Не сум обожавател на овошје. Само банана и јаболка сакам, и тоа зеленото јаболко. Друго искрено не се ни сеќавам колку време не сум пробала.
Само и само банани, другите овошки никогаш да не ги вкусам не ми е криво, никогаш умот не ми оди на овошје.
Не сум многу по овошјето, од овошје сакам најмногу банана, портокали грозјеи некои видови круши. Не доволно го конзумирам иако знам дека е корисно. Од друга страна прашање е колку е тоа здраво со охед на тоа што производителите употребуваат се поголема количина на хемикалии за заштита и зголемување на приносот. Јас имам плац околу куќата од 1059 квадрати и освен зеленчук имам и добар дел од оние оошки кои успеваат на ова поднебје, Круши, јаболка, јагоди и тоа месечари па така имам јагоди од јуни, до крајот на септември потоа модри сливи, една лозница во дворот, рибизли по страните, капини.... Буквално имам енергетска бомба околу мене и затоа су секогаш активна и полна со енергија.
Налетав на интересна емисија во која се збореше во врска со здрав живот. Еден доктор вика дека едноставен е рецептот во однос на јадењето овошје и зеленчук Во принцип треба да ја пратиме природата, како што ни дава сезонски плодови... тоа се јаде.
Сакам да прашам дали овошјето дебелее ако се конзумира еве овој период од денот иако сум цел ден на 2 џуса? Обоожаваам овошје.Јас сум веган инаку. Јадам само овошје и зеленчук.Сега сум на 21 дневен предизвик, мислам дека кај нас сеуште не е познат."JuiceFast" Challenge, односно конзумирање само исклучиво џусеви колку што сакате во текот на денот.Втор ден ми е и луѓе се топам буквално.
Кога станува збор за губење килограми, помеѓу овошје и зеленчук, секогаш бирај го зеленчукот. Овошјето има многу шеќери и се препорачува да се јаде од сабајле. Јас пред една година си дадов предизвик 30 days green smoothie challengde. Имаше резултати, ама јас го јадев ова само насабајле
Не сакам многу овошје да јадам, ама се трудам барем преку ден да каснувам нешто. Киви, портокали, мандарини, јаболка, круши, динче тоа имам сега дома и некогаш ми се расипуваат од Што не ми се каснува.
Кајсии и круши мн сакам.Со овошјето и зеленчукот сум скаранаС трудам да каснам нешто но не ми иде никако