Додека ти пише некој кој повеќе знае, дечкото од внуками работи во слајс знам дека земаат високи плати и работат во три смени (имаат и 3та смена од 22 до 4) периодов работеа од дома, така да турбо се
Не работам таму, ама на двапати ми се јавија за интервју, телефонски, исклучиво на англиски, краток мухабет за фирмата твое искуство за позицијата за која аплицираш и слично. Платата е 500 долари плус 50% бонус ако се достигне месечниот таргет, односно за да се квалификуваш за бонусот треба месечно да исполниш 60% од таргетот (sales representative беше конкретната позиција) од една продажба дневно, значи веројатно 20 месечно, што ми звучи многу, ама не знам како работат, како профилираат клиенти итн. така да не би коментирала многу околу тоа. Инаку за позициите каде ти треба да контактираш клиенти смената е исклучиво доцна попладне/ноќе, односно од 15-23, или 16-24h. Многу долго им треба да им се јават на сите кандидати, мене ми се јавија со некој размак од два и повеќе месеци, веројатно во годината имаат некои периоди кога вработуваат, а останатото време прибираат кандидати. Не ги знам луѓето, не знам каква е атмосферата, ми кажаа дека канцелариите им се во Синерџи кај Пиом, за Скопје. Овие работи ми ги кажаа на прв муабет, транспарентни се, можеш да прашаш што те интересира. Ако можеш да издржиш живот само во втора смена, аплицирај и со среќа
Имам аплицирано за работа во електрометал на едно од работните места касиер или магационер/продавач.Ве молам за мислење или за претходни искуства што сте ги имале со оваа компанија. Какво мислење имате позитивно или негативно ? Благодарам однапред
Здраво дали има некој искуство со vrabotuvanje com mk дали се преваранти,некако платите ми се гледаат доста големи и примамливи...
Вработување.ком.мк е платформа на која компаниите ги објавуваат своите слободни работни места или пак тие регрутираат во име на некоја компанија. Но за твоето вработување не одлучува Вработување туку самите компании. Само го користат сајтот да огласуваат. Исто како кариера.мк, Најдиработа и слични. Се надевам појасно ти е.
Знае некој што е работава со компанииве кои постојано со месеци имат огласи за работа на едни исти позиции? Другар ми беше на разговор пред неколку месеци во таква компанија, вработените за човечки ресурси непрофесионални, едната зјаела у телефон, другиве запнале со некултурни и интимни прашања што немале врска со работата за на крај да го прашаат дали знае да користи компјутер и покрај искуството и квалификациите што ги има во резимето. После разговорот следните денови имало огласи за работа на интернет од истата компанија, непрекинато до ден денешен. Многу вредни раднициве од HR.
Многу причини може да има, а зависи од компанијата. Поголемите може и рандом огласи да објавуваат за да имаат во континуитет кандидати, некои може да имаат голем turn-over, односно постојано да прават прими-отпушти, оние кои работат аутсорсинг опипуваат што се нуди како работна сила за после тие да си бараат клиенти/проекти за кои ќе бидат сигурни дека може да ги сработат (на пример, ако компанија одлучи да бара кандидати за корисничка поддршка со јапонски јазик, јасно дека ќе биде фијаско). Интимните прашања се веќе стандард, мада незгодни прашања, за оние кои знаат суптилно да ги поставуваат, може да послужат за да се оцени табиетот и снаодливоста на кандидатот, немаат секогаш цел да бидат "трачарски". Или па про-форма го викнале, колку да се каже дека работеле, па не се интересирале многу. Ама сѐ ова погоре кажано паѓа во вода кога не знаеме за која компанија станува збор.
Ајде и овде истото прашање да го поставам што го пишав на другата тема: Здраво на сите и едно прашање. Моментално сум во Sport Life, но бев на интервју и ме примија во Sport Vision. Дадов отказен рок, но она што ме става во мисла е доста критики по интернет за Sport Vision, т.е. дека често знаат да бараат останување прекувремено, а тоа не е платено. Ако има некој со лично искуство, би било одлично да даде информации од прва рака. Фала многу, поздрав.
Имам работено во спорт вижн краток временски период, за останување прекувремено многу ретко се случува да има останување прекувремено, кога има пописи. Инаку коректи се сите, јас имам позитивно искуство од таму.
Здраво, дали некој има искуство со Interactive solutions од Охрид. Има доста отворени позиции но многу малку информации околу тоа дали се редовни со плата и каков е односот према вработените. Исто така и кафитеријата Vault e нивна во центарот на градот
Дали некој/а има искуство/има работено во Бтобет?. Имав 2 интервјуа со нив за техничка поддршка,добив и понуда за работа. За почеток нудат 21.000,наводно понатаму зголемувале на плата. Првите 3 месеци се работи само прва смена,понатаму се работат и втора и трета смена. Anyone?
Дали имаш друга информација за во Битола во некоја продавница, бутик или нешто слично да бараат работничка?