https://www.facebook.com/iveri.mk/?...NH_VL_5mhCCF0SjPcNFPaSqqtHnaKWsmWSMUpNdBm-s99 Ако одиш од плоштад, уличката помеѓу Тренд и Боката на крај од карши има Комодита. Ако одиш од кај рекорд, карши министерство за правда или центар бар уличката каде што стојат таксистите од карши.
Искуство со Џун Про - Штип Се изработуваат футроли за мобилни, таблети, несесери од брендот Adore June. Работно време 7-15 од понеделник до петок. Порано имам слушнато дека земаат голема плата, а сега каква е ситуацијата дали некоја знае?
Дали знаете во кое школо се бара наставник/професор по физика? Некаде каде што нема или ако има некој што скоро ќе оди во пензија.
Ако мислиш дека може да се вработиш во државна институција со поставено прашање на форум за слободно работно место, во голема заблуда си. Ако си член на партијата што е на власт и имаш моќен внатрепартиски човек, може да успееш. Во спротивно, со диплома исклучиво за настава, барај си доедукација или преквалификација за да не го губиш времето надевајќи се дека ќе се вработиш само преку инфо "ако во некое училиште се бара кадар". Кадарот е претходно селектиран за кој било наставен предмет само се чека да се ослободи работно место.
За Битола: Се бара работнички во Џеко (Нова Битола),Луиџи,а мислам дека и кај Гирото наспроти баро. Се бара келнер/ка во Метро. Се бара за на каса,магацин и други позиции во Веро на Широк сокак. Се бара фармацевт со и без искуство во Зегин. Толку успеав огласи да запамтам,ако најдам некој нов оглас ќе објавам.
Професорите по физика се дефицитарни на ниво на цела држава, за некое време ќе нема кој да предава. Мене пред неколку години дома дојдоа да ме прашат за да предавам хемија.
Практикантство е мерка на Агенцијата за вработување и добиваш надомест од 9.000 ден месечно. QUOTE="ocicka2014, post: 4520786, member: 91886"]Како што знам плаќаат 5000, за тие три месеци ако се откажеш порано има некој период што не смееш да се пријавиш во бирото после тоа. После истекот може да ти продолжат практиканство, да ти понудат работа или да ти кажат бај бај немаме потреба од тебе Се е на среќа во моментот дали ќе имаат потреба од тебе ако некој се најави дека ќе си оди или ќе има зголемена работа или пак ако се покажеш да те задржат.[/QUOTE]
https://www.fakulteti.mk/mobile/job...man-vo-cnvp-makedonija---kancelarija-vo-resen Има и други огласи на сајтот
Да, и јас ова ќе пишев, наставници по одредени предмети не може ни да се најдат. И ја знам за случаи во последниве месеци за примени наставници кои биле пријавени во завод. И сега фалат, а тек ќе фали кадар за некоја година.
Се јавувам на оглас, каде што нема наведено меил. И надуеноста на госпоѓата ми даде знак дека работата не е за мене. Ја прашав кои услови за работа ги нудите. Ау, кога го крена гласот. Боже пази. Па и велам немате ништо наведено во огласот, а нема меил. Па, како смеам јас ми вели да ви кажам услови. А бе пиштоло да си го земете. Запишете меил ми вели. Благодарам и велам, пријатно. Какво е вашето искуство со вакви огласи и дали вака преку телефон ви се има случено да ви дадат информации.
Ако ти рекла дека огласот не е за тебе, и се има испуштено дека за некој е. Верувај и. Ако тоа било оглас од агенција за вработување, каде некаде ни телефон не оставаат фирмите, тоа лице е веќе вработено и огласот е формалност. Затоа нема меил. А има и една друга страна prv.mk што истите огласи ги постираат од агенцијата за вработување. Е сега, некои огласи кои се за општ работник или слично можеби се реални и отворени за аплицирање. Инаку немам барано информации по тел.