Мислам дека е како во Џонсон Контролс и таму даваат К15 обично им го исплаќаат на лето, 13та плата за нова година, годишен одмор, две недели летен, а една недела зимски одмор, храна, ама работат и сабота, освен на трета смена таа недела им е до петок. Утре ќе работат, ама ќе земале дневница. На нив тоа им е најважно, да се на работа и да рмбаат. Таму се насобрани таков тип на луѓе кои освен муабет за работа друго ништо не знаат да ти кажат и лакоми за повеќе пари. На групи ги праќаат по неколку месеци во Германија, па земат по 40 евра од ден и плус овде плата. Една моја братучетка беше 3 месеци и дома остави и маж и две машки деца.... Платата е од 18.000 за обичен работник, 20-22.000 контрола на квалитет, 35.000 тим лидер, па до 50.000 за инженери. За обичен работник е малку пари плус 6 работни денови во неделата, работа во стоечка положба и ќе ги прашам по неколку години какви им се нозете од стоење во место по 8 саати дневно. Искрено 18.000 ден и во било која конфекција ако имаш норма ќе земеш, а и тоа е фабрика. Не се сите лоши има и такви кои почнаа да не работат и сабота, а сабота слободна е голем плус. Повеќе време за шетање, фамилија итн. Пре би избрала конфекција и само прва смена, отколку некоја ваква од овие инвестициите. Ама некој сака пари, а не слободно време. Ако е исто со Европа во Штип тие имаа поголема плата бе и плус пријавени на поголема ставка. Знам луѓе кои отидоа на пензија од таму и земаат многу поголема.
Здраво. Ве молам доколку знаете некоја работа во периодот после 17часот...бидејќи сум студент и имам предавања. За ги прекријам основните трошоци. Дадилка, миење садови, кафич, бутик...фала ви однапред.
Да, јас. Зависи какви проекти имаат моментално, телефонски или теренски. Пробај, само јас земав по 4-5000 месечно за 4-5 саата работа дневно. Можда фатиле некој проект сега, не знам, види си. Се наоѓаат кај Педагошка во куќа. На договор бев као соработник, ако немаш ништо во моментов. Поз
Поздрав, веќе две год упорно барам раб со скратено време но ме можам да најдам , барам по огласиве и таму има слабо таква работа , доколку некој од вас знае нека ми пише