Не знам каква работа бараш, ама сега во Дримленд игротеките баш гледав, бараа за со скратено работно време.
http://www.najdirabota.com.mk/vacancy.aspx?vacancy=695640&ref=vraboti.se#.XXpV0WkzYdU Го гледав на неколку страни за работа, прати CV или јави се, иако пишува дека е поминато времето за аплицирање. Јас овој оглас го најдов набрзина, може уште да трае огласот. Јави се ако ти одговара, ништо не губиш. Со среќа.
http://macedonia.mladiinfo.eu/2019/...lonterska-mozhnost-uchi-i-patuvaj-vo-anglija/ Еве ви нешто интересно за млади
На Фб, нема да кажат по тел. Ми пратија порака да одам на интервју, ама не знам дали да одам зашто слушам не исплаќале и гледам пред година-две плата 12.000. Поз
Работата (за позицијата советник) е претежно теренска и со флексибилно работно време, иако си пријавен на цело работно време од 8 саати. Имаш фиксна плата, а од продадени полиси добиваш бонуси. Имаш минимум кој треба да го достигнеш месечно и за кој добиваш плус фиксна сума за постигнатиот таргет, како и плус поени од продадените полиси. Поените се множат со одредена сума пари и сето тоа ја зголемува платата.
Може мислат бруто тогаш нето ќе биде нешто околу 16 000 - 20 000 денари, али ако е нето 30 000 - 40 000 денари тогаш треба да бидат прогласени за работодавачи на годината, искрено и мене не ми се верува...