И јас јадам многу овошје, секакво сезонско овошје меѓутоа јаболките, лубениците, праските и дињите не ги менувам за ништо. Во скоро време некаде прочитав дека од многу конзумирање на овошје си можел да се здебелееш , вие по колку овошки јадете на ден?
Јас секојдневно јадам по едно јаболко. Акое лето плус 1/6 диња, 1/8 лубеница, по некоја црешка си земам, понекогаш и банана. Ако е зима јадам по две јаболки дневно и една мандаринка или портокал. Ако е есен, послабо јадам овошје.
најомилени ми се јаготките и праските тие најмногу ги сакам а јадам и многу други ама овие ми е најомилени
На прво место ми се смоквите Ама ги нема цело време ,па затоа со душа чекам да дојде лето.Покрај смоквата ногу сакам јаболки и поротали.Јаболки секој ден јадам барем по една Нема овошје шо не го јадам
Обожавам зрели смокви! Само што краток период ги има Инаку, секој ден јадам еден портокал или цитрон, а ако сакам повеќе да ме засити си земам покасно и банана. А тие јагодите едвај чекам да им доје периодот. И домашен милкшејк е многу добра работа...
Од овошје омилени ми се портокалите и бананите А никогаш повеќе не би пробала Кокос и смокви. Спојлер За кокос им досадував цела година на моите и ги измачив додека го отворија и на крај се разочарав, па повеќе очекував де а оно никакво да ти било.
Секое сабајле мора да изедам зелено јаболко, навика веќе ми стана. Обожавам овошје и нема ден што ќе ми помине без овошје. Лубеницата ми е омилена.
Јас многу јадам овошје. Омилени ми се јаболката, бананите и кајсиите. Инаку јадам и се останато, цреши, праски, јагоди, киви, портокали,...
Јадам секакво овошје, освен грејпфрут - не можам да јадам горчливо Инаку највеќе сакам цреши, банани и калинки