зеленчук бре! не сакам овошје! зеленчук кркам се, ма модри патлиџани, домати, краставици, маслинки, корнишони,зелка,цвекло,тиквички печени това је светлата иднина, моркови, лубеница диња... Oвошје скоро и да не јадам, а кога се јаде тоа е цреша,јагода,ананас другото не баш
И двете! Грст витамини, нема поздраво нешто, среќа немам соковник, мав има да ги правам и овошјата и зеленчуците. Штета што омилените овошја ми се сезонски: јагоди и цреши, но сакам и портокали, мандарини, ананас, јаболки, црно грозје, сливи, депилирани праски... Утрото сакам да го почнам барем со една овошка, или цеден лимон, се чувствувам енергично и среќно. (х)убавите шеќери се во овошјето. Од зеленчукот најмногу сакам домати и краставици, пиперки - свежи, печени, мммм, брокули, зелка - свежа, кисела, тиквички. Не сум овожавател на модар патлиџан и на цвекло (ми мириса на земја). Многу сакам свежа марула со младо кромитче и ротквици.
И двете ги љубам бре. Уште од дете се знае синоним што е: витамини и минерали. Во сон да ме прашаш ќе ти одговрев со што се полни зеленчукот и овошјето, а врска немав ни што е тоа што го дробам нон-стоп. Али арно, не сакам све што спаѓа во нив. Зеленчук Сакам: компир, домат, краставица, морков, маслинка, зелка, марула, корнишони, печурки, пиперка, кромид ( )... Не сакам: цвекло, брокула, модар патлиџан, тиква ( ), ротквици, магдонос. Овошје Сакам све, освен смоква, мушмула, дренки не сум пробала, суво грозје не сакам. И не сум некој љубител на некои јужноамерикански откритија, или пак некои изболичен вид на кајсија пр. полузамрзната или сл. Егзибиции со храна нејќам многу.