Од овошје најмногу сакам јаготки,порано ми беа омилени зелените јаболки.Поретко јадам портокал,киви,мандарини-не ми се многу убави на вкус.Исто и ананасот не ми е нешто убав.Лимон цедам понекогаш,убав ми е сокот од лимон.
Не знам дали е во ред овде да го поставам прашањето, но да се обидам. Каде низ Скопје или на друруго место може да се најдат боровинки, по можност свежи на кило? А богами не сум наишла ниту на замрзнати..
Да претпоставувам, можеби и лошо го поставив прашањето. Повеќе ме интересира дали некој познава некое лице што продава или место каде што се продаваат кога им е сезоната? Верувам дека има приватни лица што продаваат, само досега јас немам запознаено.
Ако морам да бирам кое овошје ми е највкусно, ќе изберам манго. За жал, на прсти се бројат приликите што сум ги имала да каснам манго. Убава арома има, пресочно е и ми се допаѓа текстурата (слична на праска). Исто така, обожавам ананас. Превкусно и пресочно. Обожавам и малини. Сакам и јагоди и капини, ама малините ми се врв. Поготово убаво оладени на жешко време. Благи и киселки, меки, со убава текстура, се топат во уста. Во принцип, најчесто јадам банана. Ја има во текот на целата година, дава енергија и заситува. Инаку, ќе издвојам и зелена круша, меѓу поомилените овошја ми е. Обожавам и нектарини, секако и праски, ама преферирам нектарини. Во глобала јадам се, само не сакам лубеница. Јадам по малку, буквално на сила, чисто зошто е некалорична и здрава.