Иако многу ретко конзумирам овошје,единствено јаболко,банани,значи многу ретко,не дека нема да каснам,него сум таков тип што не чуствувам секогаш потреба да конзумирам овошје иако знам дека е здраво,може да ми се случи и воопшто да не јадам овошје,понекогаш други ми се чудат како не јадам често овошје.Ме интересира колку често вие конзумирате овошје,дали ви е тоа во навика створено или пак само од потреба јадете?
Па и јас не обожавам да јадам овошје а и неосеќам некоја потреба да го конзумирам. Единствено што сакам е ананас или цитрони
Бидејќи сум на диета, и денес ми е овошен ден, претерав со овошјето Во моментов имам две полни чинии, една со јаболка, друга со портокали. Кај моите секогаш имало овошје на маса, па кога е веќе пред тебе - ќе си земеш Ако не си земеме сами, мајка ми ќе земеше да лупи, и да ни дели. Сега дома трошиме овошје во ненормални количини, и за јадење, и за цедени сокови. Јас се трудам да носам на работа, и тука јадам. Инаку дома кога ќе се вратам во 6 не ми е до овошје, тогап ручам, а после јадење немам навика, тогаш благо ми се јаде, не овошје . Ми бара душата, и овошје, и зеленчук. Салати јадам помалку, бидејќи дома кога ќе се вратам обично сум многу гладна, не ми се прави салата. Е ако има направено, не одбивам
Едвај ја преживувам зимата кога и нема баш што да се јаде од овошје. Тогаш јадам само киви, банани и мандарини. А летно време обожавам да си правам јагоди со шлаг или хопла, разни видови овошни салати, лубеница, диња, кајсии, праски, значи буквално се! Овошјето многу ме освежува, нема калории, така што секогаш е дел од моето дневно мени
И јас сум на диета и редовно јадам овошје, а едвај чекам да дојде лето, оти тогаш има секакво овошје и полесно ќе биде да се држи диета.
^ Да да, на лето е друга приказна за овошје.. се може да се најде (едвај чекам да јадам карпуз (на охридски речено ) Од овошје можам да кажам дека јадам се (oсвен диња!)
Ах Горде, Горде не знаеш што пропушташ без овошје и зеленчук не можам да си го замислам денот, јадам премногу и никогас не ми е доста. Обожавам јаболки, портокали, бабнани, киви, мандарини, јаготки, цреши, праски, кајсии.. речиси јадам се што е во сезона. А навика имам уште од мала така да немам проблем со тоа.
си ги сакам ситее овоштја иако многу често се дружам со нив послатко ми е да си каснам чоколатце отколку овошје ilent: епа сега што да правам тоа е
Искрено, многу повеќе го сакам зеленчукот, овошјето слабо ми лежи... а го јадам, не дека не го јадам, секогаш кога ќе почувствувам потреба - обожавам јаболка и круши, ананас и јагоди, праски и лубеници... во зима јадам нешто повеќе портокали, мандарини и киви, иако не ми се баш омилени, ама тогаш нема лубеници :roll:
Знам Емче,ама што да правам кога многу ретко јадам,па затоа и отворив таква тема,ме интересираше колку конзумирате овошје е сега незнам дали има врска тоа и со крвната група,незнам :?
Леле како јас да сум пишувала. И јас воопшто не го конзумирам. Некогаш кога баба ми ќе излупи секакво овошје во една чинија, е тогаш ќе ме фати иштав па се ќе изедам Ама ретко. Си сакам портокал, лимон, цитрон... такви ствари тропски. Од јагоди ми е преку глава затоа што имаме цела нива со јагоди Па и праски и цреши, пошто вујко ми редовно не снабдува Е сакам многу капини, ама ретко се наоѓаат. Нив ги обожавам и можам едно кило да изедам, ако ги имам...
Mислам дека ќе почнат да ми растат јаболката во стомак од премногу јадење ЈАдам многу овошје,многу сакам јаболка,портокали,киви,зависи што има во сезоната,на маса има нонстоп во кошничка и само дополнувам Во лето многу јадам лубеници,јагоди,ги имаме дома,не стасуваат да узреат,малини,се На факс првиот одмор редовно вадам по едно јаболче од чанта,и сега ме научија сите и само ми носат Овошјето е здравооооооо!
Само јаболки не сакам, а омилено овошје ми е киви и лубеница. Не конзумирам ни јас многу често, не чувствувам потреба
Не можам да си го замислам денот без овошје. Портокали, јаболки, банани, лубеници, се јадам Па освен киви можеби.
E заборавив да ви кажам дека од овошје страна единствено не сакам банани,нз,не ги обожавам баш.КАснувам понекогаш ама без некое особено задоволство. Хипице,ти само кажи,јас ќе те снабдам со капини,ама доста се гадни за берење Трнчињата...ама вкусот побива се,стварно се убави,превкусни
Баш убаво,Еми,ама мене некако ми се запираат во грло,и ептен ретко ми текнува на нив.Јас сум си за покиселите овошја,киви,портокал,цитрус,па јаболка,сезонски ситни овошја,се И кога јадам нешто кисело ваква ми е фацата :? ...
хаха, јас од овошје јадам баш се, само ананас не обожавам многу, но и ако нема друго во моментот не го одбивам
Ахммммм,а да земеш уште една за другиве,мене оваа цела да ми ја оставиш ops: :roll: Уф што би сакала ,сега го праќам брат ми по портокали,тоа немам дома