За во Уни Пласт Струга или Леарница Охрид ако некој има искуство или веќе е таму вработен/а нека ми пише
Здраво девојки, гледам има оглас во Еуролинк, Консултант за продажба на осигурување. Имала некоја од вас слично искуство, дали се работи теренски или стално треба да се наоѓаат нови клиенти. Сакам да аплицирам да пробам но некако сум скептик. Фала однапред
Ми мириса на фејк. Каде ти се молам 35 000 со средно? Преваранти се,гарант. Не се залетувајте во парите,гледајте кој стои позади фирмата.
Здраво Феминки. Ај нека пише која знае како одеше пријавувањето за пола раб. време во ваикики, котон и уште некои нудеа. Се работи за моја пријателка самохрана со три деца, и треба хитно плус работа. Нема профил на фемина, кој знае, нека пише кај мене. Благодарам.
Компанијата Платинум Лајн има потреба од млади, позитивни и комуникативни девојки за Работа во call center и life booking Потребни квалификации: Завршено средно образование Со или без работно искуство Ние нудиме: Редовна месечна плата во висина од 20,000 ден. плус бонуси. Работни денови од понеделник до петок Пријатна работна атмосфера Работата се состои од 8 часовна работа, која е поделена на 4 часа канцелариска работа во кол центар и 4 часа теренска работа односно доделување на ваучери во трговски центри, штанд-промоција
Се познавам со еден магсционер од Вајкики, работат ненормално. Особено ко ќе имаат роба. Мислам покрај тоа што диплат и на каса се. Ако сакаш и ти одговара саб и недела и празници да работиш, there you go. Плата мислам 17-18 000 земаат. Ако ти одговара да трчаш насекаде каде што ќе ти растурат.
Можеби не е прашањето за тука, но која е минималната сума на саатница што е законски да ти ја дадат кај нас во Мк?
Јас колку што знам кај нас нема дефинирано таква категорија. Часови неделно и месечна плата се фигурите.
Другарка едвај си отиде од таму, насекаде ти оставаат алишта испревртени наопачки, па иди собирај и дипли па враќај на свое место едно по едно.. Гардеробите фулл со облека, имав прилики да и отидам на работа да ја ѕирнам, што да видам.. ХАОС од алишта и сите на куп..некултура!!! се на нога си.. скапана беше, преморена. Така дааа, никако