Јас мислам дека не интервјуираат на англиски. Еден мој комшија работи таму, поима немам што точно работи али нешто по струка му е, а има завршено Економски факултет. Ако добро памтам зема фиксна плата од 21 000 и понекогаш плус 2-3-4 000 од некои ситни проекти или што ја знам. На почетокот беше ептен задоволен, а сега во последно време се жали демек сака покачување затоа што имал повеќе работа, а платата му била иста Јас не сум работела никогаш до сега, али според тоа колку моите дома земаат за мене 21 000 е супер солидна плата.
Целото интервју е на англиски и се оди во 3 круга на интервјуирање (како да бираат незнам што). Ако сака да те глави и елиминира те прашуваат стручни работи. До сега не слушнав некој да се пофали од таму али пак за 20 000ден молчиш и работиш. Зависи и од место али се работи во 3 смени. Неверојатна дисциплина и недај боже да се разболиш нешто....сепак вреди да се проба па можеби се погоди позиција
Кај за 9000 денари плата, па бараат и мотивационо писмо да им пишуваш, ццц божем аплицираш за кој знае каква позиција.
за пробен период од 3 месеци, плата од 9000 е премија, обично тој пробен период се плаќа околку 4 - 5000ден
Еве ви јавен оглас, го најдов, го споделив, појма немам за што е. Се надевам некој ќе се погоди да има заинтересиран. http://www.fakulteti.mk/news/12-08-25/j ... odina.aspx
TOA E DOBAR GEST OD NEKOJ STO STVARNO IMA SENZ ZA REALIZACIJA NA NESTO STO GO MISLI I OSTVARUVA ................
Не таму, туку до Трудова инспекција затоа што се прекршува Закон во врска со работни часови, УЈП нема да се замара затоа што зема плата од 10000ден претпоставувам на сметка, и е над минималец за 20 раб. часа неделно. Ако работи и во недела и во сабота тогаш има и прековремени часови (5дена *8часа = 40 а каде се сатовите од сабота и недела....неверувам дека и ги плаќа) А кој добар гест, што зема 10 000ден кој е испод минималец, а ринта како коњ.
^^^Да секако и во трудова. Мислам дека ако ги пријавува на пола работно време, 20 часа, сигурно не се осигурани на 10000. Веројатно дел оди преку сметка, а дел во кеш. Сега со новиот закон за сметководство, сметководителот има и поголема одговорност од управителот. За секој еден потпишан документ, па и за пресметката на плата сноси директна одговорност. Ама по се изгледа ова е вртење во круг. Сметководителот ќе се повикува на М1/М2 обрзацот, а за УЈП пресметката за плата е ок се додека е пресметана според тоа на колку работни часа е пријавен работникот ... и така во круг, а губат и работниците и работниците. Значи ако нешто ме нервира тоа е непријавени работници и реда-ради пријавени. Конкретно за ПЕВЕКС, зарем не му беше малку кога доби забрана за работа од УЈП заради несовпаѓање на кешот со фискалната? Исто се случува и во МАНА. На десет продадени производи куцаат една фискална, А им заличиш на “комшика“, нема шанси да добиеш фискална. Колку само имам чувство дека ме мразат поради тоа што секогаш тврдоглаво барам фискална .... малку забегав од темата
џабе пријавување и се , ее колку прават така, и татко ми и братучедите мои првата година беа осигурани на 4 часа само а работеа по 8 , 10 , 12 ( работат во агенција за обезбедување). исто така една позната наша парфимерија ај да не ја именувам сега истото го прави, првата година од работата си осигуран на 4 часа а работиш 8. После ќе те осигура на 40 часа неделно а ти му работиш 48 ( со се сабота) за смотани пари мафијашка е земјава наша тоа е
Што е со лугето кои останале без работа, а имаат над 50години? Што е со луѓето кои работат во ЕМО, ОХИС...., а имаат над 50г. Една од нив сум и јас. Пратам огласи, конкурирам, но се е попусто. Имам 55г. И покрај мојата работна способност, одлично искуство и добро познавање на работата никаде неможам да се вработам.
ај пишете ми во лп која бара работа,се работи за продавница позната,па ке ви пишам детали кај да однесете цв,се надевам ке помогнам некому,знам како е да бараш работа.ај поздрав се надевам ке усреќам некого/ја
Jas ti pisav, neznam dali ti stigna mene nesto problemi mi pravi so porakive ne mi dava deka se prateni
http://prodis.mk/jobs.aspx Има ли некој инфо од кога ќе почне со работа фабрикава, и дали има шанси за вработување, или веќе си се примени луѓето... истото прашање и за новата фабрика на Пекабеско во општина Илинден...
и мене ме интересира истото јас аплицирав во продис,па ако ме викнат на интервју ке ви пишам..а за пекабеско има ли конкурс?позз
^ Немам сретнатно нигде оглас за Пекабеско. Јас пуштив апликација преку нивната веб страна, ама мислам дека е џабе...