1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Огласи за вработување

Дискусија во 'Барање работа' започната од Artemission, 7 октомври 2011.

  1. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    9.065
    Зошто не е исто?
    Пак е некаква врска тоа, те поврзува со работодавачот и тој ти помага за вработување.
     
  2. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Колку што можев да ја разберам. Не класични врски, како земи го овој вработи го, братучед ми е, иако за ништо не го бива, ама нека врти некој денар. Туку пример, конкретно дојде познаник во новата фирма на интервју, заедно работевме краток период претходно и навистина беше многу коректна и работлива особа. Јас само кажав на шефот, го знам и сметам дека ќе си ја врши работата. Всушност препорака дадов. Не дека бараше од мене да го бутнам.
     
    На ForeverYoung му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.061
    Пол:
    Женски
    Не е исто. Врските им се потребни на оние кои не можат да се вработат без нив бидејќи се бескорисни, а познанствата им се потребни на оние кои не можат да стигнат до посакуваното место по нормален пат (био, интервју, вработување) затоа што многу често потребна е и препорака, од претходен работодавец, бивш колега и слично, значи чисто професионален однос. Ретко се случува кај нас, ама има фирми кои се јавуваат кај претходни работодавци за препорка, без знаење на кандидатот. Ете тоа е препорака без врски. Некој да каже нешто добро за тебе без да мораш да му платиш :)
     
    На raww му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.393
    Допаѓања:
    10.808
    Пол:
    Женски
    Canva користиш? :)
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    9.065
    Пак е некаква врска и некој те поврзува, ти врши услуга на полесен начин. Врска е потребна и за корисни.
     
    На темјанушка му/ѝ се допаѓа ова.
  6. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Се на WORD, old school сум јас:)
     
    На cresa-jagoda и MarigoldA им се допаѓа ова.
  7. anaspace

    anaspace Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Какви пусти препораки, денес вработувањата особено оние во банки и во администрација се базираат на врски, не знам од каде ја најде оваа категорија бескорисни луѓе кога 95 % од вработувањата се со врски.
     
    На simoncelicius и tina2018 им се допаѓа ова.
  8. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    5.889
    Има фирми и кој ги плаќаат вработените што ќе препорачаат некој за работа
     
  9. anaspace

    anaspace Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    да точно, ама и тоа е некој вид врска
     
  10. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    5.889
    Каква врска, тоа е препорака.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anaspace

    anaspace Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    ама ако ја вработат препорака тогаш настанува вработување со врски, бидејки тоа вработување не се случило само, туку оди преку човек, пак ти е тоа врска
     
    На темјанушка и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    5.889
    Врска ти е ако Вработениот земе и отиде кај газдата и му рече ај земи вработи го пријателчево бе може нема појма ама ај еве ај нека работи бар нешто. Препорака ти е кога газдата сам прашува дали знаат некој или па кај некои фирми има и формулар кој го потполнуваш и има прашање дали некој ти ја препорачал работава. Не ги мешајте овие работи...
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    7.367
    Пол:
    Женски
    Врска, препорака, сѐ е некаква помош при вработување. Јака им душа на тие што бараат работа во огласи, јас многу убаво знам каква работа се наоѓа така (најчесто). И не зборувам за асални фирми што ставаат огласи поради тоа што мораат, а вработувањето пак оди преку препораки.
     
    На SummerGirl, Принцезичка1, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    За препорака не мора личноста да биде блиска со некој од вработените или надредените. Додека врските најчесто доаѓаат фамилијарно, што според мене е доста различно и во поголемиот дел од времето придонесува за лоши резултати во фирмата. Во странските фирми е честа пракса да се оди со препорака. Зошто? Затоа што наместо да губат време и да вработат некој што после ќе се испостави дека е повеќе штета отколку ќар за фирмата, вака барем ќе знаат дека личноста е навистина работлива и професионална. Барем од она што до сега го имам како искуство, препораките се нужност при вработување. Скоро во секоја фирма што имам работено, се одело врз база на, знаеш ли некој добар работник?!?Во самото CV по правило треба да стои reference, каде набројуваш, во случај да има потреба да исконтактира некоја фирма за своето работно искуство, повторно за препорака, а тоа не е воопшто вид на врска.
     
    Последна измена: 9 август 2020
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  15. futuredr

    futuredr Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2020
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Здраво. Дали имате видено некаде оглас за работа, во некој бутик или книжара(да не е по моловите само). Thanks in advance :)
     
  16. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.061
    Пол:
    Женски
    Сама праша, сама си одговори. Јавната администрација и банките се најбескорисните понудувачи на услуги и превработеноста таму е на највисоко ниво. И тоа не е мое лично мислење, туку издржан факт поткрепуван секогаш кога треба да тропнеш на некој шалтер и да завршиш некој работа. Ама тоа е друга тема.

    Икона книжарницата имаше оглас пред некое време, прашај си. А и Бебел бараат менаџер на малопродажба, некој што ќе ги контролира ваљда сите дуќани, на вработување.ком го видов.

    Се сложувам, истото го кажав, ама не им се чита на сите. Препораката од претходен работодавач може да биде клучна, особено за некои специфични струки.

    Не е точно ова, зашто генерализирате. Не ги обесхрабрувајте тие што бараат работа преку огласи, огласите се легитимен начин фирма да си најде вработени и не се сите огласи фејк. Немаат сите желба и амбиција да работат во администрација и во банка, и огласите се одличен начин да откриеш дека има професии и занимања кои не се врзани само за шалтер. Асална работа е опис кој значи различно за сите нас.
     
    Последна измена од модератор: 9 август 2020
    На ForeverYoung му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    7.367
    Пол:
    Женски
    Тргнав да пишувам реферат, ама не можам да се објаснувам. Ќе ти кажам само дека имам диплома од "перспективен" факултет, бев солиден студент, а моментално на убави работни места работат луѓе што не ни успеале да дипломираат, или одвај дипломирале, ама познанства правилни си имаат. Сепак, секој со среќата. Во Македонија сме, знаеме како стојат работите ;)
     
    На SummerGirl, izabela.nik, темјанушка и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.946
    Пол:
    Машки
    Се случуваше во минатото кога немав работа по струка знаеш дека џабе одиш на интервју во тие странски фирми и не им одев едно време да им влегувам во статистика, да кажуваат пред странциве од колку кандидати го одбрале препорачаниот, веќе избраниот кандидат. Збориме за инженерски позиции(не ИТ).

    Тие странски фирми, кога ќе ставиш македонски раководни лица или да бира македонец кој да вработи, ако не се роднини, добиваш вработувања ко невладина другарчиња/познаници/пријателчиња. Ако немаш искуство, а примаат 10 луѓе, шо е препораката, нека е и нефамилијарна ако не врска за да биде елиминиран тој без препорака? И кога ќе заврши огласот гледаш примени колеги дел уште незавршени, дел 7 години студирале.
    Како да добие препорака, некој што само што завршил факултет, кога нема кој да му ја даде? Кога и на 10 огласи да аплицирал пак има некој од негде што се јавил и нема ни шанса да се докаже.

    Единствено признавам тестирање, како што и се вработив, еве ти тест има 30 кандидати запослуваме 10. Па интервју, па еве ти месец дена договор ако се снајдеш продолжуваш

    Препорака признавам, ама да си топ5 студент во генерација па факултетот да те препорача.
     
    На темјанушка, tina2018, Cherry333 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    7.367
    Пол:
    Женски
    И јас зборувам за инженерска позиција. Се сложувам со тебе. Да има легитимно тестирање и влегување на работа со исполнување на некои строги критериуми, океј. Ама колеги што не се ни дипломирани да заземаат инженерски позиции, не е во ред. Се знаеме кои сме и што сме, нека се докажуваат на некој што не им помагал да положат најпрост предмет зошто трупци биле.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.061
    Пол:
    Женски
    @Cherry333
    Сега излегува дека се убедуваме, ама нашето размислување произлегува од нашето различно искуство со вработувањата. Од 15-16 години стаж (мада и малце повеќе) , сигурно десет ги поминав во регрутирање, половина од тоа и во македонски фирми и ми поминале низ раце илјадници кандидати, стотици вработени. Смешно е да кажеш дека се вработени со врски или препораки само затоа што ти ете знаеш како функционираат работите во Македонија. Едноставно тоа што го тврдиш за моето искуство е неточно, значи не може да биде апсолутна вистина. Да повторам, зависи многу од професијата, од тоа што се бара на одредена позиција, едноставно многу работи треба да се поклопат. Во однос на тоа кој каков студент бил, ако е така како што велиш ти, па петки со врски се добиваат и во основно, висок просек не е никаква гаранција дека си или можеш да бидеш и добар вработен. Комплексна е темата. Искрено, од мое лично и професионално искуство, бидејќи технички припаѓам на двете страни, вработена и таа што вработува, ние како луѓе треба малку самокритични да бидеме. Не, не сме најдобри и најпаметни на свет, и некогаш може да постои и објективна причина зошто не не вработиле, на пример дека некој бил подобар од нас. Таков тип соработка и ќеиф за учење од објективно подобрите у наша фирма, од мои колеги меѓу другото, ретко сум среќавала. Значи, не е баш се така црно и бело. Малце оффтопик :)
     
    На Stressed Out, raww и ForeverYoung им се допаѓа ова.