Искуство со книжарата "Икона"? Гледам имаат оглас, ме загрижува првиот пасус. Да не ги шетаат вработените низ сите книжари цело време, као една недела ваму, една недела таму? Исто, како да зачестија со огласи, дали се должи тоа на нивно незадоволство, на незадоволство на вработените или чиста случајност? Знам дека онаа во парк им е тазе отворена, може и тоа е причината.
Може малце офф топик, да не се разбереме погрешно, зошто нема да зборам за Икона, немам лично искуство, ама да кажам општо за продавачка како професија. Значи, нема полошо од тоа да си продавачка во државава. Работиш 6 дена во неделата, те плаќаат минимално (или нешто малце повеќе), а те искористуваат максимално. Оние кои плаќаат "повеќе" од тебе очекуваат све, ама буквално све. Ја работиш работата за која си аплицирал, притоа си и чистачка, кафекуварка, економист, набавувач, садомијачка, ако има тоалет во склоп на продавницата, нормално и за него се грижиш. Притоа, ако имаш некоја професија за која си се образувал, истото тоа е искористено, им средуваш работи од тој домен, нормално без надомест, пошто они веќе одамна се јачаат дека плаќаат поише и имаат боље услови од "ете оние газди на оној дуќан онаму". За договор за работа да не збориме, заштитени се ко бели мечки. Еден своевиден хаос е професијава.
Знам, сето работно искуство ми е продавач во разни форми. Се надевам дека можеби е поинаку во книжара. Од сите тие лоши услови и лични искуства, веќе не ми е приоритет ни плата, туку смени и подетални услови.
Кога отидов на интервју тука каде што сум сега, ми беше кажано дека ќе идам неделно, една прва, една втора, за да понекое време, (откако нормално сфатија дека одлично се снаоѓам) да ми ја тупнат цело време прва смена, во која има дааалеку поголеми обврски. Откако видов дека нема намера тоа да се смени, се побунив дека ќе си идам, па одма ме сменија. Подетални услови, уфф... и ова е болна точка, кажуваат само она што им одговара, за со тек на работата да увидеш дека има многу работи кои ти сметаат, за на крај да сфатиш дека штом не си прашал за тоа претходно, никој не ти е крив. А, тебе ни на крај не би ти паднало дека можно е такво нешто воопшто да постои. И сè ќе беше ок, да плаќаа БАРЕМ малце повеќе. А, секој ден слушам муабети од газдиве како младиве кај нас мрзливи биле, не им се работело... богме, сесро и мое дете за овие "платени" обврски двапути ќе размислам дали ќе пуштам тука да работи. Све у свему, со среќа, дај Боже да си најдеш што ти одговара.
Сакам Книги исто имаат оглас за вработување. @MissChievous , немам искуство ни со двете книжари, но можеби ќе ти помогне и овој оглас. https://sakamknigi.mk/oglas/
Мој совет секогаш барајте вашите права и обврски да бидат јасно запишани во договорот за вработување, само така може да се заштитите, и не се нафаќајте да работите друго освен она што ви е обврска во договорот за вработување, ако бараат да им сработите друго нешто надвор од јасно утврдените ваши работни обврски, обавезно барајте си дополнително да ви платат како за договор за дело. И уште еден мој совет пред да потпишете договор за вработување препорачано е да се консултирате со правник или адвокат, за да ви кажат дали е во ред договорот.
Со туристичкивe агенции некој да има искуство ? Изгледа како што почнува сезона им гори под нозе, пошто нормално не им текнало на време дека ќе им требаат екстра вработени за овој период, па огласнициве саде побарувачка за туристички работници. Кажете ми општо услови како се кој знае ( плата, работно време, дополнителен приход, тешко-лесно, мора ли со факултет туризам да си, да имаш лиценци за водич-пратител, два-три јазика да знаеш, итн.... ) , А и конкретно ме интересира за овие две агенции : 1. АГЕНТУР 2. МтТравел Секое споделено искуство е добредојдено, и високо ценето . Фалааа
Дали некој знае каде да аплицирам за додатна раб,затоа што веќе сум вработена на целосно раб време ..
Дали знае некој дали има оглас за вработување во некоја парфимерија или така нешто? За Скопје прашувам
Некој да нашол работа на оглас? Стварно ми е чудно колку многу огласи има во последно време, и се јавуваат за интервју, а после ги нема. Дали им треба некој или така си ги пуштаат за реклама?
Често пуштање на огласи не е баш најдобар начин на рекламирање. Кај некој што им ги следи огласите се ствара слика дека компанијата што нон стоп еден те ист оглас објавува, ги менува вработените многу често или сами си бегаат. Не баш сјајна слика што ја оставаат за себе. Инаку јас лично различни искуства имам со огласи. Најчесто аплицирам и не добивам ни фидбек на апликацијата, а не па да ме повикаат на разговор. Ми се случило да ме викнат на интервју, некои и на второ, па да ми пишат мејл дека не сум избрана или дека се одлучиле за друг кандидат. Исто и ова ти што викаш, ме викнале на разговор, а после живи ги нема. Ми се случило да ми се јават дека сум ја добила работата, ама јас сум ги одбила. Ова се случило три пати, кога не ми се допаднала платата што ја понудиле. За едното место отпосле ми беше криво ко на згоден маж корпа да сум му удрила. Ми се случило и да се вработам преку оглас.Once. И еднаш со препорака. И тоа ми е искуството. Моментално работам, ама чат пат си праќам ЦВ кај некои што ми паднале во очи, не можам да знам, можда ќе ми се посреќи.