Зеленчик дефинитивно, посебно патлиџани и марула, ги обожавам. А и овошје сакам, ама сепак зеленчук би одбрала.
Неможам да одвојам...Сакам и овошје и зеленчук! Од зеленчукот најмногу марула а од овошје мандарини! мх мх
За здрав живот и правилен начин на исхрана потребно е да консумираме и зеленчук и овошје.За мене се неизбежен дел од менито и ги споредувам со вода/воздух.Посебно внимавам нивната употреба да биде во свежа состојба и секако сезонска.
Ги консумирам и двете; ги јадам сите типови овошје и зеленчук кои ми се достапни, почнувајќи од јаболки, сливи, смокви, банани, брусница, аронија, грозје(кога не се свеши - сушени, секако), потоа марула, грашок, морков, компир, oсобено ги обожавам доматите, јаткасти плодови - ореви, кикиритки, индиски оревчиња, бразилски.
Зеленчук. Без него (некои) ручеци не се ручеци.Го дополнуваат вкусот на јадењето. Овошјето не дека не го сакам,ама зеленчук префирирам да јадам. Омилен зеленчук ми е зелка,а омилено овошје црешна и киви.
Јас воопшто не κонзумиρам зеленчуκ, се што е зеленчуκ ја во уста не ставам, ама па затоа обожувам овошје и сеκој ден си пρавам овошни салатκи
Не дека порано не јадев, ама во последно време јадам интензивно и гледам секој ден да внесам барем малку и овошје и зеленчук. Може и ми се причинува, ама имунитетот ми е подзајакнат и имам повеќе енергија