Здраво,потребно едно Лице за маркетинг ,флексибилно работно време и редовни примања ,по избор за редовен ранотем однос или хонорарна работа,ПОВЕЌЕ ИНФО ИНБОКС
Девојки нешто мене не ми е јасно. Зошто има огласи за вработување кадешто рокот за аплицирање е три дена? Дали веќе е примен некој на тоа работно место, па само поради законски причини пуштаат оглас?
На зегин од секаде им бегаат вработените.. и во берово во млекарата им бегаат.. Касни со плата плус се изживуваат врз вработените..
Безразлика дали работам ги отварам огласиве чисто да видам што има. И секогаш кога и да отворам гледам едни те исти огласи па си викам дали на луѓево не им се работи, а само кукаат како нема работа или е до работодавциве. Јас мислам ова второво ќе да е имам на неколку интервјуа одено и тоа во познати фирми и секаде мед и млеко на интервју, а кога ќе почнеш сосем друго. Или каснат со плата или имаш шеф, газда па и колеги кој си лечат комплекс на тебе, мислат дека ако работиш за нив си нивен роб и може што сака да прави. За жал во нашава држава нема закони кој и да е на власт за заштита на вработените. Најчесто рмбаш за 200- 250 евра и празник и делник и тоа ништо плус не ти е платено. Да имам власт би забранила работење за време празници и викенди како што има во другите нормални земји низ европа.
Не знам дали ова е за овде - слободно избришете. Најдов еден оглас и веќе подолго време ме копка....премногу е добро за да биде вистинито....ако некој веќе аплицирал и добил повратен одговор нека ми пиши лп https://www.vrabotuvanje.com.mk/Rabota/392397/Data-Entry-Call-Transcriber-mf/
Најверојатно цв....а лични податоци не ми се оставаат на некоја квазифирма која нема ни контакт меил оставено и нет страна која изгледа како направена вчера...