Обожавам овошје или пак емиш (како што баба ми го вика ) Ем затоа што е корисно и има многу витамни и ми се допаѓа затоа што може да се прават природни сокови. Најомилени ми се праските без мов (мазните) хихи
Н видов,нигде не сте ги спонале мојте дудинки!Ахх..колку ме потсетуваат на преубавите летни попладниња,кај дедо ми во село,под сенката од дудинкиве..Имаше стара дрвена клупа,додуше уште има ,си седевме на неа,цело семејство собрани и јадевме дудинки.. Кој знае дали некогаш пак ќе биде вака.. Туку темава е за овошје,јас малку забегав оффтопик,ама еве сега ќе си ја поправам грешката. Овошје обожавам,особено летното.Единствено не јадам круши ни ананас.Не ми се одвратни ко што пишал некој,ниедно овошје не ми е одвратно,само што помалку јадам.Омилени ми се : Спојлер -црница -лубеница,не ми е гајле кај спаѓа,таа за мене секогаш ќе е овошје -ладно дињче -штотуку измиено грозјенце.. -кајсиии... -праски ..и за разлика од повеќето јас ги сакам оние со влакна,поубави ми се -модри сливии... Мислам јас можам до утре вака да си редам овошјенца ама ајде да не ве напнувам
Јадам секакво овошје. За разлика од зимното, повеќе го сакам летното овошје. Во зима најмногу сакам портокали. Во лето-се! Праски, дињи, цреши, јагоди, грозје, лубеница (ако е овошје ) .. Помалку јадам ананас, а јаболките ми се поубави зимно време.
Многу сакам овошје. Кога не би било овошјето, незнам што би правела! Најмногу јадам јаболка, мандарини, банани...итн итн
Како да сум единствената која не јаде многу, многу овошје Не затоа што не ми се допаѓа, едноставно не сум љубител на овошје. Самоиницијативно не ми текнува да изразам желба за нешто посебно. Затоа пак го обожавам зеленчукот. И да не испадне дека ништо не јадам, ќе ги издвојам она овошје кое ми е највкусно. Цреши: И пак не било какви. Сакам благи, со по темна (бордо боја) и месасти. Мислам дека ме разбирате какви Кајсии Нив ги сакам повеќе зелени одошто зрели Праски Но исклучиво голи праски (некои ги викаат и диви). Не ги сакам презреани затоа што мразам да ми се цедат. Лубеница Едноставно не можам да си замислам лето без лубеница!
Многу сакам овошје и веќе неможам да си го замислам денот без него. Јадам скоро секакво а најмногу јаболкоо
Обожавам овошје,не можам да си замислам да ми помине денот без да каснам некое овошје,нема некое овошје да не го јадам,а омилени ми се праските и јагодите,мммммммммммм
Мандарина и портокал ммм.. Повеќе мандарина зошто додека го излупам портокалот лиги ќе ми потечат Сите овошја ги јадам, но овие ми се омилени
Без јаболко не би можела да си го замислам животов... буквално ! I'm addicted to apples (често ми заменуваат и цел оброк, особено појадок )
Јас сум повеќе љубител на зеленчукот но каснувам и по малку овошје,и тоа најчесто по иницијатива на мајка ми! Скоро секогаш имаме дома овошје но за жал немаме навика да го јадеме Па мајка ми знае да напне некогаш со нејзините предавања колку е здраво овошјето, дека мораме да конзумираме насабајле и преку целиот ден, па ќе ни лупи и ќе ни дава,буквално на 100 начини ќе не принудува да го јадеме ! И има право жената па затоа во последно време пројавувам интерес за банани, јаболко (киселки), портокали и најмногу лимон(поточно сок од лимон)
Многу сакам овошје. Убаво, лесно, здраво. Одвај чекам да започне сезоната на јаготките, сакам цреши, портокали, јаболки, киви, малини. Го сакам и ситното грозје, кајсии и диња. Не љубам многу свежи смокви, цитрони и лубеница. Ги јадам, но поретко. Овошните салати ми се најубав и најосвежителен оброк во летниот период. Без шлаг и такви додатоци, само свежо овошје полиено со малку зашеќерена водичка. А цедениот лимон (во додаток со мед) и свежо цедените сокови... се незаменливи за утринско освестување.
јас си јадам овошје.......само јаболково не го сакав ама сега кога станувам јадам по едно јаболко........од лимонот си правам сок а понекогаш и така го јадам и јадам се друго од овошје цел ден мора да си жвакнам по некое овошје
Цреши не јадам, се плашам од црви. Јаготки, праски, мандарини, портокали, банани, диња, ананас, сите јаболка ми се едни од подрагите. Не сакам лубеница, ретко ја јадам. Нашиве не ми се по вкус, но затоа во Египет и Турција ради потоплата клима, посочни се и се давев во нив. Шербет како да јадам. Сакам овошни салати и ги конзумирам преку лето, но не сум наишла на ресторан каде има добри овошни салати. Секогаш конзервирано овошје ставаат.