https://kariera.mk/job/cs-7ldizMU-jIWjjtCpCmw/asistent-za-prodazhba-cela-makedonija Дали некој има работено или бил на интервју овде? Плата, услови?
@СуперДевојка гледам дека си запознаена со работата на Костал. Да не знаеш случајно како им се движат платите за инженерските позиции?
Не би се расфрлала со бројки, но прилично високи. Платата таму зависи од многу фактори и не зема секој исто. Мислам на иста позиција, но не иста плата. Во глобала работникот таму е ценет.
Јас не сум таа што треба да ја каже јавно платата некаде. За сите подетални информации обратете се во компанијата, аплицирајте ако се сметате за компетенти, поминете низ процес на селекција, ако не ви се свиѓа секогаш може да се откажете.
@СуперДевојка убаво ви објасна, работникот во Костал , е ценет, платен превоз, платен оброк, придонеси, пракса,поубаво здравје, ама истото го нуди и Леарница и другите поголеми фирми во Ох, како Одв-електрик ама пак некако сите ви Костал аплицираат, (турнус смена има и таму, не секој има викенд)дали е полесно, дали нуди плати високи, дали нудат можност за унапредување, незнам. А имам информација дека таму работат и луѓе кои секој ден патуваат од Кичево, и секако од околните Охридски и Струшки села. Исто така има повеќе работни позиции, ама да влезеш директ инженер или планер или контролор , тешко малу мислам, ако немаш врски, или предходно да бидеш на производствена линија па со тек на годините да го достигнеш. Јас сум аплицирала повеќе пати, и со средно и со фах ама нема абер никаков. Мој совет за оние кои се заинтересирани за работа во Костал- Косел, нека аплицираат на тековните огласи најчесто на вработување.мк или на охридњус и нека си ја пробаат среќата...
zdravo prv pat pisuvam no mnogu mi e itno potrebna mi e rabota postojana honorarna od doma bilo kakva dokolku imate nekoj predlog bi vi bila beskrajno blagodarna
Аква Бренд е фирма која се занимава со промовирање и продажба на домашни системи за пречистување на вода за пиење. Заради зголемена побарувачка и захтеви на потрошувачи, потребни ни се сериозни луѓе, што си активно барат работа, сакат да работат и сакат да заработуват. За домашни презентации во Скопје и околината.. Потребни квалификации: со претходно искуство во директна продажба, во фирми како Кирби, Цептер, Вулмарк, Осигурување.... Со сопствено возило Возраст и пол не е битна. Обезбедена стручна обука за презентирање на продукти и продажба. Личен профил: одлични комуникациски и презентерски вештини, организираност, одговорност, работа во тим и способност за самостојна работа Фиксна плата + процент од продажбите + бонуси..... Заработка од 30-60 иљади. Дали некој имал искуство со овие, дали ги бива или огласот им е да намат да си губат време луѓето. Особено што платава им е онака да кажам заносна до 60.00. Ај нека пише некој што работел со нив,....Зашто гледам и често барат луѓе. Фала ви.
За да земеш 60 000 во ваква фирма треба устата пена да ти фати од зборување и да се окозиш да продадеш тоа шо продаваат. Ако те бива за продавање од тој тип пробај ама нека не те лаже цифрата.
Токму така и мислам дека е. Дури и устата пена да ти фати , ако не продадеш од овие филтирве што ги нудат, џабе, мислам дека нема ни да платат. Зашто нели како се вели-џабе ако цел ден копаш бунари, а не ископаш ни еден метар и не извадиш вода. Само моментот ми беше што огласот е напишан на махерски маркетиншки јазик, заради навлекување...
Да, чим пишува фиксна плата, има плата. Минимална веројатно. Ако си на цело раб време пријавена, ќе е 14500, ако си на пола 7500. Ама тие 30-60 000 се ако продадеш.
Дали знаете некое сметководствено биро во Скопје кое бара почетник за обука, ако можете да ми предложите?
Baram rabota od doma, imam raboteno kako administrator vo firmi 4 godini, preveduvam od angliski na mak, izrabotuvam tekstovi na dvata jazici....itno