Знае ли некој што фирма е Бианко - Ања на кеј? Тоа е иста фирма, ист газда. Што фирма е, што луѓе се газдиве? Гледам има оглас за вработување. Сакам да знам каква е средината, дали да се упадне за работа, пошто денеска секакви будали има не знаеш на кој ќе налеташ, а сепак работам, па да не бидам извисена на крајот...?
Порано имаше пансион и кафич Ања на кеј, али го затворија, сега има само пансион Бианко (мотел) во Капиштец кај кружен тек, а веројатно на кеј им се канцелариите, или евентуално ако го отвориле повторно пансионот во ГТЦ, инаку кафе Ања беше еден од најпознатите кафичи во Скопје, со три локала, на кеј (ГТЦ), во парк (кај министерство за земјоделство), и во Капиштец кај кружен тек (сега пансион Бианко), а како што знам уште кога беше минимална плата 8000 таму вработените беа платени на 18000 ден. немам слушнато лош збор за нив, тоа е тоа што можам да кажам, сепак оди на интервју и провери си за сигурно
Пред 3 год нудеа ептен лоши услови. Минималец плус менџерот се изживува како да е господ..и плус и трета смена за рецепција затоа што Бианко има рецепција.. И уште еден "плус" неплатена пробна работа Уште ги држат тие на кеј инаку..ама не и кафичот
Мислам сегде е така со смени, шефови и пробна. Не се плаќа 3та смена поише, а по закон е +35%, те тераат да седиш месец и не се знае колку, а ти рекле за недела-две ќе бидеш вработена бидејќи им требаат луѓе, имаш дежурство мислам секој втор викенд што исто не се плаќа додатно, немаш пауза зашто нема кој да те замени, по една на пулт работи. Чудесии. Зборам за Неуромедика, сега ме потсети со Ања. Треба да си ги бараме правата, иначе ќе не згазат. Поздрав
Здраво Сакам да прашам дали сте во тек со информации зашто сеуште нема јавни огласи за вработување во мвр или во други јавни сектори... и дали има некоја информација кога би имало јавни огласи
Мислам дека сите продавници на Индитекс се океј со услови. Сум слушал позитивни искуства од луѓе кои што работеле за пола работно време во Пул енд бер, платата била 11 илјади за 4 саати дневно, 6 дена во неделата.
Веќе одамна е познато дека во мутно се вработува, а огласите ги пуштаат ради реда (законски) или за да им се продолжи договор на веќе вработените на таа позиција. Не постојат случајности во оваа земја, ниту фер избор. На некои места кога ќе аплицираш и ќе ти кажат дека за нивни го пуштаат огласот, оние поотворените.
Повеќето да, така е. Сепак јас си пишав лично искуство на прашањето на членката, сум се вработила преку оглас (без местенки), иако спомнав веќе многу пати сум била и одбиена, не искоментирав дали таму наместиле некој друг или регуларно го избрале. Искрено на некои места не мислам дека било регуларно избран друг, пошто и тестови одлично сум поминила и позитивно на интервју (а од сигурни извори сум чула немало многу пријавени) и пак ме одбивале.
Да прашам дали некоја од феминките имала искуство со работа како телефонски оператор во фирма ВД КОМПАНИ. Дали се работи за сериозна фирма, услови за работа, плаќање и сл. Фала
Магнетик даваат околу 15.000. Арно ама, велат дека работиш 6 ипол саати, но остануваш обавезно 30-40 минути плус за каса и средување, или ако те побараат како помош сабајле, а ти си втора смена, ќе си дојдеш и сабајле и втора смена, неплатено. Исто кога има пописи остануваш многу повеќе, нова роба и слично, секако неплатено. Мислев дека се подобра фирма ама... Ужас.