Мене ме интересира дали некој видел оглас за Певекс? Постојано се отвараат нови продавници а огласи никаде нема ( секојдневно ги разгледувам) не дека сакам да работам таму, туку чисто ме интересираше како вработуваат без да пуштат оглас, уште ли постои тоа во земјава
Имаше оглас за вработување во Carrefour па ме интересира ако некој пратил CV и го викнале на 7ми,во колку часот дали знае?
Дали знае некој дали има оглас каде што бараат козметичарки за работа?? И како прво треба на пр обука за тоа, знае ли некој како се движат цените за обука??
Баш преска гледав на пазар 3 и на најди работа јави се провери , само за козметичарка треба да знаеш масажи , третмани на лице итн right?
Па за маникир, депилација, шминка поточно мислев а знаеш како се движат цените за обука? Пошо тешко некој да прими без раб.искуство сепак.
да не имате некакво искуство во nuk продавниците во Скопје? ustvari vo nuk-beby centar vo leptokarija,aerodrom,soravija????
Конкретно во Пренди стоев на каса за наплата, кога сопственикот ѝ рече на продавачката најди ми 2 девојчиња за работа и една жена што стоеше во редот до мене му даде бројче од негова познаничка. Ете баш така се случи, малтене ко на филм ко што наоѓаат работа. Значи си бараат вработени преку познати и познаници, евентуално вака на среќа некој да начека. Не сум видела оглас за ваков тип на продавници, а и многу јасно станува дека скоро во секоја бранша кога има нови вработувања прво се тргнува од блиски и познати на веќе вработените особи, значи луѓе кои би биле од доверба. Ништо ново.
Јас би ти рекла подалеку од таму, секој втор месец има оглас за продавачки и за сметководители. А тоа е така зашто дотичниот газда сака да му работат за без пари, па залажува дека се на обука која што патем не е платена, па после кога ќе помине обуката ги брка не ни помислувај да аплицираш за таму ќе се изгориш
Баш за Пренди имам видено на фејсбук им стои апликација за работа, за Певекс незнам. http://www.facebook.com/PrendiExclusive ... 196?ref=ts А тоа дека си вработуваат свои луѓе, скоро секаде е така, ама ете овде има можност секој што е заинтересиран да се пријави и да си ја проба среќата
Дали знае некој колку се платите во 15 de impex маркетите? Има оглас за вработување кај нив , па кој сака може да види на страната.
Хехеххеех е брзо прочитав, одкако бев Јас бев викната во 9 часот интересно беше да се надеваме дека ќе не примат,ти како помина?
Вака, овој акаунт не е мој ,но пишувам од тука бидејќи несакам да си го откријам идентитетот на форумов. Спојлер (инаку на другарка е но не се уклучувала не го користела па ми го позајми малце ) се бара искусна девојка/жена за на скара,не е ништо посебно да знае само да работи на скара да пече,да има искуство со овие работи.. во близина на железничка..ако има некој ЛП одма.
Мене не,ниту па на интервјуто слушнав колкава би била платата. Ако знае некој нека пише добро би ми дошло и мене да знам.
и јас пуштив цв ама не за продавачки.вие за што конкуриравте?и колку е платата баш ме интересира..позз
Па добро поминав и јас ,,но имаше премногу луѓе значи ке вработуваат 150 а може се пријавиле околу 370 и повеке така да ни мене не ми кажаа колку ке биде платата и знам ако бидеме примени ке не контактираат за рок од две недели мислам така беше.Па тие што биле нека се пофалат доколку ги примат Поздрав