Подеднакво ги сакам и овошјето и зеленчукот. Но поединечно можам да ги издвојам црешите, малините, костените од овошјето. А од зеленчукот можам да ги издвојам пиперките и компирот како најомилени. Јадам скоро се и најчесто сезонско (пример сега пиперки, домати не ги сакам туку кога им е сезона т.е. кога се природни). Единствено што не сакам е ананас од овошје и боранија од зеленчук.
Повеќе го сакам овошјето,но летно време ништо не може да ми ја замени шопската салата Ја јадам во неограничени количини
Ги сакам и овошјето и зеленчукот. Од овошјето можам да ги издвојам јагодите,малините ,сливите,праските.... а од зеленчукот доматите и пиперките
Зеленчук повеќе. Зелката ми е на прво место, а мешана салата од зелка, марула, морков и краставици јадам скоро секој ден...Овошје јадам но не со многу мерак освен црно грозје кардинал и праски...
Дефинитивно повеќе сакам зеленчук и тоа сиров. Варени или печени зеленчуци не сакам, освен во турлитава илити ѓувеч - обожавам салати и често си ги правам, кога можам де, поточно кога има голем избор на сезонски зеленчук - во зима тешко да си ја задоволам таа страст, па морам со овошје да се тешам. Овошјето ми е благо - затоа не сум љубител. Го јадам со сила, затоа што морам некој витамин да внесам... само цреши можам во неограничени количини да изедам, а другото така-така. Хммм... каков парадокс - зависник сум од благо, а овошјето не го можам. З'ш?
Јадам и овошје и зеленчук На лето ги јадам свежи, и во многу големи количини, додека на зима ги јадам зеленчуците во туршија и во манџи, а овошјето во компот или свежо (мандарини, портокали, јаболка, банани)...
Си јадам и овошје и зеленчук и неможам да замислам да седнам и да јадам без салата. Си ги сакам сезонските и овошја и зеленчук така барем не ми здосадуваат.
Девојки вака имам една идеја.Бидејќи баш и не и верувам на индустријата бидејќи сто посто ставаат некои засладувачи,велам ова лето да си исушам сама дома овошје и да си купам овесни снегулки и да си имам секој ден убав доручек.Па сакав да ве прашам некои идеи за кои овошја да исушам,сакам да биде што по разновидно и по богато.Што мислите за мојата идеја.А и некој ако знае после тоа како да ги упакувам.Благодарам однапред Инаку и овошје и зеленчук јадам не ги делам
Нема нешто поздраво и послатко од јадење на овошје и зеленчук. Мислам дека без овошје и без зеленчук н е би можела да издржам ниту еден ден. Инаку и двете ги сакам исто