Од овошје секој период обожавам различно овошје..летово лубеници,дињи,грозје..на пролет јагоди..подоцна кајсии ги обожавам..на есен јаболка ммм кога ке почнат да излегуваат се највкусни и најсочни..во зима ,банани ..а во текот на целата година ... без овошје ма и животот е попразен
значи животот би ми бил поубав ако во сите сезони има лубеница,ама секој ден можам да јадам дур не пукнам!инаку овошјето не го ставам пред зеленчукот,ама од кога сменив начин на исхрана си каснувам секој ден ако ништо друго банана наутро за појадок!и праскиве ги обожавам...абе лето
Обожавам овошје. Се давам во праски,кајсии,цреши,јагоди,лубеници,дињи. Ги сакам и бобинкастите овошја малини,капини и сл. Имам добра навика на козумирање овошје,ама за жал не и за зеленчук.
Денес ептен сум задоволна. Се снабдив со 3 кг свежо набрани боровинки од Шара и 8кг капини од Солунска Глава. Какви прекрасни плодови, а и многу здрави (посебно боровинките со антиканцерогено дејство). Ги наредив по канчиња и ги замрзнав. Трпат длабоко замрзнување и не се раскашавуваат како јагодите. Најчесто ги јадеме свежи или во овошни салати, а ќе има и за моето најново откритие-мафини со боровинки. А син ми денес колку изеде додека ги миев и средував, изгледа ќе треба и втора тура да купувам.
Јадам многу овошје. На ден барем едно овошје да не изедам јас одма сум омалаксана , немам енергија. Можам да кажам дека овошјето ме одржува во живот. Овој период јадам многу сливи, гројзе, зелени јаболки, дињи, лубеници.
Банана не јадам бидејки е многу калорична исто како 2 сендвича да изедеш. Инаку јадам мандарини, портокал, лубеница, праска, слива, диња, грозје, круша.
Само заради тоа не јадеш банана? 2 сендвича (со што?) содржат од 75 (мала банана) до 135 калории (екстра голема банана)? Само едно парче леб може да има толку калории така да не држи таа теорија. А и 100% поздрава е бананата од два сендвича така да не може да се спореди. Не го рачунаат во диетално овошје ама и те како е здрава и од една банана не може да се здебели.
Се...Јаболки,праски,грозје (моментално јадам ),лубеници,сливи... Кога гледам слики ми се пријадува се...
Имам потреба од овошје и затоа што во текот на денот се хранам нездраво гледам да започнам здраво. Обожавам да јадам јаболко, иако имам фобија од црви, па кога јадам го сечам на најситни можни парчиња, за да бидам сигурна дека никаде ништо не мрда. Сакам банани. Доволно ми се благи што некогаш ми заменуваат чоколадо, ако сум претерала дента. Не јадам лубеница, ниту пак диња. Ќе земам само ако мајка ми каже: Мери убава е, затоа што знае точно колку благи ги сакам.