Има ли некој искуство со Sport Vision конкретно референт за продажба колку е платата, бил ли некој на интервју?
Работа од јутра до сутра. Смееш само да стоеш за а време на работа, пауза имаш 30 мин, тимот е доста млад, 80% се со факултет, мсилам 18 000 земаат, кога има распродажби, ги ротираат по дуќани, ММЕ за тоа, од јутра до сутра имаш таму, знам едно девојче од еден дуќан прва смена, втора смена на распродажба до вечер. Робата се прима псоле раб врме што значи после 22ч. Мое мислење - никако. Еден ден слободен во неделата ако си по молови. Саб, недела роб си.
Не е во контекст на тема. ама за последниве три години, од тие што ги знам, скоро сите починаа пред пензија или месец-два откако се пензионираа.
И ај да работиме неосигурани зашто вујната на Митра умрела пред да земе пензија? Кој ви дава бе пристап до интернет само не знам... Пишувате глупости што ги читаат тинејџери кои утре задутре ќе прифатат да работат неосигурани зашо можда нема да се живи до пензија. Прво и основно, ако прифатиш да работиш неосигуран е казниво по закон. Второ, една инфузија да треба да примиш ќе си ја платиш од џеб, а камоли нешто полошо да те снајде. Немаш право на одмор, на болување, на ништо. Не постоиш во фирмата. Немаш основ да бараш препораки за следно работно место. И на крај е пензијата. Зашто, замисли, има луѓе (мои баби и дедовци и нивни пријатели) кои живеат и по 80+ години и од таа пензија хранат фамилија.
А дур да најде раб со стаж не смее да раб работа без стаж за сеа да не умре од глад!? Дур стигнеме до пензија нема ни да постои пензија бре
На млади години способна си да бираш работа. А на стари? Ќе чекаш од други ако ти дадат. Имало немало пензија ти имај си џокер во рака. Кој како сака нека прави,мое е да кажам .
Во МЗТ погон за кочници бараат работници, 18 000 плата, незнам подетално да ви кажам околу смени и услови толку ми е пренесено. Секако ова е машка работа ако затреба за некој
Бараме вработен на скратено работно време во Скопје, од понеделник до петок 17:00-21:00 и сабота од 09:00-16:00. Вкупно се 23 работни часови, 5 дена во неделата (еден слободен ден се користи од понеделник до петок). Пожелно од реон на Карпош или Центар, заради близината. Недела и празници се неработни денови. Супер прилика за студенти кои сакаат да работат. Потребна е само желба за работа, искуството не е неопходно. За повеќе информации пишете ни во инбокс! Bebel fashion. https://www.facebook.com/bebelfashi...zZT47J37ie7_sLKCYxPipF3213ig7msDdD5HIFNWqGw92
Спојлер: Оф топик совет Не е во контекст на темата, ама морам да Ви предочам дека ако умре родителот пред да оствари пензија, тогаш вдовицата или децата (тие сами решаваат кој) земаат 70% од неговата плата....децата до навршени 26 години, а вдовицата има право да избира дали (ако работи) својата плата ќе ја зема или ќе зема 70% од платата на покојниот -доживотно !! Значи, САМО ОСИГУРАНИ . Се останато е ,,на црно,, Всушност ниту стаж ви тече, ниту здравство имате ниту БИЛОШТО ви следи. Распрашајте се, разбрав дека во АЛКАЛОИД примале со средно. Додуши во смени, ама платата била 20 000 денари.
Има тема за Алкалоид, да не трупаме информации, да ги концентрираме овде Ставив линк од сајтот на Алкалоид, па видете-пробајте, не губите ништо