Јадам секакво овошје...и секој ден јадам овошје..секое сабајле и навечер јадам по еден портокал..бидејќи најомилено овошје ми е портокалот
најмногу јадам овошје,превитаминизирана сум секој ден јадам протокали и зелени и црвени јаболка,тоа ми е омилено
И јас сакам овошје и највеке јадам.. најчесто јаболка или сок од јаболка (домашен, направен со соковник).. А највеке сакам јагоди и јаболка (само што јагодите ги има само во лето
Уфф, обожавам овошје!! Нема овошје што не го јадам. Единствено ананасот не ми е омилен, ама кога нема ништо друго, и тој е добредојден
Ниту јас не конзумирам често овошје. Моите ке изнакупат јаболки, банани, киви, портокали, и ете така ке стојат и на крај ке скапат, па ке завршав во ѓубре. Не сум љубител на овошјето, ама во летните периоди уживам да јадам лубеница.
сакам овошје најмногу праска кајсија слива круша банана лубеница или тоа беше зеленчук хаххахахха сакам сеееее
Овошје јадам скоро секој ден. Најчесто јаболка или портокали. Омилено овошје ми се јагодите, потоа лубеница, диња, праски и грозје
Од овошје јадам се, освен цреши (страв ми е да не изедам некое црвче ). Обожавам јаготки овој период, во зима киви и мандарини, а летно време ладна лубеница и диња.
обожавам овошје најмногу сакам цреши, јагоди,мандарини и малинки единствено што не јадам од овошјето е бананата ми се гади од неа
Кога станува збор за овошје, јас сум како термит Портокал, лимон, цитрон, зелено кисело јаболко, вишни, гола праска, ананас, и лубеница се само дел од работите кој уживам да ги јадам мммммммм
Па не сум некој голем овошјојадач Јадам различни овошја: Киви, мандарни, јагоди, цреши, малини, боровинки, жолт цитрон и модри сливи. А инаку не јадам јаболко
Обошје...па ги јадам речиси сите освен диња ептеееннн ретко. Инаку најмногу сакам Ананас м,м,м,м,м,м,м....
Манијак сум по овошје, дефинитивно Кога има дома било какво овошје, прва сум за да го изедам. Иначе, ги јадам сите овошја освен ананас, некако ми се гади од него Обожавам зелени јаболка, сливи петровки, јагоди, банани ... и што уште не
Не јадам многу овошје, но најмногу сакам :манго, папаја, помело, јагоди, цреши, зелено јаболко и мандариниии
Го сакам шумското овошје:малини, капини, рибизла, јагоди, боровинки. Ама дефинитивно душман сум на грозјето-го обожавам! Киви и мандарини,ми се меѓу омиленото овошје, а лубеницата ја сакам летен период, ладна, како замена за вечера!