Здраво, дали им некој информација околу оглас за А1, за колку време контактираат по апликација, и висина на плата? За sales advisor огласот прашувам.
Мислам дека се работи на проекти, истражувања на пазарот или такозвани телефонски анкети на секакви теми, ама плаќаат саатница и не те пријавуваат. Работа имаш колку што има проекти на располагање за јазикот за кој те вработиле. Ако ептен немаш каде или сакаш искуство или пари за џепарац, може да е ок. За озбилно, никако.
Не дека е како ќе им текне, туку зависи кога/колку клиенти ги ангажираат нив како компанија, колку траат проектите за одредени јазици и слично. Најубаво нив да ги прашаш директно, ќе ти објаснат што имаат на располагање како работен ангажман.
Зошто катастрофа? Левис земаат одлични плати, со се бонуси, секако не одма првите 3 месеци, според мене Фешн Груп, се едни од најдобрите ланци за трговија, барем кај нас во Мк. не знам некој што зема повеќе плата во Сити Мол, од нив.
Не е точно, јас лично имам работено во Ваикики, платите се минимални, некогаш имаш бонуси, некогаш немаш, поголема плата од 17.000 не земаш, и тоа е прашање, дали...? Фешн Груп нема споредба со Ваикики, ниту со плата, ниту со луѓе, ниту со работа.
Штом имаш искуство со Ваикики многу ме интересира на кој начин вработуваат? Во Струга кога го отворија, преку 10-20 вработени имаа, еден оглас не видов,а пратев постојано. Ни маил има на страната пример да пуштиш ЦВ да го имаат во предвид за некогаш ни ништо. Нема ни македонска официјална веб страна, туку само турската е.
Тоа искрено не знам, не навлегувам таму и не ме ни интересирало, јас сум начекала огласи од Ваикики, ама за Скопје, така и се вработив, тоа беше пред можеби 4-5 години, не ни работев веќе кога отворија продавница во Струга.
Izvini i jas rabotev vo Vaikiki pred edna godina i platata so se bonusi mi bese megu 20000 i 23000. Vo WS bev samo eden mesec i zemav edvaj 18000.
Не во ред, ама чудно ми е и во Охрид има нови, а оглас нигде. Мислев да не имаат негде маил за ЦВ, пример на инстаграм, а инста немам.
Јас уште имам пријатели што работат во Ваикики, тоа за платата се случува 3 пати во годината, си го погодила тајмингот, на таа претерана работа, мала плата е 18.000 ден. Кажав за ФГ, првите 3 месеци не даваат бонуси, имаат критериуми според кои треба да се обучиш, не може од одма да земаш 25.000 ден. и да се споредиш со некој што е таму по 5 10 години. Ако беше толку добро во Ваикики, и јас а и многу други, ќе работевме сеуште таму, а не секој месец нови вработени. @Nevenche26 не знам како оди сега, ни мејл за праќање ЦВ, ништо не знам, ова зборам за пред 4 години.
Види, најчесто се пикает по мене по тебе, и треба многу пратење, следење, ке ти кажам од лично искуство, ко се отвараше новион Топ маркет кај ФТУ, оглас имаше на нивнана Фб страна, најава дека ке има нов маркет и оглас за вработување, исто така доста огласи има и во Бироно за вработување, по логалниве продавници на ливче имаат напишано најчесто на влезна врата, еве ке се отвара Спорт Вижн во Ох, оглас нема.. Инста не е за објавување огласи за вработување...
Па познато ми е дека така одат работите, ама јас неможам да одам по сите дуќани и да гледам дали има нешто или не. Инаку знам дека инста не е за огласи, туку на фб страната имаат линк од инста, претежно повеќете и маил за контакт оставаат,мислев на инста во опис да не имаат маил внесено.