Обожавам овошје јадам по 5 порции секој ден. Многу е здраво и вкусно. На зима најмногу сакам портокали и јапонско јаболко, на лето лубеница, кајсии и праски , на есен грозје и круши, на пролет јаболка, а омилено од сите овошја ми е банана па уште кога ќе и ставам мед и ореви мммммм омилен десерт. Тропското овошје како на пример: манго, папаја, ананас најчесто го јадам суво во комбинација со јаткасто овошје.
јадам овошје ако може да кажам средно, значи ни во големи количини, ни воопшто . Обожавам банана, киви, јаболко, портокал, мандарина, праска....... Речиси се . Само секогаш кога јадам сакам да се позелени и потврди, тогаш ми се највкусни, ако не е така не ги ни јадам
Jадам овошје како кога имам периоди кога навистина почесто конзумирам а имам периоди и кога мн малце конзумирам овошје.Kај нас дома секогаш има овошје на масата и некогаш ке скапе од што не ни текнува да го изедеме.Најчесто јадам мандарини,јаболка-зелени,по некоја банана,јаготки,цреши,праска понекогаш а обожавам лубеница.
Јаболки,крушки,мандарани,портокали..ма се од овошје..едниствено не сакам цитрон, многу ми е чуден на вкус, незнам А во лето се давам во лубеница и дињи, уште како мирисаат...ма можам комотно да живеам само на нив.
Мајка ми постојано ми остава пред компјутер тањир со овошје но ретко да седнам и да го изедам, а омилено ми е ананас,цреши,мандарини,портокали и лубеница
Леле тие сликите горе како ме нстрвија леле леле сакам лубеница, праски, мандарини и тоа одма оф оф оф
според сезоната така и јас се ориентирам со овошјето,јадам сега најмногу портокали,мандарини,киви и банани а преку ела година најмногу јадам зелени јаболка. исто во овој период преферирам да јадам и многу домашни компоти од праски и од вишни.... повеќе јадам овошје одколку што адам леб и други намирници
Обожавам овошје Најчесто си правам '' специјалитети '' - насецкана банана,две мандарини и јаболка .. ммм Инаку многу сакам мушмули,мандарини,банани,крушки,цреши,јагоди ... Ми се пријаде !
Многу сакам овошје, а најмногу банани, мандарини, лимони, малинки, јаготки. Обично овошје јадам наутро, но би можела и цел ден.
многу јадам овошје обично банани,мандарини,портокали,јагоди,јаболки,цитрони,киви,цреши,лубеница у принцип се јадам од овошјето
Навика ми е да јадам овошје.. особено киви, а и дека се занимавам со спорт, преферирам здраво да се хранам