Нектарините дефинитивно ми се на прво место, ги обожавам Не сум многу по овошјето ама во последно време многу почнав многу да го јадам не знам што се случува со мене, дури и киви почнав да јадам кое порано во уста не го ставав Единствено не јадам диња и мушмули
Мх, си се потсетив на мојата „семафор“ овошна салатка. (Ептен се гордеам со имево, се надевам дека јас прва сум ја измислила ) Јагоди, киви и банани, со шлагче одозгора и овошен сируп по желба. *смајли што се лигави*
Ммммм обожавам овошна салата од лубеница, банана, киви, ананас и портокал. Па и уште да е сервирана во издлабена лубеница таква како кошничка, со шлаг и овошен сируп... мх мх мх
Летно време обожавам лубеници.По цела зима пекам по лубеница,а бога ми и диња.Друго од овошје сакам скоро се,праски,цреши,кајсии,портокали,па дури и кисели вишнички. Не сакам многу банани,киви и јагоди.
Едвај чекам лубеници. Знам дека има и сега, купив една, од кај фрлив 500 марки па и зелена беше, неубава ќе си ги почекам оние во јули, црвени, сочни и ќе шлапам од ќеф.....цела ќе се измачкам со лубеница, ќе ми тече по вратот надолу И мангото го обожавам, ама поретко си го дозволувам Малини и јагоди периодов ми се полн погодок. И тие црвените топчиња мали ми се многу вкусни, рибизли мислам им беше името (или така нешто) И мазните праски, депилирани мх, мх Сега сфатив дека сум голем љубител на овошје
Обожаваамм обојшјее!!! Ги сакам сите видови на овошје само не јадам Банана!! Иии највекје си ги сакам тропските овошјаа.!!
Можам да кажам дека сум зависник од овошје..јаболка посебно...секој ден мора да изедам барем едно! Инаку ги сакам сите други овошја и се јадам...пред некој ден замислете за малку не се расплакав оти во ниеден маркет не можев да си најдам јаготки..
Леле јас скоро се живо јадам од овошје,почнувајќи од јагоди,малини,калинки,капинки,јаболка ,крушки,сливи,цреши,вишни.Леле подобро да не набројувам натаму ке ми се пријаде нешто што го нема во овој период од годината.
Кога ке ми се пријаде, јадам Во зима, најмногу сакам и јадам портокали. Иако јадам и мандарини и киви... Во лето, јадам се освен Диња/Дуња. Додека лубеница јадам во изобилство. Омилени ми се црешите, а ни зимо ни лето не сакам банани. Грозни ми се.