Порано не сакав воопшто овошје, мислам јагоди, цреши тоа јадев ама вака друго не до толку. Се навикнав последната година и сега ми е многу убаво. Кога ми треба освежување си јадам овошје, само едино организмот не ми поднесува поголемо количество. Најмногу јадам портокали, цреши, јагоди (иако се несозреани се погодуват), преку лето лубеница и банани понекогаш. Зеленчук, вака сиров не јадам многу, ептен кога сум на диета па морам да каснам краставица за да не се онесвестам што се вика. А салати од зеленчук јадам многу, исто порано ич не сакав ама сега се навикнав, шопска и краставички салата омилени.
Неможам да издвојам што повеќе ми се допаѓа дали овошјето или зеленчукот,но настојувам во текот на денот да ги конзумирам во доволно количество.
Каде можам да најдам карфиол кисел во тегла? (ама само карфиол без другите џиџи-миџи) По овие големите маркети има негде?