1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Огласи за вработување

Дискусија во 'Барање работа' започната од Artemission, 7 октомври 2011.

  1. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    @Nevenche26 Еве мејл, можеш да си испратиш ЦВ доколку сакаш, само секако потенцирај за кој град.
    MACEDONIA@LCWAIKIKI.COM
     
    На Nevenche26 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    9.065
    Каде што нема оглас, а гледате нови вработени тие се најдени преку други или лично контактираат со одговорен.
    Ќе се прошири инфо дека ќе се отвара нов Ваикики или има потреба од нов и вработените се наоѓаат без оглас.
     
  3. ~Allure~

    ~Allure~ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2019
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    560
    Пол:
    Женски
    Не се тепај сама себе ако веќе решиле да наоѓаат некој интерно нема како да дознаеш освен ако некој познат не те информира. Прати си огласи и распрашувај си се по свои луѓе, тоа е најдобро што можеш да направиш.
    Обично ако некој од фирмата се нафати као ја имам луге секако у прилог е на фирмата да скрати време и ресурси и да си најде луѓе побрзо. Може не е фер ама од аспект на фирмата тоа им е брзо решение. Така да не се замарај превише, бркај си ти кај што ти можеш да си најдеш.
     
    Последна измена: 6 август 2020
    На Marija_Magdalena и Nevenche26 им се допаѓа ова.
  4. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.946
    Пол:
    Машки
    Не си губи време со интервјуа.
    Бев пред едно 3 год на интетвју. Прогуглав, била од оние странските инвестиции грујо бил на отварање. Си викам барем осигуран ќе сум и бар 400 евра доволно е за почеток, со оглед дека ноќни смени се.

    Пола саат те испрашува, тест имаш на англиски, па да се претставиш, претходни искуства. И на крај ми вика плата 10 125:rofl:
    И таман ко мислев да станам да си одам ми вика тоа е пола работно време и нема да си пријавен. У стилу еве ти 10илјади, но тоа не е се:rofl:
    После 6 месеци ако се докажеш, на цело работно време со дупла плата. Дотогаш, кај имаш гаранција дека и тие 10 ќе ги добиеш? Да не збориме што за некои од странскиве инвестиции се збореше дека добиваат пари од државата за секој нов вработен. И да стигнеш после 6 месеци, кок гарантира дека нема одма да те шитнат за да вработат нов и да земат плус пари од државата(во случај да се точни овие муабети за странските инвестиции)

    Уште да ми речеше типката ај сеа соблечи се:rofl:

    Да не те чуди што секои 3 дена имаст огласи.
     
    На izabela.nik му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ivani30

    ivani30 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2014
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    2.641
    Пол:
    Женски
    Затоа прашав гледам нон стоп вртат огласи малку чудно... Фала ти не би аплицирала. Јас сум вработена ама сепак ми се виде како сериозна компанија
     
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.477
    Пол:
    Женски
    Па веќе дури и депресија ме мава, нигде ништо нема. Работам од дома, ситна пара, ама ми требаат секако повеќе

    Фала ти мноооогууу
     
    Последна измена од модератор: 7 август 2020
  7. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.477
    Пол:
    Женски
    Има некој искуство поврзано со Травко Дооел Струга, да сподели?
     
  8. Zibi

    Zibi Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Дали некој има искуство со оваа фирма
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена: 7 август 2020
  9. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.737
    Допаѓања:
    13.203
    Зошто се толку расипани? Одам на интервју и ми кажуваат дека ќе ме известат што како и ги нема. Значи кога можам јас да испочитувам да одам во најголемата жештина, можат и они. Ама затоа во понеделник ќе и се јавам на таа што ми правеше интервју и ќе и кажам два три збора.
     
    На izabela.nik му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ivani30

    ivani30 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2014
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    2.641
    Пол:
    Женски
    Во која компанија ова
     
  11. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Ако земеш да се јавуваш на сите на секое интервју... Повеќето фирми ако не си им се допаднала, нема да те исконтактираат. Не викам дека тоа е во ред, но едноставно изгледа им е премногу ,,тешко" за да дадат одговор. Кога аплицирав во странство, сите ми дадоа повратен одговор, додуша ми упали на едно место, ама требаше документација цела да средувам, па си најдов тука добра работа и се откажав. Тоа е, македонска работа.
     
  12. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.737
    Допаѓања:
    13.203
    Не си во право. Треба да те исконтактира и да ти каже дали си избрана или не. А не во очекување да бидам. И да ти кажам, тоа не беше интервју туку ми ги објасни условите за работа и ми ја кажаа платата и само ме праша со што би доаѓала на работа. Ми кажа дека ќе ме извести секако. Ама ништо. Фала им. Многу се"коректни".
     
    На izabela.nik, Pixi5 и simoncelicius им се допаѓа ова.
  13. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Па тоа викам. Не е во ред, но е честа пракса кај работодавците. И неможеш за жал тоа да го смениш. Ако се заинтересирани одма се јавуваат или зависно кога им завршуваат интервјуата и огласот. И мене ми беше така на почетокот, па после се навикнав, па не ми беше тешко.
     
  14. Marija_Magdalena

    Marija_Magdalena Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    2.619
    Пол:
    Женски
    Истото ми се случи и мене, дури два пати ме викнаја на интервју, ми кажаа и плата и се, и организиран превоз дури и датум кога да почнам, ама дополнително ке ме известеле за точно, јас во меѓувреме и ќерками ја запишав во градинка, и ништо, таја почна јас дома си останав стварно не знам...
     
  15. anaspace

    anaspace Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Извини кога викаш дека имаш најдено добра работа тука дали сама ја најде или со врски, или пак имаш искуство или е некоја барана професија како програмер? Еве јас со години се мачам да најдам работа, навистина не знам што може да е работата, никаде не сака да ми упали а врски немам :(
     
  16. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Не работам како програмер. Искрено, можеби е банална работа, но CV-то ми е ептен добро направено. Не во однос на содржината, туку изгледот. Имам 5 различни CV-иња. На англиски, македонски, за професионална употреба, за работа која бара креативност и за широка употреба. Помогнав на неколку личности кои не можеа да најдат работа и навистина, сите се вработија. Уште одма, бидејќи се гледа дека труд е вложено и дека се работи за доста креативен ум. Може за друго не ме бива, ама за креативност, имам некоја Гауди жичка. Може и да наплаќам следен пат:), провизија од прва плата. Инаку, сите што ги добив за обработка, беа средно жалосни, празен лист со нафрлени работи, па и јас да сум работодавец не би ми паднале во очи. Имаше една личност, аплицираше на 100 места, од секаде беше одбивана, т.е не ни ја бараа за работа воопшто. Седнав, потрошив цел ден и на првата апликација ја вработија, дури и имаше коментар, а таа со доброто CV. Така да, потрудете се да се разликувате од толпата, разбудете креативност.
    П.С: Од кога ги сменив и моите, секој ден ме бараа за интервју, дури бев примена на 3 места на крај и сепак морав да одлучам кај се најслатки финансиите.
     
    Последна измена: 8 август 2020
    На Ifkence19, simoncelicius, hristinan12 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.061
    Пол:
    Женски
    Кругот на познанства е клучен мислам, а секако и факторот среќа. Мислам дека многумина ги мешаат поимите познанства и врски, што не е исто. Поголемите фирми, најчесто странски (како на пример еве Телеперформанс или Слајс), не само програмерски, им плаќаат на своите вработени за секоја препорака која ќе им ја дадат (фиксна сума, процент, не е важно), што најпросто значи дека ако имаш познаници што веќе работат во такви фирми, секако многу полесно можеш да влезеш, шансите ти се поголеми. Цв-то според мене нема улога, многу фирми бараат посебна апликација која детално ја пополнуваш а не ти бараат биографија, а и од начинот на кој лично јас работам, ја гледам исклучиво содржината и секако колку кандидатот знае да се "продаде" кога ќе дојде на интервју. Битно е нормално и за што аплицираш, за која позиција, за која струка. Специфичноста на струката може да биде фактор дали ќе те викнат на интервју или не.
     
  18. MaciAci

    MaciAci Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2019
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    45
    А,да ни пуштиш еден примерок да видиме и ние како?
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Marija_Magdalena

    Marija_Magdalena Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    2.619
    Пол:
    Женски
    i ja s bi bila mnogu srekna da ni spodelish
     
  20. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Screenshot_20200808-171405_Chrome.jpg Screenshot_20200808-171011_Chrome.jpg Screenshot_20200808-170814_Chrome.jpg
    Нешто слично на овие. Зависно кај аплицирам, го праќам тоа што е посоодветно за позицијата. Во глобала е уредно, концизно и современо.
     
    На simoncelicius, MaciAci, Nevenche26 и 2 други им се допаѓа ова.