Јадам секогаш ко ќе начекам ,и тоа го јадам ко да немам видено овошје Највкусни ми се црешите , кајсиите ,лубеница ,бананата убаво ми мириса ,ама не ми е вкусна ,јаболка само зелени ... Понекогаш ми се присакува лимонче ,ама последно време ме заболуваат сите пломбирани заби од тоа киселините ,а баш ми е офрешувачко ...
Овошје без кое неможам ни еден летен ден е лубеницата. Кај мене дома ја има секој ден и можам да кажам дека најчесто сама ја јадам. Не дека другите не сакаат туку јас прва ќе им ја изедам и за останатите ќе оставам само 1-2 резанчиња.
Немам навика да конзумирам овошје. Кога има-јадам,кога нема-не јадам и немам потреба. Инаку го јадам секој вид на овошје,но не сум некој голем обожавател
Јаготки, праски, кајсии, грозје, лубеница, банини, значи си јадам се На лето посебно е потребно многу овошје.
Премногу го сакам овошјето само не јадам грозје,банана,и праска со мов а доколку јадам ја лупам,иначе се друго си сакам и си јадам редовно нема нешто поубаво и позраво од тоа.
Конзумирам овошје и тоа во прилично големки количини. Јадам секакво овошје, кога ќе станам ако нема овошје на маса тешко на моите! Без тоа не ми почнува денот, не фукнционирам нормално
Ејј у последно време се растурив со овошјево... Омилено летно овошје ми е лубеница потоа праски, грозје се што е сочно и вкусно.
Праски и банани обожавам... Јадам без осет,една вечер изедов цел килограм праски, стомакот мислам дека ќе ми пукнеше, а тие убави депилирани, тврди баш како што ги сакам, како да им одолеам . Банани јадам, но повеќе ги јадам зимно време, летово поретко, освен кога не се наоѓа некое друго овоштие низ куќава. Ааа, и цреши јадам, ама тие со усул морам да ги јадам, едно лето дежурав неколку дена во ВЦ, зошто се пре-пре-пре јадов цреши и ме фати пролив и дреми во ВЦ два-три дена, не ми дадоа никакво апче моите, демек за памет да ми дојде. И во право беа, сега со граници јадам . Тие ми се најомилени, а си јадам и сливи, кајсии, грозје, ананас, киви, портокали, мандарини, јаболки, крушки...и се друго што се нарекува овошје, нема нешто што не јадам .
За омилено овошје не можам да се решам, дека обожавам и јагоди и круши и сливи и праски и така натаму. Ама затоа знам кое е моето најомразено овошје што не можам да му го смислам ни мирисот(јадам затоа што морам,да качам некое кило) а тоа е:
Од овошје јадам буквално се,и тоа секој ден без разлика дали сум на диета или не мене денот неможе да ми помине без овошје.Највеќе сакам лубеница,киви,јаболки,сливи,грозје,цреши....ма сите ги сакам бре!
Овошје јадам буквално секој ден а таа навика му ја наметнувам и на моето дете и ја прифака и тој јаде.јадам буквално све од овошје но најмногу ги сакам боровинките,праските во овај период и све што се подразбира под овошје.а и многу често си правам една убава голема порција овошна салата со све што мози да се најди во моментот на пазар и ставам одозгора мед е во тоа вистина уживам.а денес правам и компот од праски за да си имаме во зимата да си лапниме ))))))))))
Кога ќе купат дома, не е тоа секој ден и јас исто како тебе понекогаш не чувствувам потреба да јадам овошје
Јадам во обилни количини,дури и сама си ги купувам,пошто осекам потреба.Најчесто конзумирам како ужина мегу појадокот и ручекот. Некогаш знам и денот да го започнам со овошје. Потреба за овошје чувствувам бидејќи истоштена после тренинг тоа е единствената храна за да си ја повратам енергијата.
Овошје..Хмм, па не конзумирам многу често, али сепак го сакам. Тоа дали ми е во навика створено или само по потреба, нешто измеѓу, али повеќе од потреба.. не ми текнува многу често да земам да јадам овошје , освен ако не го здогледам на маса ставено хахаха