За да ги искористи организмот сите витамини од внесеното овошје, конзумирајте го науто и преку ден, никако навечер. Дури се препорачува пред појадокот да се изеде некое овошје.
Не не штети, никако не штети. Зборот ми беше наутро и во текот на денот организмот ги искористува сите оние витамини од овошјето па затоа се препорачува да се конзумира во тој период од денот, поможност наутро. Ова го прочитав некаде само не ми текнува кај а и мајка ми која е фрик по здрава храна пред некој ден го спомна. А тоа дека штети, не во таа смисла
Обожавам овошјее!! Не поминува ден да не јадам некакво овошје.Инаку јадам речиси се:јаболка (најмногу зелени ),круши,праски,кајсии,сливи,цреши,вишни,јагоди,малини,рибизли,грозје,банани,портокали, мандарини,киви - можам цел ден да јадам,лимони,лубеница...а најмногу сакам ДИЊА! Многу кажавте дека ја мразите,и јас порано не можев да ја мириснам ама ова лето мислам дека се удавив во дињите
Не дека штети само изедено овошје навечер така речи ќе се преработи како храна без никаков витамин бидејќи навечер телото не абсорбира никакви витамини. Турунџиева чинам дека беше таа која што спомна пред некое време дека ништо не сме направиле ако изедеме овошје навечер па ако сакаме да има некој ефект овошјето се јади во првата половина на денот некаде најкасно до 2 часот попладне бидејќи тогаш е најкорисно за телото. Инаку јадам овошје и тоа премногу јаболка, круши, портокали, сливи, цитрони, грозје и се така по ред да не ги набројувам сите
Се препорачува овошјето да се јаде на празен стомак, заради негова полесна обработка и варење, а со тоа и максималното искористување на витамините и минералите што ги има во него. А зошто на гладно? Затоа што побрзо се вари од било која друга храна, па ако се јаде после појадок, ручек или вечера, буквално скапува во желудникот и не се обработува како што треба. Ова го прочитав во книгата на Дајмондови за правилна исхрана, и појасни ми станаа некои работи. Има логика, во секој случај.
Уф, јадам овошје а највеќе јагоди цитрони манго ананас јапонски јаболка банани црешки ОВИЕ МИ СЕ ОМИЛЕНИ
да да, тоа ми беше поентата. И мислењето на zvezdakoska, оние кои јадат овошје навечер да го заменат со некоја друга здрава ужинка а истото да на изедат наутро
Јадам многу овошје и јадам скоро се. Најмногу јадам:киви, мандарини, портокали, лимони, лубеница, диња, праски, цреши, крушки, кајсии, сливи, грозје, јаболка, јагоди, малини, банани и многу други. Обожавам овошје.
Зимскиов период сум само на банани, портокали и мандарини. Ми недостасуваат јагодите, лубеницата и кајсиите, ама ќе си почекам...
Јас обожавам да јадам овошје и го конзумирам редовно секој ден....Најомилено овошје ми е портокали , мандарини, праски , ананас и диња.
Знаев дека овошјето е полно со витамини ама се изненадив пред некој ден кога читав дека тоа е тооолку многу. Киви, лимони, мандарини... премногу добри за човековиот организам. Па, портокали, јаболка, банани, јагоди... Единствено не ми се убави некои јужни: грејпфрут, ананас и таквите.
Леле обожавам овошје и сум зависник од него.Секојдневно го конзумирам и најчесто јадам наутро и преку денот нагладно и прег главното јадење.Јаболкото и лимонот ми е најповеќе присутен во секојдневие а најповеќе сакам цреши и лубеница