Види, јас сум релативно млада. Се сложувам дека не е сѐ црно бело и јас зборувам за моето досегашно искуство. За воља на вистината, јас веднаш по дипломирање се вработив и не лутав по интервјуа многу. После се омажив и моментално сум на породилно, па немав време за размислување на тема вработување многу. Јас завршив на технички факултет кој бара практично знаење и горе доле знам кој од колегите колку е квалитетен. Едноставно такво ми беше студирањето, не беше само бубање и полагање во амфитеатар. И се сложувам за просеците, никогаш не сум ни бркала просек, ниту пак мислам дека најквалитетни колеги биле тие со висок просек. Но, брзо по завршување на студиите, кога гледав кој како се снаоѓа, испадна дека тие што имаат некој познат во големите фирми, странски инвестиции, магично се вработуваа таму. Другите менуваа работни места, секој бара подобро за себе. Но без ич искуство да влезеш во таква фирма, нешто тука смрди. Недипломирани колеги се инженери во захтевни индустрии, како? Да го видиш огласот, изгледа како да бараат кандидат за наса, а не презапишувач на основни технички предмети. Пак ќе кажам, јас сум самокритична. И трудољубива. И знам дека ќе најдам работа каква што заслужувам, порано или подоцна. Само некои го добиваат тоа без вложен труд и потребните квалификации. Но, секој со среќата.
Секако не мислев да кажам дека не си самокритична и трудољубива, да не се разбереме погрешно Многу е битно да не се влечат заклучоци само од една победа или едно разочарување, баш затоа што знам дека животот е полн со изненадувања. Јас лично, во овие петнаесетина години кариера, имам пратено илјадници биографии, а упалиле десетина од нив. Сите мора да се потрудат ако сакаме да се менуваат на подобро работите.
Ние што немаме ни врски ни препораки, што чекаме веќе 3 години да се вработиме, а знаеме англиски и имаме завршено факс и курсеви, што да правиме?
Не знам дали е иронично прашањето ама ќе ти одговорам. Што чекаш или уште подобро што чекате? Писмена покана дома? Ќе отвориш огласи, Кариера, Вработување и слични и ќе пратиш цв на сите огласи што ќе ги видиш. Еден ќе упали. Додека ти седиш три години дома, некој работи, било каква работа па макар и надвор од струка (за плата ич нема да коментирам) и така полека си ја отвара вратата кон познанства и препораки. А ако толку не може во Македонија, тогаш ќе одиш на ворк и травел, ќе аплицираш за Евс волонтерство, ќе работиш во Мекдоналдс во Њемачка. Нема што да чекаш пошто тоа што го чекаш нема само да дојде.
Еве цело време сум по огласи, дури две работи си најдов надвор струката ама пропаднаа, една од фирмите дури и се затвори. Не знам на колку интевјуа бев до сега, дури и полагања поминував и пак ништо. Пробав и партиски, пробав и со препораки и со врски, ништо не успева... најдобро човек да си оди од оваа држава
Ако знаеш англиски, еве деновиве гледв баш неколку кои бараа познавање од јазик, Slice, OneContact, Causal Capital, godo.is, Cognism. Побарај ги на кариера и на вработување. Нешто мора да упали, ама не смееш да чекаш. Некој на твое место чуда ќе направи за тие три години и секако пак ќе биде пред тебе. И да повторам, ама да не излезе дека се фалам или дека сум ја испила целата мудрост на овој свет, затоа што намерата е да си помогнеме а не да се надмудруваме, од илјадници биографии (ама озбилно илјадници) ми упалиле десетина. Направи математика. Нема откажување.
Работата е и среќа, душо. Κолκу и да се заслужи неκоја убава работа, неκој друг ќе му ја земе, затоа што има повеќе среќа или е партисκи определен. Што аκо првиот има и стручна или општа спрема или фаκултетсκи е наобразуван. Понеκогаш фаκторот среќа има поголемо значење од се останато без разлиκа дали е заслуга, труд или вредна работа. Гревота е ама, ете таκво ни е општеството, душо. Ти посаκувам многу среќа понтаму. Поздрав.
Партиската определба во приватен сектор не игра никаква улога, ама буквално никој не се замара дали вработениот е сдсм, вмро или дуи. Приватњакот го интересира колку пари ќе придонесеш за фирмата.
Имам многу пријатели вработени во фабриките, ни еден не се замара со политика. Но, сигурно има и симпатизери и со книшка, која со сигурност не ти ја бараат за вработување, така да истата е и непотребна. Го заболе некој менаџер или директор од Германија или друга земја дали вработениот е партиски определен. Не ширете невистини.
Бев на разговор во Икона. Интервјуто ради-реда да помине. Ми кажаа од вторник ќе дојдеш, прво три дена пробно па после почнуваш, за на крај да излезе дека ако смета некоја колешка нејзина да ме викнат, ќе ме викнат. Барем уште на интервјуто да ми кажеа дека не се знае дали ќе ме викнат пак.
А неколку огласи гледам во последниве месеци кај нив, не знаев дека е таква работата. Да пробаш во Три и евентуално во Литература.мк, други книжарници искрено не сум видела низ огласиве. Младинска книга знам дека бараа за во кол-центарот за продажба, ама не сум чула некој да се пофалил од нив. Ако знаеш англиски, пробај во фирмине погоре што ги спомнав, а видов и скоро дека Лајкамобајл исто имаа оглас за корисничка поддршка. Толку можам да бидам од помош.
Одлично знам англиски. За другите две кножари не сум видела оглас. Во Лајкамобајл пратив CV, ама ништо... Сепак, ти благодарам многу
Во зоната можам да ти набројам 4 фирми каде што ако те нема на партиски список нема шанси да се вработи човек. Е сега што во тие фирми има и места каде може да се влезе и преку оглас, ама обично се работи за работно место кое почесто се празни.
Дали кога пуштате апликација за работа т.е cv на мејл им пишувате нешто во мејлот освен пријавата за работната позиција во насловот или директно го праќате cv то?
Јас да се потепам да одговорам Секогаш правете како што е наведено во огласот (некаде е наведено како да се аплицира, некаде не), ако не е наведено, тогаш најпаметно е цв а во сабџект да ставиш позиција_име за да можат од хр секогаш да го имаат твојот мејл под око (на пример Техничка секретарка_Стојна Стојновска).